Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

LUSH

Дискусија во 'Тело' започната од CoverGirl10, 29 мај 2011.

  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Дали го имате видено Sticky Dates спрејот кај нас?
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.655
    Пол:
    Женски
    Го нема, ни во Мк ни во околните држави
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Стварно се надевам дека ќе го донесат, мора да се додаде во колекцијата :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Видов дека имаат нов шампон и нормално морав да го пробам. :D
    Ми рекоа дека има иста намена како Soak&Float, и иако немам првут, особено кога е топло многу ме чеша главата. Исто сакав да им го пробам пилингов дека им беше на база на шеќер да видам каков е, тие што им се на база на сол не ми правеа доволна ексфолијација, и се топеа во допир со вода. Плус ептен ме привлече дека е плав :D. Се надевам нема да го забаталам и овој после две ставања.

    Screenshot_20240803_202913_com.android.chrome.jpg

    Screenshot_20240803_202943_com.android.chrome.jpg
     
    На DaisyDream и koritsaki им се допаѓа ова.
  5. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    19.683
    Пол:
    Женски
    Јас си го купив вчера, ама oд Дубаи! Преееубаво мириса, ама не трае како Let the good times roll. Имаше многу нови спрејови, Peaches, Space girl… Штета што се лимитед едишн.

    IMG_1919.jpeg
     
    На The Unicorn, Hellobeautiful, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.655
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise шампонот е limited edition , гледам ја донеле колекцијата Turtles, ке кажеш каков е :)

    @piglet1 па добро тогаш да не ми е криво што го немаат донесено :D

    20240804_142841.jpg

    20240804_152434.jpg

    Денес ги посетив Лаш и си земав шампон и пилинг за,тело.
    Шампонот трет пат го купував. Се мислев помеѓу Big и Squeak, ама Sqeuak реков да го пробам од тестерче прво. Ми рече Big дава поголем волумен од Squeak.
    Пилингот убаво разладува :inlove:
    И го имам пробано од тестер, ми беше мерак да го купам.
    Им однесов 5 кутивчиња празни, ми дадоа да си изберам сапунче. Од сите го избрав ова со рузмарин и ми кажаа прави пилинг. Па ќе го пробаме. :)
    Ми рекоа и маска свежа може да си изберам ама се чекало 2 месеца :x:rofl: не фала.
     
    Последна измена од модератор: 4 август 2024
    На LeoQueenka, piglet1, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Го пробав шампонот уште одма, опседната сум им со шампоните, скоро сите им ги имам пробано. Убав е вака, ја омекнува косата, ама на мојава коса ништо друго посебно не и прави, во смисол не и дава форма, не ја обликува, да и даде "тежина", волумен некој, ама најверојатно не му е таа ни намената. Ми кажаа дека е ист како Soak&Float, значи против првут, смирување на скалпот, чешање, мене едино на жештиниве многу ме чеша главата па ќе видиме за тоа како ќе се покаже.

    Ама затоа, пилингот многу ме разочара. Само што ќе дојде во допир со вода, почнува да се пени, и исто како гел за туширање да си ставил, а не пилинг, воопшто не гребе, шеќерот не се ни осеќа, само убаво изгледа со златните светки што одма се губат нормално кога ќе го ставиш на кожа и има убав, овошен мирис. Бев многу позадоволна од Celebrate пилингот, на база на сода бикарбона и мелен ориз што им беше, тој ем гребеше ем оставаше како маслен слој како да си се мачкал со лосион после бањање. Штета што сите други пилинзи од сталната линија им се на база на сол и не гребат убаво за мене, освен можеби овој Magic Crystals, тој им е еден од подобрите и има предобар мирис.

    Иначе ова за маските во Скопје ти рекоа? :D Јас ќе си почекам, ај кај сум можела до сега без маска можам и уште 2 месеци. :D Ама и сапунчево е ептен слатко. :)
     
    На DaisyDream и koritsaki им се допаѓа ова.
  8. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    19.683
    Пол:
    Женски
    Мене Squaek многу ми се допадна, многу мека ми ја правеше косата.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.655
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise да за Ск ми рекоа :D кај мене во Грција ги има свежите маски и баш минатиот месец порачав една. Предобра е таа што ја земав ама 2 месеца да чекам нема шанса :D

    @piglet1

    Ќе го пробам баш,и ќе пишам
     
    На piglet1 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  10. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Кој шампон да си го зеам во комбинација со кенди рејн?
    За тенка коса без волумен. Не е масна ниту оштетена. Ама малку безживотна и разлетана
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.655
    Пол:
    Женски

    Big, Flyway hair, Seanik, Squeak

    Еден од овие :)
     
    На CooperD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Фала.
    Big, seanik и Fairly Traded Honey ги бендисав. Меѓу нив ќе биде изборот :)

    Немаш кажано ништо за производиве :)
     
    Последна измена од модератор: 13 август 2024
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.655
    Пол:
    Женски
    @CooperD

    Big e супер, јас почнав од денес пак да го користам. Волумен екстра дава.

    Edit; Гледам на грчката страна донесени се нови 4-5 спрејови за тело од кој и Sticky dates. Ама бидејќи @piglet1 рече дека не е нешто посебно траен, не би го земала.
    Да бе ги имаш случајно пробано и Grape soda, Space girl, Passion, Lemony flutter или Peaches ? Lemony flutter од прилика знам како би мирисал сигурно како кремата за раце. Мене ми беше тежок тој мирис..
     
    Последна измена: 13 август 2024
  14. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Се одлучив за Squeak и Candy Rain. (пошто биг е поголемо паковање, него прво на тестер ќе ги пробам)
    Него што е со шампонов што вели се нанесува на влажна коса? како влажна? мијам коса и на мокра ставам шампон па пак мијам па регенератор. Немој да ми кажете дека има сеа некоја посебна процедура, непочната ќе се разочарам.


    При крај ми е лосионот за тело Стики, ама гледам до немаат веќе, а и нема некој друг што ми фаќа око.
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.655
    Пол:
    Женски
    @CooperD

    Нормално како со секој шампон, ја навлажнуваш косата и ставаш од шампонот, и двата имаат сол ако не ја навлажниш ќе ти испопаѓа пола :D ја миеш , и повторуваш па ставаш регенератор. Не е некоја нова процедура, исто е како со сите шампони.

    А за лосионот, да веќе Стики го немаат, Sleepy не знам дали го имаш пробано, ама тој на лаванда мириса.
    Ако ти се чека ќе ја донесат зимската колекција негде септември октомври па ќе има нови производи :)
     
  16. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Е добро е, нема посебна процедрура значи. Оти јас тоа мокра коса го рачунам :D

    Слипи го имам користено, убаво ми мириса ама некако многу ми е течен, сакам погусти. Ќе ги почекам новите, не дека е зор ќе се најде нешто друго
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Денес со надеж си ја земав кната. Најголем фан бев пред многу години на оригиналната формула. Ја сменија еднаш беше катастрофа, никаква боја, само како блага маска. Баталив скроз. Божем пред година, година и нешто ја вратија 90 посто старата формула. Читав на редит дека не е баш, ама и давам шанса.
    Уште ја жалам првата формула, ама не можев да одолеам да ја пробам оваа.
    Од цврстите шампони сум апсолутен фан на Godiva, и тој го немаше до пред година некое време и убедена сум дека не е ист.
    Не можам да се откажам од некои фаворити.
     
    Последна измена: 14 август 2024
  18. Momzilla

    Momzilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    1.452
    Пол:
    Женски
    Candy rain ми се свиѓа и пак би го купила, косата одма ми се расчешлува и после тоа ми е мека. Wasabi го потрошив, исто за мојава тенка коса се погоди, издржуваше 3 дена. Сега го користам Tofu и не знам зошто ама ич не ми се свиѓа…Не пени доволно, како да немам ставено шампон, а ставам бајаги количински, мијам како и секогаш по два пати и ептен брзо се троши. Не би го купила пак.
     
    На DaisyDream и koritsaki им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.632
    Допаѓања:
    106.655
    Пол:
    Женски
    @Momzilla и мене Тофу не ми се допаѓаше. Убаво ја чистеше косата ама не пенеше , требаше поголема количина да се стави и брзо ми се потроши некако.
     
    На Momzilla му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Кенди го земав 100мл, премало е :D
    Ама ај за проба.
    Се мислев меѓу овие 3 шампони па го земав сквик и тестери од другите да пробам. Вака на око и мирис, биг ме бендиса најмногу.
    А кенди мириса сон. Ако вака ми мириса и косата, не 250гр него 1кг да има ќе купам :) IMG_3011.jpeg
     
    На DaisyDream, Momzilla и koritsaki им се допаѓа ова.