И јас го имам ова уффф како мириса,убавини.Навистина многу убави ги прави усните,меки и мазни :up: Друго немам ништо купено ама морам да купам Во Бг ги гледав пенливите топки,прекрасно мирисаа Сакам да си го купам некое сапунче да пробам. Да не ја сушат кожата?
Роси изгледа не си го погодила вистинското сапунче.Има такви кои се као обични сапунчиња,ама има и кремасти убави,дури и како мрсна ја оставаат кожата. Sultana of soup е таков,Honey I washеd the kids исто е хидрадантен,мада првиот е повише. Sweetheart го немам пробано(тој Тинкербел што го постави),ама како доста кремаст ми изгледаше кога го гледав. Ама кремите за туширање се сон. Тука ја фалеа Ro's Argan и си ја земав сеа скоро,значи не можам да опишам каква ми е кожата после неа! Да не кажувам детали,само ќе кажам дека никогаш кожата поубава не ми била. Прво мирисот не ме привлекуваше многу,на рози дека мириса,ама следниот пат кога ја помирисав поубаво ми се виде поубав,и си ја земав.И колку повише ја мирисам толку повише ми се свиѓа На кожа мириса уште поубаво. А еве Turkish Delight на Волфче не и се свиѓала по мирис,и мене таа па ич не ми се свиѓаше. Иначе се баш креми со кои се мачкаш на цело тело,и оставаш некоја минута да делува па ги измиваш. Нешто као регенератори за коса они ги објаснуваат,само овие се регенератори за кожа . Креми за тело (за мачкање) немам пробано,само масажерите или како и да се викаат.Ниту пак креми за лице. Тврдите шампони траат многууууу долго.Многу подолго од течните. А Лакримоса еве ти линк од сајтот,има цени,види си што те интересира. http://www.lush.com.mk
Денес во 12 часот во Lush ќе има интересна промоција под наслов "Too much sex can be a bad thing".Можете ли да претпоставите за што се работи?
Jас назад прашував за креми за лице,какви се,и ја земав Celestial,направив грешка што веднаш ја порачав да ми ја купат,и сега не ме бендисува,многу е дебела и густа крема,не навлегува во кожата,и сега се мислам што да и правам A бев во Lash и пак си направив дар мар Sugar Scrub Mи се допага што е многу груб,и убаво мириса,но многу се се растопи и изрони додека го користев во тушот,само за 2-3 користења има,мал е Porridge Soap Aх,како мириса убаво овај сапунов,не можам да одлучам кого го сакам повеке soap of sulatana или овај,мириса слатко но не нападно,и ме потсека на ладно утро кога пиеш кафе и јадеш нешто благо,леле ама каков опис направив Mажот ми ми купил трио сапуни,Godmother,Rockstar и honey i washed the kids,но не ми се допагаат,многу јако ми мирисаат што ме тераат на повракање A и овај балсам за усни ме бендиса и го земав,мириса на мед и малку на ментол,и многу убави ги праву усните
убави, се квалитетни, и 100%природни ама цените се прескапи за наши стандарди ретко која девојка/жена може да си дозволи јас лично не сум ги пробала, оти немам сега толку финансии да се расфрлам на козметика
Each Peach...масажер Прв пат ги користам,си купив пред некој ден тука во Софија. Прекрасно е најубаво нешто што досега сум го користела за тело!Мириса на манго илимон,кожата ја прави неверојатна мека,а мирисот трае цел ден. Ниту едно млеко за тело не ми го дало овој ефект. Прездоволна сум! http://www.lush.com.mk/shop/product/pro ... duct_id=86
Aј јас пак да ги пријавам производиве во темава зашто се прекрасни,ова де да дадам рапорт Hе знам дали има поголем лашохолик од мене,секој ден само си одам таму,и не можам да се одлучам што сакам да земам Hазад имав пишувано за шекерниот пилинг дека е супер,но брзо се троши,и тргнав да го земам Buffy зашто гледам Mис го имаше пофалено,но завршив со aqua mirabilis пилингот,кога дојдов дома веднаш го пробав како 2 во 1 е,пилинг и путер,така да кога ке се истуширате немате потреба после тоа да ставате лосион,кожата е премекаа,не можам да верувам колку ми е мека кожата Mи мириса мене на колачина,она кога ке измешаш сите состојки заедно,и јадеш од лажиците на миксерот,ми доагаше да се каснам Hе знам што ми текна да земам желе за туширање,едвај се истуширав со него,многу се лизга и непрактично е а убаво мириса на портокал некако,на малата ке ја бањам со него,барем се радува Grease lightining Bо последно многу почнаа да ми излегуваат акни,читав за ова и видов дека многу го фалат па го земав,не работи брзо,не ги гори одма акните,но полека,полека се повлекуваат и тоа ми се допага,а другите гелови или серуми ги горат веднаш и потоа остануваат лузнички,а има и убав мирис Mорам пак да им го пофалам тврдиот шампон Karma Komba,прекрасен е и преубава ја прави косата,го препорачувам Lovley Jubblies Kрем за затегнување на градите и други места Mе интересира ако некоја го има користено,вистина затегнува? го земав денес и него,па ме интересира како работи?
http://mk.lush.eu/shop/product/product/ ... ugar-scrub гледам ова е 250 ден. Една топка е 250 ден. така?Ми треба за поклон за една другарка па да се информирам
Кога ќе се сетам колку време чекав да дојде овој шампон тука кај нас. Секој ден одев да проверам дали го имаат донесено :Р И мислам дека прва им го купав Инаку добар е , некогаш кога ми е мрсна косата и немам време , ќе ставам до ова и завршена работа. Само ако имаш темна коса ќе ти остава бело!
Mе немаше подолго време на темава Cе вратив да ги покудам овие прозиводи Rub Rub Rub Значи овај пилингов колку е непрактичен,фала богу земав во помало пакување и ми се потроши Прво долу на дното од пакувањето има сол,а нагоре е вода,и пред да го употребиш,мораш да го измешаш со прстот,тоа не ми се сметаше толку,но кога ке го измешаш толку е водест,како вода е И додека го нанесиш,ке ти се истури на секаде,плус што има еден мирис на ефтин машки парфем,туф туф Jас не знам кога го пробав во Lush,кај ми бил носот,изгледа останал кај сапуните Tака да не би го купила пак Whoosh Shower Jelly Oва убаво е,ја прави убава кожата,убаво мириса,но многу е непрактично за употреба,ај го земаш в раце ти се лизга и паѓа,но повеке ме иритира што се рони на парчиња и не можеш да нанесеш убаво,читам назад и Ливинг имала такво искуство со желето,не би го купила пак Пофалби за кремите за туширање,ја земав и Ro's Argan,назад имав напишано дека не ја сакам Turkish Delight,но по некое време се навикнав на мирисот,и сега не можам да се одлучам која ја сакам повеке,преубави се и ја прават премека кожата
Кога ќе ми текне на Lush не можам а да не помислам прво на : Honey I Washed Soap Прекрасен сапун со прекрасен мирис , после секое капење станот разлева со овој мирис.Го обожавам.Абе да го грабнеш да го џвакнеш Sakura шумлива топка со мимоза и јасмин , мириса на пролееет . Плус дава убава ,шаренка боја . Cherry Tree Lane сапун.И тој е прекрасен , нежен мирис на цреша.Ммммм и оваа купка ја имам дома за жал немам сега услови каде да ја искористам а мирисот на ванила и путер и тоа како мамат .Цел плакар ми мириса
Ќе ги славам, споменик ќе им издигнам, жими се. Пред неколку недели имаше како презентација на маски, чистачи и други чуда за лице. Прва работа, персоналот го обожавам. Абе се ќе ти објаснат, покажат, ќе те посоветуваат. Јас имам комбинирана/мрсна кожа и девојката ми даде тестерче од овој чистач 4 буквално зрнца ми трае цела недела и ми го светнаа лице како ништо. Ни бубуличка немам, не ми сјае, а не ми ја суши кожата како други производи. Си се вратив да си купам уште. 100 грама е 400 денари мислам ама трае бре, едно парченце цела недела го користам. Најчесто само навечер го користам и тоа додека се туширам, сабајле зависи од расположение. Ама пре, пре, пре задоволна сум, не си го менувам за ништо. Многу ме бендиса и маскава, ама не сум сега при пари но има надеж. Е сега бидејќи ми беше роденден скоро, другачките ми купиле неколку ситници од лаш. пилингов сум го имала и порано, ама некако многу брзо се троши. Стварно убава ја прави кожата, ама искрено не ми се даваат толку пари за пилинг. Во пакетчето си добив и тврд парфем , баш овој и исто така ми се погоди. Свеж е, баш летен, не се става многу а мирисот трае по цел ден. И да, кога ги тестирав работите се заљубив во пилинзите за уста. Леле, вкусот, мирисот, чувството кога си ја подлижнуваш устата сон,ама троа скапички. Ако сака некој да ме части прифаќам
Многу ги сакам производите на Lush, стварно е штета што имаат посолени цени иначе би си купувала постојано од таму. Исто, огромен плус за персоналот таму, пољубезни продавачи ,спремни да ти покажат и објаснат се никаде на друго место во Скопје немам сретнато. Пред некое време го земав The Godmother сапунот. Има преубав мирис. Цел стан мирисаше од него после туширање. Прво бев скептик и мислев дека ќе ми ја суши кожата,ама не е така. Содржи некое масло од репка и е фантастичен. Го купив и путерот за тело Soft Coeur ( меко срце). Преубав е , ја омекнува кожата. Внатре содржи мед и парчиња чоколадо. Многу сензуален и убав мирис има. И штета е сам да го користиш. Само што многу брзо се троши.
Ајде и јас одамна не сум пишала на темава Преубав гел! Го купив за на одмор, досега го имам користено неколку пати, мириса исто како Honey I Washed The Kids сапунот, а освем тоа многу е долготраен на кожата. Ја купив ''пудрава'' бидејќи барав пудра која не содржи жива, и само оваа ја најдов, навистина е преубава но само ако имате чисто лице бидејќи ништо не покрива. Овој шампон заедно со American Cream регенераторот е најдоброто нешто што и' се случило на мојава коса Најдобрата подлога за пудра која ја имам пробано. Кога бев последниот пат, дечкото кој работи во Лаш ми даде примерок за мене од оваа крема, а на мајка ми од Gorgeous, јас бев презадоволна и одма ја купив, а на мајка ми не и' се даваат толку пари за обична подлога Кога го купив овој путер, барав нешто што ќе ја омекне кожата и навлажни бидејќи ми е премногу сува, вработените во Лаш ја испофалија и ми кажаа дека нема да ми треба лосион после путеров и го земав И во право беа, од туш излегувам со најмеката кожа на светов. Единствена лоша страна е што многу брзо се троши. Следни на листата - Sympathy For The Skin и Ocean Salt, па ако некој ги има пробано нека сподели искуства
Ги има некој прoбано од новите работи што ги имаат донесено,сјајевите,сенките,маскарата и тие креми за лице што беа? A гледам имале и тушеви за очи Aј ако ги има пробано некој,нека каже какви се,добри ли се? Знам дека досадувам за овие лавли џаблис,но морам пак и пак да го пофалам кремот,сега го почнав второто пакување и можам да кажам дека градите ми се позатегнати и поцврсти,до сега најдобар нивни производ :up: A овде кај нас не можам да го најдам овај гелот за туширање сноу фери,го немаат и го земав флаинг фокс и на тестер кога го мириснав ми мирисаше на мед,ама дома кога е избањав одвратно мириса на некакви цвекиња и на мажулево му велам можеш и ти да се тушираш со овај и кога се врати ми вели онај гелот мириса на лош здив,одвратен е,пак уште сексипилен бил
Си купив сега SUNNY SIDE и едвај чекам да го искористам и си добив поклонче дава малку потемна чудна боја на усните ама затоа преубаво мисриса, на секој две минутки си ставам
И јас исто многу ке ги пофалам производите на Лаш..ги користам маскарата,пудрата(не мириса убаво ама добра е), -ова путерчето си го добив ко поклон за роденден од вработените во Лаш...мн убаво мириса,жал ми е да го трошам исто го имам сапунот биг блу- прекрасно мириса...крема за лице...пудра во прав...дарк јелоу пудрата(потрошена ми е),и денес си го купив дрти гелот за туширање.Бтв се заљубив во дрти парфемот ...секој ден им ги трошам тестерите е сеа стварно не ми се допаѓа тоа шо многу ги покачија цените ама сепак има попуст на некои производи...И да вработените се супер секако