@Antolinaa Од регенераторите ги имам пробано : Violet cream, Candy rain, Happy happy joy joy, American cream , за мојава фарбана коса, тенко влакно одличен ми е Violet cream, Candy rain и од Happy happy joy joy, првиот што го спомнувам моментално го користам. Тој Power го немам пробано.
Јас не сум за Lush дефинитивно. Сега приметив дека плочката за масажа Lord of Misrule буквално сум заборавила дека сум ја купила, сум ја оставила во кутија за сапун, демек ај ќе се мачкам кога ќе биде потопло после бањање, на почетокот ја мирисав од што преубаво ми мирисаше и после скроз сум ја забаталила со месеци. Еден пилинг од лимитед колекшн што им беше на попуст му поминал рокот, а до пола ми е потрошен (некои производи многу краток рок на траење им имаат), желе маската од Барби колекцијата, ставив неколку пати, ене ја и таа ми стои. Единствено нешто што им трошам до крај им се шампоните и што можам да кажам дека вредат за мене. А и приметувам дека некако косата не ми е иста пример со Алверде или било каков друг шампон. Го имав и Buffy, преубаво беше, ама џабе кога знам дека еднаш, два пати ќе го искористам и после ќе ми дреме во кутија и џабе 700 денари фрлени. Така да, од сега ќе си се задржам само на шампоните и евентуално на спрееви за тело/парфеми, бар знам дека ќе ги користам. И восоците за коса, тие знам дека некогаш морам да ги ставам. Другово, се е од пусти мерак за фрлање пари и да ги имам дома за украс.
Некое инфо за новата колекција? Ме интересира мирисот на Crème Anglaise - Лосион за тело. Кремот за туширање мислам дека ми текнува каков би бил (ако ми е точно сеќавањето за rose jam)
Aqua marine чистач за лице Погоден е за масна/комбинирана кожа, кожата ја чисти и ја остава скроз мат, без да ја пресуши. Мене ми се допадна, мана е што малце тешко се нанесува. Candy rain регенератор за коса Најомилен, мирисот е сон и косата мириса 2 дена после миење. Ја хидратира и омекнува убаво. Сакав да го пробам и american cream ама тука ми кажавте дека тој дава помала хидратација и не го менувам овој дефинитивно. Super balm третман за скалп Освен што имам првут, на одредени места на скалпот ми се прават и ранички кои чешаат и ги копам од нервоза и раскрварувам. Третманов се става само на скалпот, се остава 20тина минути и после нормално се мие косата. Мене ми помогна за раничките од прво користење. Мана е што пакувањето е 45гр и не е баш ефтино, а доколку се става на целиот скалп би се потрошило пребрзо. Јас ќе го ставам само на местата каде имам проблем. Soak and float цврст шампон против првут. Скоро го земав, скептик бев дека не сум користела цврст шампон, ама стварно добро пени. Убаво ја чисти косата и за тоа бев скептик ама стварно ја чувствувам чиста по миење. 3 пати се имам измиено и за сега не ми прави првут ама треба подолго да го тестирам да видам дали првутот ќе се врати по некое време. Gorgeous крема за лице Ја пробав од тестер, ми се допаѓа текстурата и е лесна и лицето го остава хидратирано убаво. Не чуствувам дека ми ги запушува порите. Сепак не знам дали би ја купила, скапа е, користам друга козметика за лице, но радо би ја користела доколку ја добијам на поклон Honey I washed the kids сапунот и Turemic Latte путерот за тело ми се old time fave за тело. После бањање и мачкање си се душкам у наредни 2 саати. Сега прв пат го земав Aromaco дезодорансот, го тестирам па понатаму ќе пишам подетална рецензија за него. За сега ми смета тоа што не сум навикната да ги чувствувам пазувите влажни од пот иако не мириса. Некако посигурно се чуствувам со антиперспирант. И не знам зошто ми се рони, кај сите така? Е сега, тука ми направивте стрв за Let the good times rool спрејот, ама го имам мириснато и American cream парфемот и не знам кој од овие два ми е поубав да си го нарачам за поклон, баш сум на мисла Ги пробал ли некој цврстите парфеми дали се трајни?
@The Unicorn Let the good times roll, воопшто не се мисли American cream парфемот течниот го имав и не е многу траен тој горе е ултра траен
Па зависи за кого како за мене е некако супер за по ладните денови, ама не дека не може да се користи и преку лето. Јас го пробав и Avocado co wash пред месец дена и мириса освежувачки, преубав мирис баш летен, строго цитрусен кога го прснав еднаш на рака остана со саати. Мислам е доста траен како LTGTR Ептен чекам барем Twilight да го завршам зошто ептен мириси имам доста отворено
@piglet1 Yog nog го има кај вас се уште? Блазеси ви. Мене не ми е јасно зошто во сите држави каде што има Lush носат различни производи. На пример кај мене во Грција мислам yog nog беше достапен во зимската колекција
Го земав од Тајланд, на одмор бев па го начекав. Тука во ОАЕ го имаше до пред неколку месеци и беше на попуст ако добро се сеќавам оти зимска колекција. Исто мислам и јас, различни држави, различни продукти, не знам зошто така…
@koritsaki Извини, сега видов дека уствари ми реплицираш од “Што последно си купивте”, од тука ми се земени тие, ама уште пред неколку месеци, сликам и после заборавам да ги прикачам на време сликите. Пред две недели кога патував исто си земав уште едно шишенце, проверив тука онлајн нема сега.
@piglet1 не е проблем јас сакам некое од гелчињава да земам ама се мислам кое sleepy и yog nog ги имам користено, тоа yog nog е како пудинг од ванила одма сакаш да го јадеш Инаку сакав да те прашам исто и за спрејчево на Avocado co wash дали го имаш користено воопшто, јас го мириснав пред некој месец ама вака пред да го купам се мислам дали е трајно вака еднаш што прснав мн долго ми мирисаше. А мирисот е сличен на спрејот за коса super milk
Јас не очекувам премногу од било кој гел за туширање, Sticky dates ми е омилен, преубаво ми мириса, а и знам дека сигурно го имаш пробано! Мораш да го пробаш (ако веќе го немаш пробано) Posh chocolate, не е гел, ама иста фукнција има. Ми доаѓа да го изедам кога се туширам!!! Авокадото го имам и јас мириснато, ама го немам пробано, омилени ми се Let the good times roll и The comforter. Го мириснав и оној што беше Шрек едишн, очекував поубав мирис, овошен, ама некако мислам дека многу јако мириса и дека ќе ми предизвика главоболка. Ни овде го нема Стики деитс спрејот, ниту во Тајланд го имаше, ич не се фер. Порано имаше многу убав и траен спреј, мирисаше баш на пинаколада, Coco loco се викаше, ама сега и тој го снема.
@piglet1 Sticky Dates лосионот за тело го имам и го користам не често за да не ми заврши Да Posh chocolate и погоре ми го пофалија па баш ќе го пробам слично ќе е ваљда ко Rudolph маската за лице А спрејот Let the good times roll ми е најомилен јас и Twilight го земав ама во врска со трајноста не сум баш задоволна. За тој што мириса на пинаколада имам слушнато супер коментари ,штета што го нема
А дечки, зошто имам дома неколку празни кутивчиња од таблетите за заби, а сега и едно од црните кутии за пилинг, ако ги искомбинирам да им ги вратам што се добива? Мислам дека можеше да бираш помеѓу маска за лице и уште нешто, ама не сум сигурна што беше, или само маска е?
По правило даваат свежа маска за лице Јас ги прашав Лаш Македонија пред некое време ми рекоа маска свежа ама ќе треба неколку дена да почекаш за да ти ја дадат или доколку не сакаш маска може да си избереш од сапунчињата што ги имаат моментално
Значи од тие трите што ги имаат можеш да си одбереш, Mask of Magnaminty, Cup of Coffee и Beauty Sleep или они рандом бираат за тебе? Ако изборот е помеѓу сапун и маска, мислам дека многу поисплатливо е маска, големи се пакувањата, споро се троши, а мене лично сапуните многу брзо ми се топат и не мирисаат после бањање. Само убаво би било сам да можеш да си одбереш маска, зошто пример мене таа со кафето ич не ми одговара, еднаш ми дадоа тестер и лом ми го направи лицето, цела бев со гребаници и вцрвенета.
Не, тие не се свежи маски за лице овие се На пример во Грчкото Лаш ги има во продажба овие и кога им носиш 5 кутивчиња една ти даваат подарок , која сакаш ти е сега треба да им кажеш доколку сакаш свежа маска , не знам од каде ги набавуваат, на штандовите нивни во Мк ги нема За замена, даваат сапун доколку не сакаш маска. Овие маски се свежи не се како стандардните. Овие ги чуваш во фрижидер и рокот им е 28 дена
Оо не сум знаела, јас мислев дека даваат од овие обичните маски, иначе овие ги немам видено кај нас стварно. Хмм, ај баш ќе прашам, мислам дека веќе имам собрано повеќе од 5 кутивчиња. Фала ти