што е ова? не сум го видела кај нас И јас си се подновив и се радувам ко мало дете, си ги мирисам по цел ден. Прво и основно, стандар и ја зимам купката Sex Bomb, ради неа почнав да дремам во када Малото срце Soft coeur, ми се допаѓа мирисот и тоа што на кожата остава убав сјај, ко ситни дискретни светки, па си го користам за вечерно излегување, брзо ми се троши онака со секојдневно користење Чистачот за лице Angels on bare skin, кој е нешто феноменално за мојата сува кожа. И смирува црвенило. Малку чудно се нанесува, ама се убаво објаснуваат вработените, срцки се Си го земав и овој сапун, до сега ко користев тој од козјо млеко, ама овој е поубав, совршен. Исто за сува кожа (а таков сапун ретко се наоѓа). Сите ми ја сушат кожата, овој е многу убав, кремаст и мириса на прекрасно мирно утро (ова е опиш од лаш да не прибирам заслуги)...ама баш така мириса, некако едноставно, кремасто, ненаметливо, совршено....колаче. Poirridge Soap Балзамот за уста, Bubblegum, верн фан и мислам дека ќе го купувам се додека го произведуваат После толку пофабли за American Cream регенераторот, едноставно морав да го земам. Го користев само еднаш и веднаш приметив разлика дека косата ми беше помека и посјајна од порано. Ќе видиме натаму како ќе се покаже. Ама дури и да немаше разлика, би ко користела само ради мирисот И гелот за туширање It's raining Men, кој после туширање цела куќа ми мириса на карамела, мед и млеко И така јас среќна и задоволна си ја оставив платата во Лаш а имам уште цел списов на маст хев производи од таму. Здравје, понатаму, а сега ќе си се рдувам на овие
Малце подоцна, ама ај да одговорам јас. Бевме со другарка ми кога им беше презентацијата во рамстор. Имаат прекрасни јаки бои, ние нели се да пробаме, малце како кловнови изгледавме. Мене многу ме збунија прво, затоа што истиот производ може да се користи и како маскара, туш и кармин. За мој вкус се премногу течни, и тушот не беше многу траен. Ама јас плус имам и помрсна кожа, другарка ми има доста сува кожа и неа прилично долго и траше. Искрено, чисто се сомневам дека има некој кој ги користи цената им беше прилично височка, а и боите за наш менталитет не се. Да бидеме реални, кога ќе помине девојка со виолетов туш сите зјапаат како од Марс да е падната, така да овие бои за нас мислам не се.
^ на пуканка ме изнасмеа Туку да прашам, дали некој го користел сапунчето (т.е тврдиот шампон) што е против опаѓање на косата, некои велат дека драстично го забрзувал растот и тоа за кратко време. Ако знае некој или има искуство со него нека сподели еве на ова шампонче се однесува http://mk.lush.eu/shop/product/product/ ... D0%90-new-
Мене и на мајка ми еднаш ни објасни ја дека треба да се навлажни сапунот и се прави веднаш пена која се нанесува на косата и се масира. Девојката рече дека иако изгледа мало многу долго трае. Баш ме интересира и мене дали има некој искуство со овој за опаѓање на коса, мојава ми е некако заслабена од милион причини мислам а шампонот ми е прикрај па да се подновам.
Последно што си купив од тука се овој шампон за мрсна коса http://mk.lush.eu/shop/product/product/ ... love-juicy и оваа пудра http://mk.lush.eu/shop/product/product/ ... light-pink а најомилен ми e спрејот за тело http://mk.lush.eu/shop/product/product/ ... body-spray Завчера еден од вработените ми даде тестер од buche de noel чистачот да го пробам и ке си го купам од следната плата исто имаат и нов гел за туширање и тој ке си го купам
Производите на Lush ми се слабост. Од време на време знам да си се почестам со нешто, во зависност од финансиската состојба во моментот. Најчесто е некое убаво сапунче... Најголем впечаток до сега ми имаат оставено Curly Wirly (шампон од кокос за виткана коса или за расплеткување, ма да го требев кокосот ко вошки после миењето) и Ro's Argan (преубаво млеко за тело, а и доста долго трае, и мирисот, и производот).
Одлични се јас како бланширана плавуша можам да кажам дека се најдоброто нешто што и се случило на мојата коса ги користам неколку недели маската Marilyn,шампонот rehab,балсамот retread
Јас сум задоволна од сите нивни производи што досега сум ги користела. К'ната за коса ја користам повеќе од пола година и не планирам во скоро време да ја менувам. Исто така го користам и регенераторот за коса American Cream, кој мириса прекрасно но мирисот за жал не трае долго но си ја врши основната функција. За миење на лице си купив од Aqua Marina, за сува и осетлива кожа а следно за пробување на листа ми е Angels on Bare Skin и некој од тврдите шампони за коса.
Значи ептен се навлеков на Лаш...станав зависна од нивните производи туку одамна не сум пишела во оваа тема сеа последно си го купив soft couer путерот и стварно е многу убаво,ми ја праве кожата премека и пренежна а и убаво мириса,а утре ке одам да си го купам овој путер http://www.lush.com.mk/shop/product/pro ... %B0-hottie. Според мене најубави производи им се dirty body spray(најубав мирис им е),love juicy шампонот,soft couer путерот,сенките им се многу квалитетни(баш последно кога купував сенка за очи (девојката шо работе таму ми кажа дека ги намалиле малку затоа шо беа инаку многу скапи)punch гелот за туширање...
lush стварно има прекрасни производи и квалитетни само што гледам поретко купуваат луѓе од што се скапи производите ама на природна база се и неможат да бидат поефтини ,би сакала сите производи да ги пробам ама стварно грамажата им е мала и скапички се за наш стандард
Некој ги има користено таблетите за заби? Сакам да пробам Sparkle Toothy Tabs, па вреди да се земе? Воопшто дава ефект на побели заби?