Јас го имам пробано honey I washed the kids. На почетокот многу убаво ми мирисаше, ама некако отпосле почна како на ракија да ми мириса, не знам зошто. И мене досега let the good times roll ми e fave.
Стигна honey I washed the kids @koritsaki , и како што очекував многу убаво мириса, буквално како медено колаче и мед. Од почеток не го сетив многу ама си прснав еднаш и се симнав во двор а во меѓу време маж ми да влези дома и ме прашува какво благце печам што мириса толку убаво, цела куќа буквално Е сега незнам после некое време дали ќе мириса на ракија како што рече членката, ама и тоа ќе ти кажам Овој е малку понежен од let the good times roll , и штом веднаш добив комплименти има нешто
Супер, ќе го имам во предвид Јас наредно twilight ќе го земам, let the good times roll бидејќи и ќерка ми се прска веќе до пола е па ќе земам друг да прскам наизменично Ти пратиле тестерче од лосионот за тело од snow fairy, и јас го имам во тестер мнооогу е убаво. Се мислам дали и крема за тело да земам sleepy или snow fairy, првата ќе одговара ептен со twilight
@koritsaki @QweenSM стигна спрејчето. Убаво е, слатко мириса, малце ме потсетува и на лосионот за тело од кокос од Yves Rocher. И мене ми пратиле 4 тестери, меѓу кои и чистачот за лице со истиот мирис. И како се користи? Само се нанесува или и вода се става, дека е малку тврда содржината, не е кремаст? А во картонската кутија нели има едни како топчиња па и тие мирисаат убаво, парфемирано.
Со здравје да си го користиш , мило ми е што те бендисува За чистачот незнам и јас сум нова околу Лаш козметиката, тоа ќе ни го каже @koritsaki оти и јас го имам истото прашање Yog Nog и тебе ти го пратиле тестерчето, прекрасно е цело светкаво, само сакам да знам Коритсаки кој гел за туширање ќе ми го препорача? Сакам и такво да порачам следен месец, па може и некој лосион за тело да ми кажиш
И гелот и лосионите и чистачот, абе све убаво мириса. И ја не сум ги користела овие производи, баш интензивен пријатен мирис имаат.
@Mrs. right Со здравје да си го користиш и чистачот го имам , се става ептен малку вода и се прави како паста, па се мие лицето/телото. @QweenSM yog nog го имам од геловите за туширање, се мислев тоа од 500мл да го земам ама на крај од 100 го земав , ќе ми се здосади на крај знам мириса цела бања прекрасно е , ама светките не остануваат на телото друго што сум го користела е sleepy , snow fairy, happy hippi ,овој е цитрусен , освежителен повеќе ми е за лето Sleepy ми е по за есен/зима кој и да избереш нема да згрешиш, маана единствена што се доста скапи единствено сапуните што траат повеќе и се поевтини
Фала ти @koritsaki. А од ова минијатурново тестерче, од прилика колку пати може да се стаи или само за една употреба е? Мене од тестериве што ги стаиле, лосионот за тело Biomic ми е подобар, барем на мирис отколку Sympathy for the skin. Скапички се да, и лосионите и геловите. Само што интензивен мирис ќе имаа бре и кутиите мирисаат како коа ќе поминеш покрај нивниот штанд. Ја сум поминувала ама ете не сум се решила да ги разгледам таму на лице место, онлајн само на страната сум ги манијачела и претходно и глеам скапи па затоа до сеа не се решив.
@Mrs. right ништо Па 1-2 употреби ако е до горе полно мн е убаво, воедно и некој пилинг прави, пишува дека е за сува кожа ама јас имам мрсна и супер ми е Biomic не сум го пробала, како мириса? Sympathy for the skin мене на ништо не ми мириса , како да нема мирис. Dream cream исто го имам купувано повеќе за ќерка ми кога беше бебе имаше атопичен дерматитис и правеше чуда на кожата, за 10 дена имаше се исчезнато. Да не го заборавам и once upon a time , мириса на зелени јаболка мноооогу убаво мириса , еднаш на тестер ми го дадоа, ама мене лично слатките мириси ми се допаѓаат повеќе Да , се мириса интензивно , убаво , маана имаат некои производи што имаат пократок рок. Ама општо поголемите пакувања се поисплатливи секогаш не само кога станува збор за Лаш
Па не е до горе полно, малце стаиле од него, за разлика од другиве кои се солидно полни. Ама ај ќе штедам па на 2 пати ќе стаам. Ова да го изедеш ти иде. Спрејот тој мирис нели го има ама мааалце ко да двои чистачот, ко да не е 100% ист, или пак дека различен состав се и друга текстура има па така ми се чини. Како и да мирисот убав им е. Јако ама не нападно туку баш софистицирано. Не можам конкретно на што мириса да утврдам, мешавина е од поише ароми, ко да има мирис на бадеми, лешници така нешо па малце и цимет ко да осеќам. Даа, ептен неутрален мирис, има некој мирис не дека нема ама нежен многу, невпечатлив.
@Mrs. right да , има некоја мала разлика, спрејот на почетокот ми мириса кога ќе се прснам како чистачот, ама потоа како поминува времето како на благо некое мириса, карамелесто. Чистачот повеќе ми мириса на пуканки Кога сме кај чистачиве, од Лаш имаа секоја година еден чистач buche de noel , лимитидиран беше зимски период го имаше,и штета што годинава го нема. Имаше суво грозје, мед, бадеми внатре. Убавина. Нареднава недела twilight го земам мирисот и обавезно ќе пишам каков е
На благо ептен мириса, на пуканки не баш ко чистачот, карамелата доминира највише да, мене ете и на кокос ми удира па и на ванила, а има и уште еден мирис се осеќа малце така поостар на почетокот ама не знам што е, не ментол ама така нешо па после се губи тој мирис и останува слаткиот. А пред некој ден ја прочитав целава тема и сте спомнале за некој крем ли за лице, лосион или шо и да беше со чоколадо ама го нема изглеа. Е тоа сигурно највише би ми се свиѓало. Twilight ко што запамтив на лаванда мириса, не сум баш по цветни мириси ама лавандата нели демек опушта и релаксира, сигурно добар е и тој. Тој поише може за пролет - лето ќе одговара. Извини што вака те спамам ама првпат ги пробувам па радости живи сум, коа се работи за мириси поготово. Сеа нова опсесија си иам.
@Mrs. right затоа постои темата , и мене Лаш ми се голема опсесија со години. Маска за лице од чоколадо , ништо слично такво немам пробано до сега, мирисаше на пудинг од чоколадо. За жал и тоа беше од зимската колекција што годинава ја нема
Имаше и една друга маска од чоколадо, не беше оваа, ама заборавив како се вика. Памтам пред некоја година ја купив и ми рекоа во фриждер да ја чувам и после ја заборавив, дека во фриждер и ѝ помина рокот.
Дали вредат за цените што ги имаат? Гледам имаш искуство со нивните производи. Во ист гејт ги гледав изложени на штандот нивен, ама некако цените многу високи за наш македонски стандард... Во странство како да сум слушнала дека се поевтини, може и сум грешка. Гледам и онлајн ги порачувате, има нешто попуст или разлика ако се порача онлајн?
Во Мк се најевтини според мене. Европа исто така не се лоши цените, ама кај нас се најевтини мислам, еве од тоа што сум направила споредба барем. Искрено, мене ми се допаѓаат нивните прозиводи.
@piglet1 да, за свежите маски збориш, оваа јас што ја користев не требаше да седи во фрижидер. Тие свежите ги немам користено, а онлајн не ги испраќаат зошто се расипуваат. @marsilia да, имам долгогодишно искуство , според мене вредат за цената , имаат убави состојки Последните години имаат поскапено доста, не само во Македонија, секаде. Јас во Грција живеам и тука ги купувам и ги имаат доста поскапено. А цените се слични како и во Мк, нема некоја голема разлика. Цените се исти и онлајн и на нивните штандови.
Lush кога имаат поголеми попусти и кои производи обично ги намалуваат? Пример, дали ги намалуваат колекцииве Lord of Misrule, Snow Fairy итн? Ме интересира парфемот Lord of Misrule дали би го намалиле, и нешто од Barbie колекцијава.
Не знам за попустите, за Lord of Misrule да си кажам дојдов. Леле путер за тело нарачав, ми пратиле гелче тестер. Ај вечерта се истуширав со него, па се "масирав" со путерот. Дооо следниот ден вечерта кога влегов да се туширам мирисот траеше. Цел ден си се душкав Исто дојдов да пофалам, Аромако. Мислам дека нема да посегнам по друг антиперспирант. Недела дена го користам и сум ептен задоволна.