Селски финти што само кај нас ги има. Попуст што го тргнаа пред да го купам сетот. Инаку не си трошете пари, само на некои сапуни и купки и бомби има попуст, ништо од парфеми и спрејови, барем засега. Иако не треба да биде така, ама ајде. Ако се смени нешто во меѓувреме, ќе видиме. Update: на некои работи ставија стикер попуст ама нема никаков попуст во цената. Ќе почекаме до утре апдејт на страната.
Ги избришаа попустите, имаа проблеми со страната, од утре ќе биде попустот! Попустот започнува на 10.01.2025 трае до 08.02.2025 или до потрошување на количините
A на што точно ќе има попуст ? јас денеска си изнатрошив пари во лаш па кажи ми дали ќе има на сперјовите зошто ако има на нив ќе ги плачам парите хахаха
Да се приклучам на темава. Ме зарази @WhiteCat33 со Lush. До сега купено The Roots и Wasabi. Преубави, за брзо веќе се намали опаѓањето на косата. Ме заразија со регенератор тестер Candy Rain. Косата преубаво ми мирисаше 3 дена. Чекам да ми стигне таа нарачка со дополнително цврст деодорант за тело и Handy Gurugu крема за раце. Сабајлево направив и нарачка од попустот Snow Fairy гел за туширање и лосион за тело и Season's Greetings. Боже забегав со трошење пари
Аман од тие шумливите купки и бомби за во када, 80% од попустот е на нив. Кој ги купува незнам, 500 ден за бомба за во када кој дава. Па и коа има нови колекции коа ќе ги видам скоро цела колекција вакви, ми се темни
да сабајле го имаше, рано бев станата уште во 6 и спрејот го немаше тогаш, а лосионот го имаше. Си реков ај да почекам да видам што друго да нарачам и еве сега веќе и тоа го нема
Гледајте што прават, прво немаше попуст, па ставија до 395, па го кренаа стотче. Еве и новите спрејови/парфеми почнаа да ги ставаат, почнувајќи од Mr. Wallet. Но ништо од тоа не е намалено.
Женски јавете се во продавница прашајте дали има останато уште нешто, има сигурно останато ама не го ставаат онлајн како залиха. Може ќе се смилуваат и ќе додадат нешто?
Да да, за цениве па уште и да ги молам Како бев заљубена во Лаш, сега само повеќе и повеќе одбивни ми стануваат
Не е само кај нас, ако ви е за утеха. Со boxing day sale некои работи си ги купиле луѓето само за да 1) им кажат дека веќе не е достапен производот иако успеале да го стават во кошничка и платат 2) им доцнат нарачките повеќе од месец дена 3) им стасаат грешни нарачки / воопшто да не им стигне ништо
Стигна многу брзо нарачката кај мене. Односно стигнаа двете одеднаш. Ќе ги пробам и пишам импресии . Немаше тестерчиња во кутијата со попуст