Twilight. Jас сега си го земав. Многу убаво мириса. Јас не сакам баш лаванда ама тука преубава комбинацијата ми е.
Да го пофалам Retread регенераторот. Без да користам Глис или било кој спреј за расчешлување немаше шанси да се исчешлам. Сега без мака ем ми се исчешла, ем убаво ми мириса. Го пробав прво на два пати од тестер и вчера си нарачав Мирисот ми се задржува и следен ден после миење. Косата ми е мека и сјајна. Би го нарачала пак. ( ако знаете нешто друго од Лаш со ваков мирис споделете) Тестери од Snow Fairy имаше некој погоре пишано, баш на Газоза мирисаат. Пилингот Shoot for the stars исто ми мириса со The old songs are waking. Само што овој е ептен нежен и водлест а ТОЅАW ми беше за нииијанса погруб и посув.
Јас се токмам за monster octopus. Ме јаде конзумеризам на најјако. Го видов на тик ток и сакам да го имам (и не, не сум 16год, иако така се понашам на тема лаш , 30ката ја цепкам ) Пофалба за шампоните Big и Squeak. Коа купував го избрав Squeak, од причина што Биг ми беше чуден како текстура, си викам тоа морката сол ќе ми се заглави низ коса. Па побарав од него тестер,а го купив squeak. Преубави се и двата, и иако и двата се за волумен - биг дава поубав волумен, за мојата тенка безживотна коса би го купувала него. Регенераторот Кенди Рејн ми е нов фаворит, би миела коса секој ден ради него. Мирисот совршен, косата мека и сјајна. Само ме нервира што ако ја сушам со фен се губи мирисот а без фен или преса се осеќа два дена. Дајте ми други производи со мирисот од кенди рејн?
@CooperD и мене ме интересира Интересни се ваквиот тип производи за бањање , јас имав оддамна еден се викаше Santas belly беше полн со светки, секако лимитед едишн беше. Убаво пенат и се, само се лизгаат во раце и ќе го "бркаш" низ када
Јас еднаш пред многу години купив желе ама сега дури сфатив дека погрешно сум го користела. Тоа беше обична форма во кутивче, и јас кинев парченца мали и се мачкав. И вушност се разочарав и баталив Сега гледам дека требало низ раце да направиш пена и така се пениш. Имам и мало дете па онака за забава ќе го зеам, ќе го гониме
Женски читајќи ве се опседнав и јас. Од производите што ги користам за коса ептен сум задоволна, косата ми е мека и миризлива со денови, опаѓањето се намали. Го користам roots третманот, од регенератори ги пробав american cream и candy rain, вториот повеќе ми ја хидрира косата а мирисот и на двата го обожавам, super milk го земав ради мирисот највеќе, шампонот squeak го купив последно, два пати се измив со него засега ми е топ. Сега преминувам на производи за тело. Сакам слатки мириси, според тоа што пишувате let the good times roll e баш таков, чекам да стигне и да го нарачам. Е сега предложете ми и некој лосион за тело со траен сладок мирис и општо препораки може за производи кои вреди да се пробат и сте задоволни.
Врати се 20тина страни наназад, имаме пишувано за доста производи Пробај го Snow fairy лосионот , прекрасен е, благ.
Како не , престара вика Спрејот Snow fairy го нема мислам освен ако кај вас го имаат донесено. Убаво мириса ама некако траен не ми беше
Па да Сега го нема, лани го имсше во сет знам со сигурност а за посебно не знам. само што ми стигна спрејот, мирисот ми е преубав! Стварно е ист со СуперМилк. Не е многу јак, не знам како ќе биде за трајност ама ќе биде добар за сам а и за комбинирање. ми пуштиле тестери меѓу кои и лосион за тело Тингл - мирис за будење
Стигнаа Одма го испробав Lord of misrule- првично како што прснав ми мириса на оние украсните ливчиња што ги собиравме како мали Навистина прекрасен мирис, не очекував нешто такво за трајност ќе видиме, утре пред да одам на работа ќе се изнапрскам Fairly traded honey ќе го пробам ќерка ми па ќе пишам и тој убаво мириса,на мед Fairy dust како мирисааа Ист е мирисот како спрејот , а правот е полн со светки. Утре ќе нанесам под пазуви да видиме како ќе биде во текот на денот Тестерчиња 3 ми пратиле: violet cream маската за плава коса одлична е ја имав користено. The greeench дезодорансот ќе го испробам и за него ќе пишам. Skin guardian крема за лице со спф 15 , ќе ја испробам и ќе пишам. Таа им е нова крема.
Јас мислам дека се однесува на оние црните кутивчиња (на пример од маски, пилинзи, гелови/восоци за коса), ама еднаш девојчето од Лаш ми кажа дека можело и кутивчињата од таблетите за заби. Шишенцата од гел и шампон не мислам - ако мислиш на оние обичните пластични.