@Avery супер си ги завиткала, а ова парчево што ќе го користиш понатаму и не мораш да го чуваш во фрижидер. Бидејќи не е топло времето нема да се стопи, јас и летно време не го чувам во фрижидер @gemini_moon јас мене не ми се допадна, ја земав црната кна и ми излезе некоја кафена нијанса, а и тешко ми беше за нанесување
Ти благодарам Инаку по твоја, а и по препорака на пола форум го купив и Let the good times roll. Прво одев неколку пати (кога поминував низ некој mall) и го тестирав, ми беше страв дека ќе ми биде тежок, многу сладок и дека ќе ми здосади. Ама не! Буквално секоја секунда од денот сакам да мирисам на него Фала ви!
Праќаат тестери кога онлајн ќе порачаш, без гајле, ќе ти пратат, само зависи колку. Се изненадив што дури 4 ми пратија, а прва нарачка ми беше. За 2 дена, со тоа што викенд беше па затоа, ако си од Ск веројатно и за еден ден би ја добила. Да ја прашаме @koritsaki пошо почесто порачува, дали некад ти пратиле ист тестер, по вторпат да се погоди од ист производ, или секогаш различни праќаат?
@Mrs. right Јас живеам во Грција и од грчкото Лаш порачувам. Јас секогаш кога порачувам им барам тестер од производ што сакам да пробам , и ми праќаат, секогаш околу 4-5
Ми стигна денес спрејот. Лично јас воопшто не сум воодушевена од мирисот, многу е јак и тежок, ме потсеќа на оние мирисите за во кола, во такси обично, и ми се лоши, а само еднаш прснав. Буквално ме гуши. Тестерите уште ги немам пробано. Веројатно ќе го искористам спрејот за во соба или ќе го подарам на некого.
Јак? Требаше може да го мириснеш во моловите пред да го земеш, баш ми е криво искрено. Различни вкусови, очигледно сакаш посвежи ноти, а овој е баш благ гурмански мирис ама ја што нејќам ич јаки ,загушливи, тешки мириси па не ми воопшто овој јак, дури и нежен ми е. Како кажуваа во темава прејак дека е, баш ми е таман ама обожавам гурмански мириси, може затоа. Да беше пример некој цветен, а јак, ќе го фрлев, такви не трпам.
А спрејов каде го прскате? По кожа, тело, алишта? Која му е намената? Или само како тоалетна вода нешто така е?
Жал ми е што имаш такво искуство со спрејов и не ти се допадна.. Требало прво да го пробаш, вака тешко е да си погодиш. И јас така го земав , ама среќа ми се допадна ептен
Сегде, кај сакаш. Спреј за тело е, и на облека може. Ја некад и пред спиење знам да прснам и мириса 2-3 дена, се осеќа. На алишта и текстил нормално повеќе трае отколку на кожа.
Каде сакаш таму Јас повеќе го прскам на облека, дека трае додека не ја испереш па кога ќе го отворам плакарот обожавам да ми мириса на шеќерна волна
Мирисот е убав, ми се допаѓа како мириса, и сите околу мене искоментираа, кој и да ме сретне го пофали, туку мене ми е многу концетриран некако, јак ми е, откако ќе одстои барем саат време, океј ми е. За на алишта е добар.
Ај, дај му шанса, ќе смениш мислење знам. Не е можно на некому да не му се допадне таков мирис. Зависност ствара буквално.
Ве разбирам потполно сите на кои Ви се допаѓа мирисот, ама ете мене не ми е нешто специјално, мирис на благо и тоа е, нема нешто посебно и впечатливо освен што трае и е јак. Сите околу мене исто се ептен воодушевени од мирисот. Мене пример Ескада мирисите ми се нешто посебно. Ќе го задржам секако и ќе го користам, барем трае мирисот на облеката тоа ми се допаѓа.
@Мравојад Јас сама им барам тестери. Ќе си купам нешто и им викам сакам ова, ова и ова да пробам, ќе може ли тестер и ми даваат по 2-3. Еднаш на една нарачка, дури и сапун ми дадоа подарок, а јас плус и тестери побарав, е сеа девојката конкретно изгледа штедеше на тестерите, и пола прсте буквално ми стави во кутивчето, ама обично ми ги препунуваат. Еднаш прашував нешто за таа маската со кафе и реков ај ќе ја земам нареден месец, и девојчето сама ми понуди тестер, и среќа што ја пробав пред да ја купам зошто ми го испогреба лицето, цело црвено ми го направи. Муабетот ми беше слободно да си бараш тестери, зошто продуктите воопшто не им се ефтини, и вака ќе си видиш што ти е погодено, да не фрлаш пари за џабе. @Калатеа Јас имам користено два сапуни од кај нив, едниот со песок за ексфолијација и поткожни влакна јас го земав најмногу, ама мислам дека тој беше 70% песок а 30% сапун, после едно туширање ми се скрши на пола и одма се стопи, веќе второто туширање исчезна скроз. И со другиот сапун истото го приметив, ко од два дела беше направен, едниот како проѕирен и помек, глицерински и 10 џвеќенца што немаат никаква функција, освен да ти го затнат вецето , и тој после 2-3 ставања се стопи скроз. Првиот беше скоро 100гр, а вториот сигурно повеќе, баш тежеше. Скоро се од Лаш брзо се топи, и тврдите шампони, пилинзите, тие путер+пилинг за туширање што им се, сапуните... Буквално од две капки вода да ги допре. Шампоните им ги пазам ептен, и во кутивче одма ги ставам, ама сапуниве не вредат за толку пари а одма ги снемува.
@blueeparadise и мене сапун еднаш ми дадоа на подарок за Lush во Македонија зборам, ама тогаш направив сметка околу 4000 Калатеа , јас овие сапуни им ги имам пробано Првиот и третиот ги нема во продажба , третиот беше од велигденска линија 2018 како што се сеќавам, мене сапуните барем овие што ги имав многу ми се имаа погодено, поготово тој sexy peel , имаше некој пилинг ефект, исто и султана сапунот, внатре имаше некои суви овошја , а мирисаат фантазија се сеќавам дека и долго ми траеја. Ептен тој Honey i washed the kids не ми беше по ќејф, ми ја сушеше кожата некако , ама мирисот беше фин, на мед
Јас ја користам веќе неколку месеци најсветлата кна. Шатирана сум летото и сакав малку да ја одморам косата. Кај што ми е плава ми фаќа golden blonde ili ginger накај blonde.Коренот природно мо е кафеав и му дава сјај и цврстина. Кај што имам по некое бело влакно делува исто како на плавите прамени. Нема долготраен ефект како фарба или бланш ама мене лично ми се допаѓа.