Свежи маски само ако има пишеш или им се јавиш па да им порачаш. На штандовите нивни нема Предобри се, јас ја имам таа со лимонот , оризот и е предобра, па ладна кога ќе ја нанесеш на топлово време е милина А кремите со сите серуми одговараат Јас нешто да прашам, некој Карма кремата да не ја пробал? Како мириса?
Еве репостирам за reach Шала на страна, и јас ја имам пудрава и не знам баш да и најдам примена. Ставам на тело ама ме суши За што ја користите вие?
Јас го имав истово ама помало беше шишенцето мое Јас го користев како сув шампон и на тело особено лето насекаде, зошто нели е светкаво
Каква им е трајноста на парфемите? И препорачајте ми некој што е многу сладок. Бадеми, ванила, цреша, мед. Ама ептен сладок.
Парфемите се многу трајни. Ама во исто време може да ти бидат "загушливи" доколку не сакаш јаки парфеми. Исто и спрејовите за тело им се трајни. Oд парфемите сладок е American cream, од спрејовите многу споменатиот Let the good times roll и исто така многу траен. Овој мириса како карамела, ванила.
Lush штандовите во East gate i Skopje City mall Или онлајн https://www.lush.com.mk/_American_Cream_parfem Мирисни го и Let the good times roll прекрасен е
Од тестер ја имав. Ништо посебно искрено, не се воодушевив ни од мирис ни од тоа како негува. Мирисот чуден беше, не можам да опишам, не е толку јак мирисот, нежен е но не ми се допаѓа. Сигурно иста е како парфемот. Овие кутивчињата од тестерите баш сега ги помирисав, и уште мирисаат ко мислиш денес се донесени, а има поминато многу месеци од тогаш. Ти ќе го зимаш пак Let The Good Times Roll? Е уште имам од него, не е потрошен, малку ама има. Како го штедам леле бе. Ама затоа обавезно морам во денот да го мириснам. И на медениот доста се навлеков, е тој дека понежен па може и сега дури да се користи, има цитрусна нота во себе, не е тежок. И не е дека не е траен, останува на облека мирисот, не колку првиот но добар е и овој. Дали можеби зема некои од летните спрејови, тие посвежите? @blueeparadise ти?
@Mrs. right Фала ти, па тогаш воопшто да не го ни барам Јас мај месец кога го посетив штандот , го мириснав avocado co wash и се мислев дали него да го земам или let the good times roll ама во меѓувреме twilight уште го трошам и сосема изумив. Let the good times roll ми е повеќе за есен зима и се мислам од септември натаму да го земам. Сега деновиве ќе одам да го мириснам avocado co wash повторно, знам дека беше ептен цитрусен и ми мирисаше некое време кога се прснав. Па најверојатно тој ќе го земам Let the good times roll април месец го потрошив
Може тебе би ти се допаднал мирисот. И Big спрејот бил таков летен, цитрусен свеж + ванила имало. Значи не мириса на авокадо? Ја се мислев така мириса, па го избегнувам.
@Mrs. right Big го имав порано, тој ми мирисаше на нешто цветно , ама и толку траен не беше. А тој другиот не мириса на авокадо, туку како лајм, портокал, нешто цитрусно Edit: авокадото нема никаков мирис
Дечки може ли да ми препорачате некое добро млеко за тело или лосион што хидрира и има убав траен мирис ? Инаку денес го земав Let the good times roll и е прекрасен,иако би рекла малку по зимски,ама одличен е.Претходно го користев Sex Bomb во пролетните месеци исто така супер,свеж.
Јас го земав Аvocado Co Wash спрејот. Од прв шприц се заљубив. Ми шприца девојчето, викам да свртам еден круг да видам како ќе мириса. И по 2 секунди викам, давај го. Прво доаѓа до израс цитрусот, после доаѓа нежен сладок мирис. За лето совршен ми е. Сакав и Sper Milk, ама немаше на лагер, после 1ви. Но сега ве читав, дека Candy rain доста го фалите. И сега на мисла сум.
Од Candy rain сум презадоволна, пак би го купила. Косата одма ми се расплеткува и после тоа е мека, премека.
Супер, ќе го земам спрејот Супер Милк е одличен, ќе го земам и јас ама во големо пакување, тоа го имаат. Сега го трошам уште малото Candy rain го земав во тестерче и се воодушевив, па го земав пакувањето од 250мл
За каква коса го користите кенди рејн? Ја се залетав по супер милк ради мирис на коса ама мене не ми се бендиса. Иако секаде е фален
Нее, не сум земала ништо, не сум отишла во Лаш со месеци искрена да бидам, ама знам дека порано многу сакав да го земам Big, тој ми беше на прво место а после некои други што им ги заборавив имињата