Seanik исто го користев предобар јас имам мрсна коса ама овај баш ми се погоди бидејќи тие за мрсна ми ја сушат косата а овај не ја сушеше и ја правеше и мека и имав волумен. Се на се од цврстите шампони Seanik најмногу мене ми се погоди од цврстите шампони Да twilight мене скрос исто ми мирисаше како sleepy само го зедов спрејчето бидејќи барав нешто што ќе мириса како sleepy и ќе биде најисплатлива варијанта а лосионот не се исплаќаше толку многу бидејќи беше скапичок а не беше нешто големо паковањето а вака спрејчето ми траеше багји време..
Го пробал некој Godiva, шампон и регенератор е во едно? Видов го донеле и кај нас. А ги покачиле и цените на шампоните, овој е 695, а другите на 650. Сигурно и другиве продукти ги поскапеле, а не дека веќе не им беа у вис цените.
Имам забележано дека секоја година покачуваат цени на сите производи, оваа година сигурно може и дупло, барем кај мене во Грција го имам забележано ова. А со тоа не се исплати да купуваш некои нивни производи особено зошто се со пократок рок
Rub rub rub skrabot od lush e predobar piling i ne mi iskacaat podkozni od koga pocnav da go koristam
Си направив една порачка од Lush , колку порано често ги користев нивните производи, решив пак да им се вратам Ги порачав спрејот за тело Let the good times roll пред некое време прашував за него а и на грчката страна читам мнооогу позитивни коментари па решив да го пробам. Scrubee пчелката пилингот за тело и кремата за лице Enzymion ги имам и порано користено, првично го барав пилингот во вид на срце ама го немаат веќе најверојатно ама и овој ми беше супер , по него не е потребен лосион за тело. Кремата за лице ми е при крај , па решив пак да ја земам , лесна, одлична за масна кожа, ја обожавав. Земав еден чистач плус маска 2во1 е, bright&beautiful , има 10% витамин ц , нов им е и решив да го земам. Ваљда добар ќе е Мене ме интересира дали некој ова го има пробано, спф крема е https://www.lush.com.mk/Kremi-Masla-Lice?product_id=1101 @piglet1 да не ја имаш пробано? Дајте да ја активираме пак темата
@koritsaki Сега имаат нова колекција, соработка со Barbie, имаат и со Sponge Bob ама оваа ми има поинтересни работи. Овие два продукти најмногу ми привлекоа внимание, ама имаат и тврд балзам за тело, пилинг за тело, бомба за во када, имаат и четка за коса, и сапуни за тело само не знам дали тие го донеле кај нас. Шампонов фактички е пигментиран, и доколку го оставиш подолго на коса ти ја бои розева. Најубаво успева на плава коса, ама можно е и на смеѓа, а тие што имаат темна коса им дава само розев отсјај. Гледав review од една девојка, ептен убава розева боја остава, и паѓа по две миења. Оваа сакам да ја пробам зошто видов дека многу лесно се топи меѓу прсти и убаво се размачкува на лице, and a little goes a long way. Вака ок состојки има, а и читав по нет доста им ги фалат желе маските и им викаат да ги вратат во продажба. Балзамот и пилингот не се исплатат за купување, зошто балзамот е само 100гр, а таквите работи од Lush во допир со кожа одма се топат и ќе се потроши после 2 пати ставање. Пилингот исто е 125гр и е некоја чудна конзистенција, sticky e, како пластелин и не верувам дека би завршил убава работа. Јас уште чекам некој за Godiva да ми каже. @MayDiamonds За кремот, мене еднаш ми го пратија како тестерче со нарачка, искрено не ми се свиѓаше баш мирисот, чуден ми беше, како на банана ама не е баш банана, помешано со некој друг тежок мирис. За хидратација беше ок, ама не нешто да паднеш у несвест, мислам дека путерите и лосионите за тело од Алверде и Балеа што се движат макс од 100-200 денари а се до кај 500мл, се супер хидратантни и поисплатливи. Е сега, ако сакаш конкретно од Lush, Dream Cream ми се свиѓаше мене, и убаво хидрираше. Јас често читам и ревјуа на нивните UK и US страни, баш убави и детални рејтинзи оставаат.
@blueeparadise Да, баш ги разгледував овие две колекции , од Барби сакав да ја земам маската за лице ама се премислив па го земав чистачот што го пишав погоре , дека и тој им е нов па сакав да го пробам плус маска е. Желе маските ги имам пробано во 2018 година кога и излегоa во продажба , две имав пробано од редовните што беа во продажба и една од зимската лимитидирана едиција Рудолф , таа никогаш не ја заборавам, беше чоколадна пудинг маска , нешто неверојатно.. Добри им беа желе маските и не знам зошто ги повлекоа.. Шампонот е интересен , ако се решам може да го испробам на мојава коса и така ми е бланширана, сигурно ќе се офарба За кои балзам и пилинг зборуваш? За тврдите балзами за тело ли? Јас shimmy shimmy го имав и со месеци го користев, многу убав беше оставаше и некои светки, го нема за жал во продажба. За бслзамите треба да се внимава каде да се чуваат особено од топло место треба да се избегнува, инаку немаат гајле
@koritsaki Конкретно за балзамот и пилингот од Barbie колекцијата зборував. Еве за кои мислев: Што знам, многу мала количина е 100гр за цело тело, зошто имав едно слично такво од Lush, не знам дали беше балзам, путер, или од оние плочките за масажа, како во форма на меченце беше, и буквално после 2 пати ставање ми се потроши, веќе третиот пат изгуби форма и почна да се крши и рони на мали парчиња и толку му беше. Желе маските ко да ги памтам и јас, нели имаа некоја Fomo како зајче беше? Или грешка сум нешто И наеднаш ги снема, баш кога сакав да ги пробам. Ај, затоа сега оваа од Barbie ќе ја земам. Само мислам дека кај нас не ги носат целосните колекции ко во странство... само по неколку производи.
Ги споредувам двете страни баш, грчката и македонската, истите работи ги има и тука и таму , сега не знам за разлика од Англија како е. Да , за желе маските ја имав таа Фомо, супер беа, сите. Ако ја земеш баш ќе ми кажеш дали е добра Од нивните маски што стандард ги имаат секогаш од Cup of coffee и Mask og magnaminty сум презадоволна.
Во пакетот ми го ставија тестерчето од кремата за која што прашуваш Нема никаков мирис, лесна крема е веднаш се впива. Само се чудам како воопшто нема мирис некаков , а има состојки како банана , ванила и др..
Фала ти на одговорот Се премислив бидејќи има мирис на банана не сум баш некој фан искрено Буричкав по тестерите да не ја ја имам добиено но ете досега не ми ја пратиле, ама ја најдов Pansy и ептен ми се допадна се одлучив да ја земам неа.. Има баш силен мирис на билки и нешто свежо, мава малку на машки мирис ама откако ќе се упие мириса нежно некако елегантно.. Мислам дека ќе одговара супер со гурмански парфеми што имаат ванила, лаванда, сандалово дрво..
@koritsaki Јас не издржав, ги купив и шампонот и маската. Шампонот мириса на Snow Fairy линијата, можеби за нијанса има нешто поразлично, и за мене поубаво пошто не го сакам баш тој мирис. Јас го оставив на мокра коса 15 минути, ама мене не ми ја офарба воопшто, дури ни отсјај нема. Ќе пробам и на сува коса, па ќе видиме дали ќе сака така. Косата ја прави убава, мека, и дава малку волумен, јас имам кратка коса и ми ја крева нагоре, сама ми се направи фризурата. Желе маската мириса малку на блгарска роза, ама малку, не е до толку изразит мирисот. За мене доволно беше два пати да кршнам за цело лице и врат, лесно се размачкува и се мие отпосле со топла вода. Кожата после ми беше мека и хидрирана, ама пак си бара крема нормално. Како тестерчиња ми дадоа од Magic Crystals и Rub Rub Rub пилинзите, го пробав Magic Crystals, мириса на нешто свежо, како мастика од пеперминт, нешто хербално, не знам и заголицува откако ќе се истриеш и го измиеш, ја освежува и разладува кожата. Само што мене повеќе ми беше како сапун отколку ко пилинг, солта одма се стопува и воопшто не гребе. Rub rub rub не го пробав уште, малку чудно ми мириса, како на море, сол, лимон.. ама и на некое средство за во вц. Ама и тој по текстурата ми изгледа дека ќе биде како првиот. Така што, има ли некој друг да ми препорачате што гребе убаво, за поткожни влакна?
@blueeparadise супер штом дава волумен шампонот мислам би ми се допаднал вака како што го опиша. Magic crystals и мене мн пати ми го дале како тестер, баш свежо мириса ама да не гребе воопшто одма се топи. Пробај го др пат овој пилинг , јас го имам купувано за лице, од морска сол е направен и не се топи. Може и за лице и за тело да се користи https://www.lush.com.mk/Ocean-Salt-Пилинг-за-лице-и-тело Јас да ви кажам за спрејот за тело Let the good times roll , значииии нешто неверојатно е , мирисаш цел ден а ако прснеш на облека мириса додека не се испере. Секој ден ме прашуваат што мириса на шеќерна волна. Неверојатни мириси имаат Лаш. Се имам заљубено сега сакам Twilight да го пробам. Дали е траен како другиве? Го пробав и чистачот за лице со 10% витамин Ц- Bright snd beautiful. Како мирис- не ми се допадна. Ама убаво го чисти лицето , како нежен пилинг е. И на висока позиција е витаминот Ц
Те читам овие денови @koritsaki за спрејот што мириса на шеќерна волна и конечно ме убеди да го порачам, скапичок ама штом велиш дека е многу убав не жалам Ќе ви пишам и јас рецензија кога ќе стигне
200мл е , не се троши брзо а баш треба да внимаваш колку ќе ставиш, навистина е јак ќе кажеш мислење кога ќе ти стигне
Можам да замислам после бањање како би мирисало на чиста кожа Ептен сум љубител на све што мириса така како на шеќер, благо И на алиштата секако ќе прскам штом мириса толку убаво, можеби ако видат дека ептен му се троши ќе направат и омекнувач?
Исто и јас обожавам слатки мириси. И snow fairy ми беше убав ама овој е баш и мн траен. Сакав да прашам дали уште важи тоа ако вратиш 5 празни кутивчиња, добиваш попуст? Дали ги донесоа свежите маски за лице? Зошто порано ги немаше да се купат во Македонија