Дали ги имате испробано цврстите на лаш , побарав тестер ама не даваат за цврсти тестер , не знам дали е паметно да дадам накај 800 мкд за нешто што не знам како ќе биде.
Јас ги имам користено и тоа неколку, и задоволна бев сега само што го нарачав seanik, по предходно искуство убава ми ја правеше косата, не ми правеше првут и многууу долго трае за разлика од стандардните шампони.Се размислував да нарачам од тие новите шампони гледам со банана и манго имаат ама не ми се ризикуваше
Да ги имам користено следниве: Jumping juniper -за масна коса New - поттикнува раст на коса Seanik- за волумен Првиот и третиот беа одлични, додека вториот не забележав нешто да ми помогна. Ако имаш слаба масна коса , одлични се овие два. Само по шампонот обавезен ти е регенератор
Да не знаете кога ја вадат есенската колекција и што/дали имаше некои интересни продукти во неа? Ич не се сеќавам од која колекција им беше пилингот Celebrate, ама само тој ми се има најмногу погодено од нивните пилинзи. Додуша мрза сум за користење, и дури и рокот му помина, ама кога ќе ставав, после тоа недела дена ми беа мазни нозете. Ем убаво гребеше ако го ставиш на посува нога, плус чистеше и оставаше маслен слој после да не ти треба да ставаш лосион. И многу интересно мирисаше, цитрусно + шампањ. Тврдиот шампон Goongala не ми се покажа добро, ептен брзо ми се стопи и потроши, се лепеше за кутивчето, и на крај кога пробав да го одлепам го смачкав со прсти и се скрши на два дела, и сега е неупотреблив, ќе го доискористам за миење раце ако ништо друго. Пилингот на шеќерна база Old songs are waking, убаво мириса, овошно, уште поубаво изгледа, ама не прави скоро никаков пилинг и не ја остава нешто мазна кожата. Ми дадоа и тестер од крематa за раце Wild Orange и убаво мириса, но за брзо се губи мирисот и ептен убаво хидрира, ама прескапа е, 700 денари мислам за 100гр. Не вреди според мене. Ќе си ја земам како тестер пак нареден пат.
@blueeparadise Кај мене во Грција донесена е веќе колекцијата за Халоуин Јас некогаш би го пробала гелот за туширање glow in the dark , тој што свети во темница вака инаку таа колекција не ме привлекувала никогаш нешто да купам. А тој пилин celebrate гледам го има во др земји, кај нас го нема
Јас не памтам искрено што има во таа колекција, ама го памтам тој гел за туширање, и мене ми беше интересен. А Celebrate памтам дека беше од некоја лимитирана колекција, имаше и плочка за масажа, спреј за тело и можеби парфем ама да не те излажам за последново. Ама не знам дали беше од есенската, зимска, пролетна/велигденска, не знам како им одат баш, јас го земав на попуст пошто иначе беше прескап, ама ти го препорачувам. А за есенскава може ја донеле на штандовите кај нас, ама уште ја немаат ставено на страната.
Јас го имам Glow in the dark... Мириса на Minti турските мастики ако ги памтиш од порано. Вештачки ментол некој. Очекував МНОГУ повеќе. Плус, ми ја суши кожата мене.
Гледам некое време го нема спрејон Let the good times roll, дали некој може има инфо кога ќе има повторна залиха?
И јас тука во Грција го барав , го нема веќе неколку недели на залиха. Исто и Stcky dates , таман реков ќе го порачам го нема на залиха и тој
Ќе издржиме уште 10тина дена, рекоа дека ќе добијат и нова залиха на стари и нова колекција (halloween/christmas) во исто време.
Јас ги прашав денес во грчкото Лаш кога ќе биде достапен Sticky dates спрејот зошто е распродаден моментално, ми рекоа од почеток октомври повторно ќе го добијат. Ќе го пробам па ќе го споредам со LTGTR A да си прашам некој да не го пробал цврстиот шампон banana co wash?
Јас кога се прејавив вчера во нашиот исто рекоа од прво октомври да поминам, излгледа доцнат малку секаде, ако ги добиваат од исто место (кај нас од Хрватска ако не се лажам).