Добро луѓе, не ви е сѐ ова препрескапо? Јас лани нарачав и ништо посебно не сум задоволен, ни од тоа што нарачав, ни од тестерите. Барем не толку за да купувам редовно. Што ги прави толку посебни? Демек на природна база и хенд-мејд? Ма како не! Сигурно.
Што знам, работите од типот на гелови за туширање, сапуни, креми за раце и лосиони за тело ми се прескапи и ми е нелогично да ги купувам, па макар не знам како мирисале или ја омекнувале кожата. Е сега, јас сум им хардкор фан на (тврдите) шампони, имам кратка коса и со еден тврд шампон се мијам со месеци. Чинат 650 денари, имам од нив фаворити што супер ми ја прават косата и немам најдено такви од не-Лаш шампониве што така ми одговараат. А верувам дека поасален шампон од 250-300мл што во денешно време чини 350 денари трае пократко време од тврдиов шампон на Лаш, така да во тој поглед ми се и економични и сум раат со купување бар неколку месеци. После, имаат таблети за миење на заби и плакнење на уста, по 500 денари се, мислам дека има 70-80 таблети, пример Листерин е 300 денари за 500мл, а мене еве уште ми траат скоро година розевиве таблети за плакнење на уста и супер освежуваат и овие, и тие зелените. Од тие за миење на заби, сум најзадоволна од белите, а и општо споро се трошат. Исто мислам дека добра "инвестиција" им се спреевите за тело. Пример во Зара, парфемите им се по 1000, 1200 денари, а се по 50-100 мл, и плус многу брзо им се губи мирисот. Лаш ем имаат специфични мириси, скоро сите долго траат, плус се 1700 денари за 200мл, да се заборавиш од прскање. Има и други работи што имам пробано тук-таму што ми се имаат допаднато, како одредени лимитед едишн ствари, како Celebrate пилингот, ама овие мислам дека им се најисплатливи за купување. Не ме плаќаат, жими се.
Зависи како и што ќе ти одговара како производ. На пример , јас не би дала пари за геловите за туширање, зошто секој ден се туширам, на лето и по 3 пати па така да еден гел за туширање за една недела отиде. А не се евтини геловите, тоа да. Сапуни не користам, ептен слабо некој ако ептен ми се допадне најчесто тие што прават пилинг од нив ќе земам , ама ете и тоа не би земала. Од skincare , чистачите и маските ми се погодени и не се скапи , не се трошат брзо. Боди спрејчињата и парфемите им се претрајни и не се скапи и за квалитетот и еден спреј е 200 мл па го користиш долго време , со месеци. Имам купувано парфеми многу поскапи од познатите светски брендови и никој ми нема дадено такви коментари за мирис како за овие од Лаш. Шампоните како што пиша погоре @blueeparadise тие тврдите се економични, ептен споро се трошат , а општо шампони, маски, се ми се има погодено.
пробај убеди ме да ги пробам тврдите шампони зошто ти се толку погодени? иначе јас имам средна должина и благо кадрава коса
Споредувам со други шампони што ги имам купувано од маркет/дм, инаку јас не би рекла дека имам некоја комплицирана коса, имам тенко влакно, мека ми е и свиленкаста. Пример од Elseve кога ќе се измиев косата после ми беше прекрасна до вечерта/наредното сабајле, после тоа ми се сплескуваше и ми беше мрсна ко да не сум ја измила 10 дена од силиконите. Пробав и доста шампони од Алверде, некои ми ја сплескуваа косата, некои ми ја сплеткуваа, со некои ми се мрсеше за еден ден, слично и со некои од Палмолајв. Овие шампони ми се погодија ем од аспект на тоа што убаво чистат, ми ја оставаат косата мека, после миење и сушење убаво ми се мести и легнува, што искрено ми е многу битно, зошто кратка коса кога ќе почне да расте е многу незгодна за местење. Некои од нив ми даваат и форма, волумен, "тежина" на косата, нели зависи кој за што е. Јас моментално наизменично ги користам Flyway Hair и Soak and Float, и од вториов сум малку позадоволна. Првиот е за волумен и сјај ми се чини, а вториот за чувствителен скалп и првут (ако имаш). Исто, доста бев задоволна од тврдиот шампон со мед, Honey I washed my hair, мноогу ми ја омекнуваше косата, и ми го местеше секое влакненце на свое место после миење и сушење, дури и после спиење кога ќе станев, косата ми беше иста како кога ќе легнев. Исто тука ќе го спомнам неговиот counterpart, течниот шампон од мед - Fairly Traded Honey, од него бев најзадоволна мислам од сите, го имаше истиот ефект како тврдиот шампон само х10 подобар, ама за жал ми беше некако прескап а пребрзо ми се потроши, 750 денари е за 110гр. Од шампоните во полутврда состојба, односно тие во кутија, сум задоволна од Squeak - што е за волумен. Ако случајно сакаш некоја препорака, слободно разгледај им ја страната, види кој шампон за каква коса им е, и ќе ти кажам дали го имам пробано и колку сум задоволна од него, зошто вака не ми текнува на сите.
Прва нарачка done. Путер за масажа Lord of Misrule, сапунот Sultana of Soap и масло за туширање Minamisoma. Дооооста јаки мириси, не сум навикната, ама одма замирисува цел простор како во спа да си. Фејв ми е маслото пошто мириса на колач од лимон. Не сум ги тестирала, вечер ќе пробам сѐ. Инаку оправдано ми се скапи пошто стварно постапката за правење е интересна, на youtube гледав видеа и баш се гледа дека убави состојки имаат.
Сапунов ми е најомилен од сè што имаат Лаш. Путерот за масажа и јас го купувам за прв пат, со душа чекам да го пробам.
Мене само очигледно не ми се погоди или јас не знам сапуни да користам за туширање. Мирисот преубав беше, на чисто, на бањато, милина. Ама текстурата... Не ти е мек, да ти се топи, крши? Еве Хани сапунот не беше таков, тој си го користев, се во ред беше со него. За овој Султана имав впечаток како глина да е, или мене ми се погоди така, не знам.
@Mrs. right, не ми се случило да се распадне или ептен да се изобличи досега. Скроз при крај кога е знае да се искриви ко да го фаќа обликот на дланката, ама такви ми се прават сите сапуни кога стануваат веќе претенки. По туширање го оставам на суво да се исуши и го чувам во држач за сапун, ништо посебно. Да има ваков спреј, дефинитивно би го купила. Другиве некако не ми се по вкус, не се пронаоѓам во мирисите.
Ме примамивте и јас да нарачам за прв пат Сакав да ве прашам за мислење. Сакам да нарачам лосион за тело, се мислам помеѓу snow fairy или sleepy? Како сте задоволни од шампоните? Го гледав Wasabi Shan Kui? После породилниот период премногу ми паѓа косата, ми се изретчи и немам волумен.
@TammiB5 Sleepy мириса на лаванда, а Snow fairy цреша плус ванила нешто така За шампоните имаме доста зборувано, јас лично бидејќи имам бланширана коса некои од нив ми ја сушат косата и почнав да ги одбегнувам еден од нив Big е а дава одличен волумен. За тој што прашуваш е супер за поттикнување раст, го имам користено
Snow fairy го порачав неодамна, мириса на bubble gum, така најблиску можам да го опишам мирисот. Исто после пораѓај косата почна многу да ми паѓа, се управив со шампонот за волумен squeak (мириса свежо на манго) и со третманот roots. Lord of misrule ми беше прејак некако, затоа го чекам LTGTR да стигне мислам дека многу ќе ми се допаѓа според пишуваното тука и видеата на тикток.
Мене sleepy ми беше еден од првите фаворити кога започнав со купување од Lush,затоа и земав спреј што мириса исто како него и од таму се навлеков со купување од Lush, Wasabi ми даваше волумен ама ми ја сушеше косата, некако јак ми беше а јас имам тенко влакно, за мене најмногу ми се погоди Seanik цврстиот шампон и Honey I washed the kids
Мене ме интересира дали има спреј што мириса како super milk? Многу убаво ми мирисаинаку јас пред неколку дена само што направив нарачка за Roots и путер плочка Lord of misrule. И сега како што кажувате за тој фамозен ltgtr ќе ме убедите да направам нова
Да праќаат, во забелешка обично си пишам што сакам и секогаш тоа ми праќаат. А ако не ставам што сакам секако праќаат по нивна желба (и така се прелажувам стално со нови производи) Јас го нарачав супер милк, многу е зборен и се троши. Јас на штанд го мириснав, не ми се допадна и баталив. Ама пак упорно читам насекаде фалење, а мене секогаш ми се свиѓаат најфалените и си реков ќе нарачам, сигурно е поразличен на коса. И еве го користам неколку дена ама освен коа ќе шприцнам после тоа не осеќам мирис. А коа ќе шприцнам тој почетен мирис не мжми се свиѓа
Јас го осеќам мирисот долго и баш добив коментари дека многу убаво ми мириса косата ама па не ми ја хидрира доволно косата, треба плус и регенератор за време на капење да ставам и тој, а мислев само тој ќе биде доволен
Шампонот го немам користено. Од aromaco сум задоволна, го користев во бременост и цела бременост ми траеше. Super milk го користам моментално, мирисот е доста траен, преубав. Пред неколку години купував по нешто, а сега некако се навлеков скроз на производите и едвај чекам да пробам нешто ново.
Незнам, многу ми е чудно како сите го зборат, а јас практично не осеќам мирис. А тој почетен што го осеќам ми мириза на железо Јас во комбинација со Кенди рејн регенераторот го користам и за хидратација е топ. Мене мирисот на кенди рејн ми е совршен, ама не се задржува и тој