Ме изнасмеа Инаку, кога сме кај спрејчињата гледам дека како best seller му е и Dirty. Го има некој пробано? Јас го имам спрејчето honey I washed the kids, јак мирис има, како на штотуку испечени колачиња, ама ете кога го ставам само чекам да имам коментари, ама нема така како за другиот. Има уствари не дека нема ич, ама не е како за let the good times roll, за тој луѓе од далеку ме застанувале да ме прашаат од каде ми е купен. На работа ме викаат шеќерна волна
@QweenSM @DaisyDream Денес планирав и да ви пишам Значи, кога ќе прснеш, мириса јако на лаванда, потоа кога ќе помине време мириса на лаванда и на нешто друго , цветно ли , не можам никако да објаснам што ми мириса. Коментари до сега ми имаат дадено свекрва ми и мм Во петокот ставив пак од let the good times roll и одма со коментари што мириса така на благо и сл.. Заклучок, и twilight мириса убаво , посебен мирис , по нежен е, ама е нешто помалку траен од let the good times roll
Девојки дојдов да Ви пишам денес за King of skin путерот за тело за туширање и Honey I washed the kids сапунот за тело. Комбинација создадена во рајот... сапунот мириса преубаво,ми ја прави кожата премека и премазна. А за путерот,тоа е нешто најубаво што го имам ставено на моево тело. Мазна ми е кожата,мека,хидрирана,миризлива од синоќа. Поубаво не сум си ја чувствувала кожава вака којзнае од кога. Наредно на ред за пробување е Скраби
Следен ми е тој ама никако редот да му дојде. Сакам да мириса исто како сапунот. Колку му е трајноста отприлика? Викаш дека нема иста трајност со незаменливата шеќерна волна ама дали бар трае солидно како за спреј? Или се губи мирисот за 2 часа? Стварно преубав мирис има. А за мека и мазна кожата, па не ми ја праеше баш. Онака, сапун kо сапун. Може поише путерот има поголема улога околу ова отколку сапунот. На камилица maybe? Ако е истиот мирис како на Sleepy гелот за туширање, мене освен на лаванда и како на камилица ми мирисаше. Пријатен мирис у секој случај.
@Mrs. right Малку на почетокот кога ќе прснеш од овој honey, мириса како на ракија, незнам како да го опишам, ама после некои си 5-10 минути почнува на колачиња. Убаво мириса не викам не, траен е и облеката ми мириса додека не ја исперам, ама ете нема такви коментари како за шеќерната волна, а мирисот е исто благ, наместо на шеќерна волна овој е на испечени колачиња.
На грчката страна бидејќи секојдневно разгледувам што има денес приметив дека цените се сменети на 90% од производите спрејот let the good times roll беше 26 евра сега го направиле 33. Super milk спрејот од 100мл 22 евра го покачиле кажете по другиве држави дали се сменети цениве. Покачено е се во просек од 5 евра
Аууу, е не им треба ова.. Инаку сеа баш видов исти се цените засега бар. Нема вајда да не изненадат непријатно. 5 евра не се малку.
Еве веќе и кај нас е покачено Приметив баш кај спрејовите за тело што сум ги земала. Кој памети цени нека провери кај друго. Штета, веќе прескапи ми се. И претходно беа ама ај поминував граница. Сега тешко….
Поскапиле Лаш и тоа ептен, let the good times roll сега е факинг 1800денари , преубави производи имаат да, преубаво мириса спрејот, трае, ама мислам дека веќе претераа со цениве..
Навистина е претеризам. И јас се спремав да земам пилинг за тело, шампон, маска некоја друга да пробам ама ништо. Ептен се поскапеа. Плус рокот им е краток скоро на сите производи, а да фрлам производ неистрошен, нема шанса
Денес бев да си докупам тоа што ми е потрошено и не се покачени производите кои што си сакала да ги пробаш. Покачени се 4-5 боди спреја. Шампоните, регенераторите и кремите за коса се исти. Super milk спрејот за коса е покачен од делот за коса. Наредна недела ќе им стигнел и Sticky Dates lotion така што сите што сакаме Let the good times roll изгледа ќе го сакаме и лосионот ☺️ Инаку сега проверив имам 4 боди спреја и сите имаат долг рок 4 години ☺️
Од спрејовите сите се покачени (тие што беа 1490) освен Honey I Washed The Kids и Dad's Garden Lemon Tree. Демек оваа ниска цена беше па ај 1800 нека се.. Е стварно 300 денари не е малку и не се фер ич. А спрејот Sticky Dates?
Eve im pisav na fb pa ke vi kazam Gelot mnoogu mi se dopadna. Mislam i drug nekoj pisa poso e limited go nema vekje Ama jas ne sum go videla vo prodazba tuka pa da se rasprodal da reces.
@Dushica-123-abc за жал се е покачено. за Мк не знам, јас во Грција живеам. Редовно им ги следам цените и сл инаку. Ама нема врска нешто што многу ми се допаднало ќе го купувам. А за спрејовите знам дека толку им е рокот, јас и два парфема од нив имам исто долг е рокот
Кај мене во грчкото Лаш ја донесоа велигденската колекција Од Sticky dates ги има пилингот за тело и лосионот за тело. По 14 евра коштаат тука 100 и 135 гр Спрејот го нема Вреди да се пробаат пилингот и кремата за тело? Ај кремата за тело ок, ама пилингов 2-3 миење и отиде 100гр..
Баш го гледав спрејот за коса super milk, мислам не е покачен. Не беше толку и порано? За кај нас во мк