Чекај, за Lord of Misrule massage bar збориш? Знам дека немаат баш путер, путер за тело таков, ко опседната сум, сите продукти на памет им ги знам. Се мислев еднаш да го земам, ама мала е плочката некако, и знам дека ќе ја потрошам на две ставања. А гелот за туширање и јас го добив еднаш како тестер, прекрасно мириса, и јас цел ден мирисав после од него. Ама многу им се скапи производите и не ми се даваат бе 600 денари за 100гр гел за туширање, логика ми нема...
@blueeparadise го имаш мириснато спрејот, убав е? Мирисал на шеќерна волна. Или пак @koritsaki можеби го имаше? Ако да, поубав е од Let the good times roll или не? Спојлер Ама премногу е 2000 за спреј, зашо 500 ден. дури разлика им е, дека е лимитирана колекција ли? И ја чекам попуст на ова, ако им текне некад. Не сум опседната толку со другиве работи ама со спрејовите ептен, сакам сите да ги пробам.
Јас го имам пробано гелот за туширање само. Убав е, благ мирис и светкав. Мириса на шеќерна волна и малку на ванила. Мене let the good times roll ми е дефинитивно поубав и потраен.
Јас еднаш користев Snow Fairy гел за туширање, имам и lip jelly таков, а и мислам дека Barbie шампонот е со тој мирис. Иначе не знам, мене ми мириса на нешто слатко, ама sickening такво, вештачко и мирисот најмногу ме потсеќа на bubblegum. А спрејот го немам мириснато, ама претпоставувам дека слично мириса.
@Mrs. right Да го имав порано спрејот, мене ми мирисаше на цреши и ваниласто така, прво на bubblegum а како поминуваше времето на цреши. Ама не е толку траен, барем за мене. Кога би избрала помеѓу двата, секако Let the good times roll ми е најдобар. Инаку од snow fairy пилингот , гелот за туширање сум ги користела, тие повеќе ми мирисаа на bubblegum отколку спрејот. И ова го имав купено Пудра за тело е со светки, ама јас и како сув шампон за косата го користев Морам да додадам дека кремата за тело е предобра, ми ја дадоа како тестер а се мислам да ја купам @piglet1 или некој друг од форумов, дали можеби сте го користеле Vanillary парфемот? @blueeparadise има путер за тело од Lord of misrule, еве го
Кажете искуство со лабелата на Лаш? мирис, текстура, хидратација, како заладува времето ми треба некое по мрсно за пред спиење.
Имаат неколку, јас овој го имам пробано https://www.lush.com.mk/Honey-Trap-Балзам-за-усни Поточно балзам е, погуст е, овој мирисаше медасто , слатко. Одличен е за хидратација инаку Јас candy cane сакам да го пробам
Да,да на него мислев. Тој што го постирала @koritsaki .Споро се троши, јес да после секое туширање не редам, 2 пати неделно го користам него, измеѓу си користам обично млеко за тело, жал ми е да се шлапам секој ден со него
Јас, одличен е, мириса прекрасно, слатко, има некои мн ситни светки во него. Инаку не е густ , веднаш се впива, не ја масти кожата.
Пак направив порачка , Lust и Vanillary парфемите и Аромако. Аромако стандард, оддамна го немам земено, нема нешто подобро за под пазуви. Lust го користев пред 3-4 години, идеален зимски парфем ми е траен немам збор. Vanillary го имав во цврста форма ама мене тие парфеми не ми се трајни, сега го земав во течна форма , ќе го пробам па ќе пишам. Еднаш ако се навлечеш на Lush , толку
А Twilight спрејот не го зема? И баш пиши за тој парфемот, ме интересира дали мириса на чиста ванила, обожавам ванила. Стварно чудо е ова Лаш - ов, како те мами.
Не го земав, другиот месец имам роденден па од сега му имам кажано на мм да ми го земе Twilight Ќе ти кажам обавезно Вчера ги порачав денес ми стигнаа
Корицаки, дали ти остава Ласт траги на вратот? Сега скоро го земав и поради бојата како да ми се бои вратот. Не знам дали се фурам
Да , остава Има црвеникава боја пробај кога ќе нанесеш да го размачкаш со рацете. И пази на облека да не прснеш, тој таков е за жал :/
Одличен, јак, кој не е по јаките парфеми не би го препорачала.. Мене многу ми се допаѓа пишува дека содржи карамела, тонка и ванила, јас по би рекла дека ми мириса ванилесто и цветно, карамелата не ја забележувам Сепак продолжувам да добивам комплименти за Let the good times roll секојдневно на работа LUST уште не го отворив ама и тој е јак и цветен баш јасмин мириса (го користев 2020) , здравје кога ќе го потрошам Ванилари. Наскоро ќе го пробам и Twilight и ќе пишам и за него
Да прашам едно глупо прашање, тестери даваат само со он лајн нарачка? Купувам на штанд во Сити мол, никогаш ниту ми дале ниту ми понудиле тестер А баш сакам да пробам и нешто друго вон она што редовно го купувам.
Порано бев ептен голем фан на лаш. Скоро се имам пробано. Со години ги користев. Од времето на корона па наваму ги имам заборавено и не сум земала ништо веќе 5год сигурно. Сега во друга тема прочитав и решив аромако да го земам и ги побарав дома кутивчињата метални што сум ги купувала. И во едно од нив најдов заборавен путер за тело, флеш бек добив од мирисот, го обожавав Проблемот е што на сајтот неможам да го најдам сега, да не е со ново име или паковање? Некоја може ќе се сети на путерот за тело во форма на срце, со некој чоколаден ванилест мирис? И лосионот за тело sleepy дали е уште истиот? Мислам мирис лаванда имаше. Нема поубаво нешто за после туш и легнување во кревет
@koritsaki мислам ти го користиш аромако, па затоа те тагнувам Конечно го купив, парчето ми беше околу 130 гр. (наводно не можело помалку, баш ме интересира ако е некој поупатен да ми потврди за ова) и го исеков 2 два дела, од практични причини. Едниот дел, што ќе го користам, во ставив во зип ќесичка, па во тегличка. Е сега, прашањето ми е за делчето што ми остана за понатака. Го завиткав во стреч поѕирна фолија и во хартиена ќрсичка и го ставив во фрижидер. Дали е тоа океј и што би ми предложила, како да го чувам?