Дали јас веќе иам изгубено осет за мирис од другите јаки лаш мириси Баш ќе прашам околината дали осеќа
Велат Avocado Cowash но му фали некоја топлина. Можеби ако го измешаш со HIWTK или LTGTR. Има и парфем (не знам дали го има во нашиот Лаш) но некои велат дека парфемот не ни мириса на super milk.
Јас еден друг производ да испофалам ми текна Сеа со супер милк ми испратиле тестер од гел за туширање rose jam. Јас овој не би го погледнала бидејќи мирисот рози ми е - ик (ме асоцира за оние бугарските ефтини производи од роза). Ама коа го мириснав ми врати спомени на еден производ што го имав заборавено а го обожавам - Ro's Argan регенераторот за тело. Прв пат коа го земав ми беше чуден као што производ е ова регенератор за тело, нели е исто со гел за туширање. Ама не, ова ја прави кожата мека и совршена како ништо друго, Нема замена. И мирисот иако е описот роза, многу е добар. Следен шопинг ќе ми биде Ro's Argan регенераторот и Rose Jam гелот. Прво да ги поминам сега празничните крисмаси мириси и производи
И мене не ми се допаѓа Rose jam на почетокот, ама после некое време убаво ми замирисува. Зборувам за спрејот, гелот не трае. Можеш да му дадеш шанса на спрејот, можеби ќе ти се допадне.
Јас да пишам од последните две нарачки за производите што ги порачав Шампонот мириса на мед и билки , многу ја омекнува косата , ќерка ми го користи а и јас го пробав секако и стварно е супер. Јас многу сакам да го пробам тој тврдиот со бананата и ако некоја од вас го проба ја замолувам да пише. Бидејќи тој ми го препорачаа за плава бланширана коса затоа сакам да во пробам баш тој. Ама еве и овој не е лош. Fairy dust го користам воглавно за тело , на деколте ако носите поотворена блуза супер изгледа со светките особено на сонце. За под пазуви го пробав и не е за летно време кога се потиме дефинитивно. и како сув шампон за косата не ми се допадна, не прави ништо буквално Од тестерчиња : The grinch дезодоранспт е супер , во прав е , супер штити Само на неколку саата треба повторно да нанесете. Се става по ептен малку така да шишето трае со месеци. А кремата за лице Skin guardian ми дојде тешка некако, за масна кожа не ја препорачувам, за сува повеќе би одговарала. Го искористив и Good karma гелот за туширање, мирисот е многу убав на пачули ми мириса, дали и Карма парфемот така мириса? @Bella.alleB да исто мирисаат
Никогаш не сум користела ништо од производиве,ај ве молам препорачајте ми шампон што може да го користи девојче од 10 години.Во последно време почна да и се јавува реакција околу лице црвенило од шампониве што ги користи,па сакам да пробам со некој од овие поприродни ако се.
@azelea Мрсна и е косата, без волумен? Јас имам прашувано за моите деца ми имаат кажано дека од 2 год возраст може да ги користат производиве. За малата кога беше 6 м имам користено крема за тело Dream cream против дерматитис, чуда прави
Она има многу убава густа коса,ама да во последно време приметив како да почна да се мрси,не знам дали од хормони пред пубертет,а и од другиве шампони почна да има реакција на некоја хемија,цело лице после миење и се врцрвенува како алергија,па решив да пробам нешто друго поприродно. Фала за споделеното,баш и за сува кожа нешто сакам да и земам,сега на зима егзема и се јавува. Кој шампон на пр. го препорачуваш?
@azelea https://www.lush.com.mk/Jumping-Juniper-Цврст-шампон https://www.lush.com.mk/Seanik-Цврст-шампон Еден од овие два. Вториот дава плус волумен, а и двата се за коса што се масти. Инаку да од хормоните е. И на ќерка ми кога беше 10 год почна тогаш да и се мрси косата , а исто имаат бујни коси.
Од тестер се намачкав на стомак oд Dream Cream а имам таму дерматит. Па тоа чудо било а не знаев. Мора и тоа да земам фулл сајз, Snow ferry не ми брка работа таму.
Нема некој јак мирис, барем мене на ништо не ми мирисаше @wannaBeMomma јас ќерка ми од 6 месеци ја мачкав со таа крема , навистина помага.
Јас да ве известам вчера ми стигнаа roots и плочката путер Lord of misrule а потоа и тестер од lord of misrule shower gel и кога го отварав тестерот на рацете ми остана, некако shower gelot не ме бендиса како мириса јако ми дојде некако, прв впечаток и плочката така ми замириса ама па потоа одма на нешто благо, мене овде не ми се допаѓа првичниот мирис на црн бибер ме потсеќа на нафталин а вторите ноти ми се убави. Е сега мм ја пробал плочката ставил на рацете, кога се врати од излегување ми замириса на машки парфем, му викам мирисаш на Лаш, вика само на рацете ставив а толку многу јако се осеќаше. Сабајлево кај што стоеше плочката цел шкаф мирисаше.Е сега roots сеуште не сум го пробала, за да кажам нешто. Остана ltgtr да стигне да видиме дали ќе ми се бендиса
Минатата недела обновив залихи на Аромако и кремот за лице Vanishing го нарачав. Од тестер го пробав, мислам дека нема да сменам крем за лице за брзо време. Имам мутава навика да се зачепкам и црвенило да направам од ништо и рог да ми се направи, со кремава веднаш црвенилото се повлекуваше и рогот спласнуваше. @koritsaki кутивчето од кремава се важи во тие повратни амбалажи? Јас пак и шишенциња прибрано имав, фатив ги фрлив нив, мислев и тие се бројат Во претходната нарачака нарачав и плочка, а денес видов има еден куп нови и криво ми е што не почекав, ама па не знаев