Веќе ти дадоа некои препораки. Ако ти се допаѓа мирисот на пез бомбони од лимон, Avocado Cowash, иако ги имаш и другите што ти ги наведоа, но мене тие ме асоцираат на освежувач за соба-кола-веце. Кој било цитрусен парфем земи го, нема да ти трае подолго од тоа. Цитрусот е обично во top notes баш поради таа причина, не трае долго, за разлика од дрвени, мошусти, ориентални ноти.
Ме примамивте и јас да нарачам за прв пат Сакав да ве прашам за мислење. Сакам да нарачам лосион за тело, се мислам помеѓу snow fairy или sleepy? Како сте задоволни од шампоните? Го гледав Wasabi Shan Kui? После породилниот период премногу ми паѓа косата, ми се изретчи и немам волумен. Спреј за тело: Let the good times rolls гледам премногу е фален, но какви се honey i wash the kids и lord of mistrule? *Обожавам благи работи, само да не се цветни. Мирис на карамела, ванила.. И какви се со трајност?
@TammiB5 Sleepy мириса на лаванда, а Snow fairy цреша плус ванила нешто така За шампоните имаме доста зборувано, јас лично бидејќи имам бланширана коса некои од нив ми ја сушат косата и почнав да ги одбегнувам еден од нив Big е а дава одличен волумен. За тој што прашуваш е супер за поттикнување раст, го имам користено Honey I washed the kids е благ мириса на мед Lord of misrule го имам и мириса на пачули Yog nog мириса на крем бруле, на топла ванила , моментално сите алишта ми мирисаат што сум ги носела последниве денови LTGTR го нема џабе и да сакаш да го купиш
Snow fairy го порачав неодамна, мириса на bubble gum, така најблиску можам да го опишам мирисот. Исто после пораѓај косата почна многу да ми паѓа, се управив со шампонот за волумен squeak (мириса свежо на манго) и со третманот roots. Lord of misrule ми беше прејак некако, затоа го чекам LTGTR да стигне мислам дека многу ќе ми се допаѓа според пишуваното тука и видеата на тикток.
Во среда кој ќе отиде најрано да провери дали нашата серија на Yog Nog ќе биде добра исто така и за Chelsea Morning А исто и со Стики, што ако мириса исто како ЛТГТР нема потреба да се купува ако го добијат кај нас во јануари.
Мене sleepy ми беше еден од првите фаворити кога започнав со купување од Lush,затоа и земав спреј што мириса исто како него и од таму се навлеков со купување од Lush, Wasabi ми даваше волумен ама ми ја сушеше косата, некако јак ми беше а јас имам тенко влакно, за мене најмногу ми се погоди Seanik цврстиот шампон и Honey I washed the kids
спремни сте за утре? ако помине некоја наутро накај штанд нека пише импресии, јас дури вечерта ќе одам
Не, ќе им пристигнат утре спрејовите што ги чекаме. Затоа сме возбудени. И јас ќе чекам онлајн па кој отиде прв нека даде зелено светло дали да нарачаме.
Мене ме интересира дали има спреј што мириса како super milk? Многу убаво ми мирисаинаку јас пред неколку дена само што направив нарачка за Roots и путер плочка Lord of misrule. И сега како што кажувате за тој фамозен ltgtr ќе ме убедите да направам нова
Чекам рецензија јас не нарачав спреј, за прва нарачка го зедов super milk, aromaco део и angel шампонот, исто им пишав да ми пратат тестерчиња после толку читање тука конечно да ги испробам нивните производи
Да праќаат, во забелешка обично си пишам што сакам и секогаш тоа ми праќаат. А ако не ставам што сакам секако праќаат по нивна желба (и така се прелажувам стално со нови производи) Јас го нарачав супер милк, многу е зборен и се троши. Јас на штанд го мириснав, не ми се допадна и баталив. Ама пак упорно читам насекаде фалење, а мене секогаш ми се свиѓаат најфалените и си реков ќе нарачам, сигурно е поразличен на коса. И еве го користам неколку дена ама освен коа ќе шприцнам после тоа не осеќам мирис. А коа ќе шприцнам тој почетен мирис не мжми се свиѓа
Јас го осеќам мирисот долго и баш добив коментари дека многу убаво ми мириса косата ама па не ми ја хидрира доволно косата, треба плус и регенератор за време на капење да ставам и тој, а мислев само тој ќе биде доволен
Шампонот го немам користено. Од aromaco сум задоволна, го користев во бременост и цела бременост ми траеше. Super milk го користам моментално, мирисот е доста траен, преубав. Пред неколку години купував по нешто, а сега некако се навлеков скроз на производите и едвај чекам да пробам нешто ново.
Незнам, многу ми е чудно како сите го зборат, а јас практично не осеќам мирис. А тој почетен што го осеќам ми мириза на железо Јас во комбинација со Кенди рејн регенераторот го користам и за хидратација е топ. Мене мирисот на кенди рејн ми е совршен, ама не се задржува и тој