Со здравје да се користат кажи ми од лабелото како си задоволна го проба ли? Јас не се мачкам секој ден со лосионот, мало е пакувањето, до сега ако го користев секојдневно, отиде Исто важи и за пилингот https://www.lush.com.mk/Candy-Rain-Conditioner- Од candy rain сум воодушевена, не ја мрси косата, дава хидратација колку што е потребна за мене , а за мирисот да не зборам цела соба мириса кога ќе го нанесам и по миење. Наредна посета на Lush го земам
Авокадото не е многу големо, така средно, малку поголемо од сапуните. Јас имам када ама мрско ми е да трошам толку вода, и си ги редам за украс лол. Пилингот Sticky Dates е многу сличен со лосионот ама има некоја плус нота што е неодолива, не знам да ја опишам - преслатко. Го чувам под нос додека работам на биро @koritsaki лабелото е масло од морков и океј е, си го користам сеа пред спиење пошто денски имам лабело со спф. Баш ми е мило што Candy Rain ти се свиѓа, јас го имам големото шишенце и ептен малку ставам за да не се потроши брзо.
@blueeparadise повторно јас кажи ми Wig восокот дали се уште го користиш? Јас пак со кратка фризура пд денес, па викам после да тркнам да го земам. А еден список што направив да изнакупам... и Tofu ќе го земам шампонот
Еј, извини сега гледам дека си пишала. Иначе не го користам нешто многу дека не ја местам често косата, а и пораснат ми е предниот/горниот дел, па и не ми стои убаво ни со восок, треба да ја скратам. Ама не знам зошто, ко конзистенцијата на восокот во големото кутивче и тој што ми го дадоа како тестер да се различни, дури и мирисот е малку подруг. Кога ќе го користиш, помалку е доволно, зошто инаку не ја прави не ја прави убава косата, некако ја сплескува и слепува, а со мала количина можеш фризури да си правиш, да ја обликуваш како сакаш и дава ептен природен изглед, не е масен восокот воопшто. Мене исто ми се допадна и Dirty, има поубав мирис од Wig, малку подруга конзистенција, не можеш толку фризури да си правиш, ама исто убаво ја мести и држи косата.
Јас нешто не сум уау-ната од лосионот стики дејт. Гелот и пилингот некако поубаво ми мирисаат. А и не е баш траен. Не добивам комплименти и не ми го приметуваат. А и јас не со го осеќам (тоа ај океј секако се навикнуваме на било кој мирис што го носиме).
@CooperD Исто и јас, па и да ти кажам за лосион и не ни очекував којзнае колку трајност да има , ќе беше супер ако го имаа донесено спрејот Sticky dates и да прснеш врз кожата по лосионот , мислам многу повеќе ќе се чувствуваше така мирисот. Јас уште г о користам пилингот Scrubee , од него сум задоволна а и споро се троши.
Реално од лосиони не треба да очекувате невидена трајност. Не знам кај има таков лосион искрено и дали постои? Никад не ми трае мирисот на ниеден, ниту на геловите за туширање, барем тие што ги иам користено до сега. За овие пари можеби требало да им се далеку потрајни ама тоа е. И пилингот не верувам да има трајност ама викате мирисал преубаво, сигурно и ја прави убава кожата, ако е така, тогаш вреди. А за геловите, реков, не би фрлала пари никогаш, нема поента ич. Пчелката? Би потраела од прилика 2-3 недели? Спрејот го земав Honey I Washed The Kids и шампонот со ист мирис. Мирисот им го знаев од сапунот што го имав, прекрасен е. Имаше право @QweenSM, помала трајност има од оној другиот, се приметува тоа, а на облека останува мирисот гледам. Секако го обожавам мирисот па не ми е проблем тоа. Шампонот, што знам, не е баш за мојава мрсна коса. Требаше тие другите може да ги пробам, баш за мрсна коса што беа ама добро, сакав овој да видам каков е. А и само два пати го користев до сега. Од тестери им реков да пратат од регенераторот American Cream - еднаш ставив, има за уште едно ставање, па искрено ништо посебно не е. Можеби треба редовно да се употребува па да приметам дали ќе ми е добар. Шампонот Fairly Traded Honey како мирисаше мислиш прав мед имаш пред тебе, еднаш ставив и тој meh. Ама знам, од едно ставање не може баш да се примети, така да може и не ми е релевантно ова. Кремата за лице Peace, одличнa е, стакло лицето, нежно, меко, мазно го остава. Само пак, Vanishing и мене ми е подобра, изгледа ќе треба да ја користам ја, многу ми се допадна тогаш. И тестерче од Sticky Dates како што реков, лосионот. Уште трајноста да му беше подобра.
@Mrs. right Сосема си во право, и за геловите и за лосионот. Јас сакам тој sticky dates гелот да го пробам ама па 600 ден за 100 гр е премногу, еднаш си го направив ќеифот со snow fairy Candy rain мене ми е подобар регенератор, American cream како ништо да не сум ставила. Јас Violet cream маската ја користам и таа е супер хидратантна Vanishing cream мене ми е омилена, јас Enzymion ја користев ама Vanishing пак ќе си ја земам
Арно не се залетав онлајн да нарачам од лосионот sticky dates. Џабе што прекрасно мириса кога трајноста на кожа му е помалце од пола саат. Штета огромна.
Денес повторно го "нападнав" Lush сапунот подарок ми го дадоа Го мириснав Avocado co wash мирисот, претраен, прекрасен, летен мирис, цитрусен, мислам ми е следен за купување Let the good times roll повторно ќе го земам есен здравје, по зимски мирис ми е. Туку, зошто ниеден чистач не најдов? Се им беше распродадено. Единствено од let the good times roll имаше останато yште два во East gate. Некој знае дали се достапни другите во Skopje City mall? Исто и кремата со спф планирам да ја земам , ова е втор пат како ми дадоа тестер , па да ја испробам
Гледам Dirty си го зела, кажи баш како ќе ти се погоди после некое време користење, јас не можам да се решам меѓу него и Wig, а и малку проблем ми правеа парабените. Исто пофали се и за Tofu и за маскава за лице, видов дека им е некоја нова, сега ја донеле . Со здравје да си користиш се.
@blueeparadise Не се плаши од парабените, нив ги ставаат за да не се расипе лесно производот, а и се во мала концентрација штом се последни на листата. И јас се мислев помеѓу Wig и Dirty , девојката ми рече сепак Dirty да го земам , вчера го пробав, кремаст е и не ја здрвува косата доколку малку ставиш, ама убаво ја мести и сега по спиење не ми е неуредна како што се случува со кратката коса др пат мириса на сандалово дрво, убаво свежо За маската и шампонот ќе ти кажам, маската е нова да, ми рече супер е за комбинирана, масна кожа ќе ја пробам денес за шампонот наредно миење ќе го пробам. Јас барав од чистачиве како е можно сите да им се потрошени , и не знаеше девојкава кога ќе донесат од нив. Имаше од сапуните, coalface го имам и порано користено и не е лош, ама чистачите повеќе ми се допаѓаат, не го сушат воопшто лицето И кремата со спф ќе ја испробам деновиве и ќе пишам и за неа
Аааааа убаво би било И спреј за тело нека напраат Posh Chocolate, многу вкусен беше мирисот на кремот за туширање, само пак, тие ствари за туширање, гелови, креми или што и да се, не ми се трајни ич. А дојде у контакт со вода и кожа, веќе миристот некако не е тоа тоа, како коа го мирисаш директно од пакувањето. Требаше може да го чувам само за мирисање, не да го користам и истрошам.
@Mrs. right Е да, мене од сите тие работи за туширање најтрајни ми се пилинзите ама тие во тврда состојба , на пример Scrubee пилингот, ем супер пилинг прави ем кожата е мека и не мора да ставаш лосион и сл по туширање, а и мирисот по неколку часа се уште се чувствува. Тој posh chocolate кремот за туширање баш некогаш сакам да го пробам
Исто така требаше и јас.. Знам на темава ги фалите тие цврстите пилинзи, пчелката и оној коцката како се викаше.. Scrubee убаво мириса, на мед или како? И која кутија за чување од нивните е посоодветна, онаа овалната? Го собира во неа? Пробај го баш кремот за туширање и кажи дали е истиот мирис како таа чоколадната маска за лице што ја збореше. Пошто ова ептен убаво мирисаше, на чоколаден пудинг со какао. Posh White Chocolate and Rose исто ме интересира дали убаво мириса, само ружата некако ме предомислува, не сакам таков мирис јас.
@Mrs. right Scrubee мене ми мириса да на мед, на јатки, бело чоколадо нешто така А гледам и во составот има шеа,мед, мелени бадеми.. Од долната страна е рамно а од горе е пилингот и прави навистина одличен пилинг и кожата ја остава мека нежна го има чувството како да си се мачкала со крема откако ќе се измиеш. Јас го чувам во ова кутивче https://www.lush.com.mk/Square-Tin-Метално-квадратно-кутивче?search=Tin Buffy го немам користено. Како што гледам нешто слично е со ова Scrubee. Од таков вид пилинзи и овој го имав користено Cherryish, но повлечен им е од продажба се надевам дека некогаш ќе го вратат. Да, ќе го пробам тој крем, мислам дека сличен им е мирисот како што читам ќе им побарам тестерче деновиве