Во Грција веќе ја има Halloween колекцијата. Јас разгледував по нет што ќе има од зимската колекција , видов дека ќе го донесат и спрејот Yog nog. Е тој спреј ќе го земам со сигурност, лани го земав гелот за туширање и мириса фантазија Сигурно ќе е лимитед како и Snow fairy. Се израдував и за чистачот за лице Buche de noel тој го имам купувано неколку пати , со мелени бадеми, суво грозје..фантазии. Ќе има во продажба и шампон Snow fairy и тој ќе биде интересен за проба
И јас сакам да го пробам Yog Nog!! Се надевам дека ќе донесат се', а не само одредени производи како што знаат да прават :')
Како испадна муабетот за празни кутивчиња? Даваат во ск нешто? Имам 10тина сигурно. Ќе идам накај ск па дали да ги земам со мене да зеам нешто
Даваат да, погоре имам пишано однесов 5 и ми рече да изберам помеѓу неколку сапуни или свежа маска за лице која што се чека 2 месеци да ја донесат. И на крај сапунче си земав
Може од било што да се кутивчињата или? Јас па цело време мислев да не треба да се од свежите маски. Имам доста празни. За тие тестерите зборите или за празни кутии од производите?
Јас денес го пробав Yog nog, не знам зошто, ама некако појако ми мириса отколку гелот за туширање и не го купив. Snow fairy шампонот е ист како тој што беше Barbie, јас го купив, ама не знаев дека е како колор шампон за плава коса повеќе.
Jас да пишам за шампонот New. Не ми се допаѓа тоа што косата баш на ништо не мириса откако ќе ја измиеш, а пена мнооогу еден тон, се изненадив од пената, прв пат цврст шампон користам и мислев ќе тријам 5 саати со мојава коса За ефекти ќе видиме, до сега две миења само, па ќе пишам. Треба да стимулира скалп и намали опаѓање.
Добиле неколку нови спрејови, меѓу кои и Sticky dates, но let the good times roll, го нема на залиха уште @koritsaki sticky dates мириса слично како let the good times roll?
За празни кутии од производите, не од тестерите. Многу ставаш ако има многу пена. Мора внимавање со сувите шампони, може да ти го пресушат скалпот ако ставаш премногу. Ќе почне да те чеша и да се лупи. На влажна коса доволно е два три пати да поминеш, се прави доволно пена да ја измиеш косата.
@piglet1 фала ти за инфото вака траен е мирисот? Не ти се допадна? @anastasijaki се уште го немам мириснато Sticky dates , кај мене во Грција во октомври ќе го донесат пак не успеав во август да го земам. Можеш составот да го споредиш, не знам колку е траен S.dates
Јас па рефреширав уште од вчера насловна страна, мислев дека таму ќе бидат ставени сите, а не проверив индивидуално кај спрејовите :')
Let the good times roll go koristev esen-zimen period , ubav e traen, ama sakam da smenam, da probam nesto novo. Sticky dates gelot prekrasno mirisase, sigirno i sprejov ama ete go nema. Megju Twilight i Dirty se mislam. Pogodni li se za zima? Primer Avocado Co-wash e bas leten miris.
А, добро, дали носат по 2 производа кај нас или? Не е можно од 5 до 7 наутро да се распродаде наеднаш, или вработените си ги поделиле меѓу себе, или не знам што. Исто и со LTGTR, а наводно и од тој ќе добиеја залиха. За џабе чекав повеќе од месец. Освен ако нема толку од вас/нас што рефрешираат во 5 сабајле и си го купиле, во тој случај кажете искуство со Стики Дејтс.