Го пратив маж ми, место dream cream од 45г земал од 240г. Па и краток рок до 24.6.2025. Ќе се шлакам на велико.
Некоја ако помине од штанд, ако може да види дали го донеле пилингот Celebrate или да праша дали планираат да го донесат? Видов дека на страната ја имаат само плочката ставено овој пат, а од пилингот бев ептен задоволна.
Ја па се прашувам, оние бомбите за во када и другите ствари што се за бањање, нели интересни бои имаат, баш кул кадата ја праат, дали после бањање боја останува и тешко се вади? Не оти ќе користам, онака неам када, чисто ми текна еве сеа. Спојлер Моето новогодишно пакетче Па, чекам да стигне За кремата и регенераторот највише ми е
Радости Плочкава за пилинг колку интензивно мирисала wow Сапунот meh но мислам нема да е лош Candy Rain и Vanishing ги знам оти се топ И тестерчињава исто пресовршено ми мирисаат, свежо и вкусно Значи дефинитивно штедат веќе на тестери, само по 2, никако поише. Ај, да не ни се слоши.
Го имате користено шампон барот за коса New? Искуство? Имам проблем со опаѓање а за Wasabi читав дека многу ја сушел косата, за овој има подобри рецензии
Ако имаш проблем со отпаѓање најдобро започни со третманот Roots. Дефинитивно најдобро решение за отпаѓање на коса
Wasabi ми беше мене подобар, во комбинација со Roots третманот. Не ми ја исуши косата воопшто. New беше онака, свежина даваше ама дека нешто влијаеше на опаѓањето или растењето тоа не.
Пробај дирекно, јас со мејлови не завршив работа. Знам дека имаат великодушна политика на враќање во странство, а кај нас не знам. Можеби јас не бев упорна.
Можеби е подруго за работи купени онлајн? Минатиот пат мислам дека ни фискална не добив? Патем, ви се допадна ли нешто од новиот community launch?
Јас го сменив путерот lord of misrule без проблем, онлајн ми беше нарачан, ми кажаа да ја одбијам пратката со lord of misrule и дека ќе ми ја пратат замената.
Неотпакуван нели? Значи прават замена у случај да не ти се допадне, да се предомислиш или да го имаш згрешено.
Да неотпакуван, преку мејл комуницирав. Дечкото баш беше брз дури и ми се јави за да сме се разбереле побрзо.
Јас да ја пофалам плочката Buffy, баш е убава и практична. Навистина оставало малку мрсно, како лосион да имаш нанесено после туширањето. Не гребе премногу, баш таман според мене. И преубаво мириса. За Candy Rain коа ќе го потрошам цело, ќе пишам каков е. Неколку пати иам ставено, па што знам, нешто посебно нема засега. Мирисот ми се допаѓа многу, ама да трае дур до следно миење, воопшто не, и покрај тоа што на секој втор или трет ден мијам коса. Мене не ми се задржува. Vanishing кремата веќе ја имам пофалено, одлична е. Додека сапунот The Night Before Christmas Delight ич не ми се допадна. Ни мирис, премек, се топи ко снег..