Фала, ќе го земам Aromaco ми прави проблеми ми се лупи кожата од него. Оддамна го користев The greeench ама не се сеќавам дали бев задоволна од него.
Јас го користев за расчешлување на косата пред сушење со фен, е сега не знам колку штити од топлина да бидам искрена. Не знам дали повторно би го купила само заради ова.
Вчера бев на штанд, таков шок од мириси добив што ништо не земав на крај. Стики дејтс не го бендисувам спрејот. Како и лосионот за тело на прегорен шеќер ми мириса. А пилингот ми е преубав, а би требало истиот мирис да е. Сакав спреј да купам, пробав и некои други од лимитираната серија ама претежно летни ми беа, и после 3 мириси веќе изгубив осет и баталив. Стики дејтс се осеќаше само на мене
Затоа не сакам на штанд да мирисам, не сакам да ги замарам девојките што работат таму, а ми треба време убаво да мириснам се' што сакам на раат, да си подремам едно пола саат-саат на штандот. Инаку, на прв спреј повеќето спрејови ми се гадни (а ете наводно прегорениот шеќер е првиот впечататок за СД), дури и Avocado Co-Wash што ми е омилен летен е премногу јак на почеток, пред да почне блажината да излегува. Затоа никогаш не судам на прв мирис, а тука е фактот што после 3 мириснати работи станувам nose blind и џабе е, се' исто ми мириса Инаку, имате забележано дека на кожа и на облека не секогаш мирисаат исто? Сите имаме различна хемија на кожа што реагира различно со маслата од парфемите.
Патем, љубители на Twilight што го користат за пред спиење/спреј за соба, поефтина варијанта со масла што ја користам а мириса исто како спрејот (третиот може и да се изостави реално, добивам доволно блискост само со ванилата и лавандата во бадемово масло). Ако имате дифузер, уште подобро.
@koritsaki денед се прснав до Lord of Misrule за да ти пишам подобро. На прво прскање мириса на Лаш. После тоа мириса јако, топло, ванила и уште нешто(не знам ноти да откривам). Не е gourmand мирис. Ама мириса скапо. За еден зима - идеално. иначее супер милк го нарачав паковањето од 100 мл
Секако. На облека и трае многу подолго било кој спреј или парфем. На кожа нормално е по некое време да испари. Овие потрајниве како LTGTR дур не ја испереш облеката го осеќаш мирисот. Сите лимитирани спрејови стигнаа кај нас?
Јас дојдов тука да ги испофалам. Ги обожаваaaaм производиве, за Super milk комплименти еден куп добив, Sticky Dates спрејот 2 дена интензивно мириса на алишта, предобро мириса иако не е идентичен мирис како гелот, во спрејов баш се сеќава карамелата и е баш благ. Дефинитивно се е worth it за тие пари. Следно сакам да го нарачам No Drought сувиот шампон за коса, дали некоја го има користено? Да ми каже дали одговара на темна коса, дали остава бели траги?
@M0rena aaaaa јас го чекам Стики денес/утре да пристигне, колку денови отприлика трае доставата на тие што нарачувате онлајн? пратката беше нарачана во петокот, испратена саботата.
Јас во четврток вечер нарачав, ми стаса во сабота сабајле. Најверојатно денес ќе ти стигне, сподели импресии
И во понеделникот вечерта пуштија пак залихи на страната, веројатно да ги дотрошат сите. Важно мојата нарачка уште не е стигната, а од петокот нарачана :’)
Јас петокот нарачав (Скопје), стигна понеделник. За Sticky Dates спрејот ме предомисливте, а гелот многу ми се допаѓаше. Ке одам на штанд да го мириснам ако уште го има од понеделник. Сега го земав "Тwilight" (tnx @koritsaki ) и "Supermilk" регенераторoт, сапунче "Sultana of soap". Се мириса прекрасно. И да, регераторов ради мирисот го купив, I'm that shallow Тестери ми пратиле од "Candy rain", тој следен месец ке го нарачам, како вистински регенератор Гел за туширање ,"Sleepy bear", со лаванда мирис, пријатен за вечерно туширање таман, и лосион "Sympathy for the skin", ми мириса како пудинг од ванила, но не се задржува долго на кожа.
Sticky Dates: На прв спреј: марципан и соленa карамела, поточно toffee ако имате мириснато. Не знам од каде извадивте изгорен шеќер (иако асоцира на кафен шеќер). Уште мирисот да беше посилен, имам toffee течен засладувач што мириса исто, та дури појако. Иако го има во насловот, „у“ од урма не мириснав. Наведено е сандалово дрво и бензоин, ниедно од нив не мирисам доволно силно да го разликувам од карамелата. Патем, пазете ако прскате на светли алишта, кафен е спрејот. Shoot For The Stars Scrub: Медена карамела, со цитрусна нота, варијанта на Honey, I Washed The Kids гелот за туширање. HIWTK ми се допаѓа повеќе, но не во спреј форма, само како гел ми мириса побогато. Yog Nog Shower Gel: Цветно каранфилче, мал елемент што асоцира на пудинг (нешто кремасто, немам мириснато eggnog за да знам дали е тоа) и на банана, не ми се свиѓа поради светките, а и има посилна цветна нота отколку што очекував. Сакав повеќе зачин и кремасти ноти.