Мишела едно такво топче е 55 грама. Инаку цената на овој конкретно е 520 денари ако не се лажам. Го имам истиот проблем, и барав рецензии на интернет за него, доста го фалеа, ама сеуште не си го купив.
Конкретно овој шампон го немам користено,ама имам тврд шампон користено од нив и нека не те лаже тоа што ти изгледа малечок. Прави многу обилна пена и да не претерам ама ми траеше 2-3 месеци со миење секој 2 ден. За разлика пример од другите шампони каде што самото шишенце им е направено пола да ми испопаѓа по када шампонот. Што значи стварно се исплати. И преубаво мирисаат и се задржува ептен долго мирисот.
Воопшто не ми е проблем тоа што е малечок, ете и Тајгерлејди потврдила поназад во темава дека навистина траат шампониве и не се лажги со опашки и ќе го преболам ова зашто навистина шампони трошам како луда, па за 2-3 месеци и истата цена приближно би ја достигнала. Така барем обезбедена сум некое време нели, ама ме плаши малку да не нема ефект па џабе џитната петстотка. Мечка страв - мене не страв, да се присредам малку и ќе си го купам најверојатно при крајот на месецов (таман ќе се оттарасам од овој моменталниов) и секако ќе пишам, се надевам дека ќе се пролонгира моето миење барем еден, еден и пол ден. Ќе ве известам наскоро, држете ме за збор.
Незнам зошто многу ретко имам купувано од Lush.. Мајка ми има земено неколку сапунчиња само, и розевиот Bubble Gum Lip Scrup.. Али читајќи ве сега тотално се заразив, прво идење и разгледувам се живо и диво таму А мирисите се...ахх нешто најубаво на свет. Сакам да ве прашам, за тврдиот шампон New, тој за мрсна коса и поттикнување на растот на косата.. Јас имам мрсна кожа, а со тоа и коса нели, иако не премногу..али сепак, нели овој шампон ако е за мрсна кожа, ќе ја суши кожата, а со тоа предизвика и првут? Никогаш не сум имала првут пу пу, супер ми е вака..сакам да го пробам али страв ми е да не суши па премногу.. Ај тие што го користеле нека пишат
Девојки, јас го купив тврдиот шампон, вака од прво користење ќе споделам импресии, па по некое време ќе пишам пак. Многу е специфичен, дали дека прв пат користам ваков тип шампон, ама чуден ми е некако. Убаво пени, нема потреба да се протрие милион пати за да се насками убаво косата и мириса фино. Што е најважно барем според мене, остава убав мирис и по миењето, кога косата е убаво исушена. Јас го комбинирам со еден на Balea, па океј е, не ми се мешаат мирисите зашто другиов нема некој јак и така специфичен мирис. Коса миев во петок, денеска е океј иако ме фати малку дождот, а утре веќе ќе биде капут што значи дека вака од прва супер се покажа, мене ретко ми издржува косата свежа толку долго време. Се надевам дека не е само првично залажување и дека нема да ми направи првут. Ќе пишам пак.
Јас имам нормална накај мрсна коса, значи на 3/4 дена морам да измијам коса. New не ти е конкретно за мрсна коса, општо е за поттикнување на раст на косата и зацвртување. Јас прво него си го купив и воопшто не ми ја сушеше кожата, ни п од првут не видов ама да напоменам дека многу ретко имам проблеми со првут. Ако те мисли ова со првутот, можеш да си земеш соодветен за мрсна кожа, мислам со лаванда беше, еден син што е за освежување на косата или еден зелен (тој го имам моментално) кој е за нормална коса. Јас барем колку што знам, првут честопати е реакција и на хемикалии во шампоните, а овие бидејќи се природни немаат ни тоа, ни алкохол за да ти ја сушат кожата. Искрено, бидејќи мал број на луѓе кај нас ги користат Lush јас се прво проверувам на интернет, има мал милион рецензии.
Да, таа е цената за 55г. Засега е океј, кажав дека сепак тоа ми е прво користење и обично вака кога менувам шампони се покажуваат океј, ама по некое време пак е по старо. Косата ми е океј и денес, а четврт ден ќе да ми е, ама сепак ќе ја измијам зашто имам чувство дека ми е залепена иако огледалото кажува нешто сосема друго. Нареден пат ќе го пробам во самостојна верзија, без да мешам шампони. Мислам дека ќе се дружиме долго или барем се надевам. Ќе пишам девојки, за некое време додека убаво да се привикне косата кон него.
девојки од фирмава има парфемчиња за во плакар? Барав на страната не можам да најдам, а ми рекоа дека би требало да има. Незнам да ги најдам или ги нема?
Спојлер Прекрасно нешто!! Чистач за лице - Dark Angels . Значи толку сум задоволна,на сите им го испофалив па и тука ајде Препорачано е за мрсна кожа, и многу добро си ја врши работата. Мислев дека ќе ме пресуши зошто и продавачката ми го рече истото демек многу сушело бла бла..ама си ја знам ја кожава каква ми е мрсна така да,си го земав. И не згрешив! Значи дава мат ефект,одма кога ќе се измиете со него и имав чувство на суво и затегнато лице ,но после неколку минути почнува да дејствува повеќе веројатно што кожата толку е мека и мазна што само си се допирам по лицето Плус дава некој си природен сјај , ама не свети кожата во никој случај. Го користам веќе 3 недели и се подобар и подобар ефект имам,од сега овој чистач за лице ќе си го користам. Веројатно и мирисот ве интересира,епа баш и не е убав.. мириса баш на кал/јаглен Ама битно ефектот му е 10ка. Исто така,покрај тоа што чисти прави и добар пилинг на кожата. Поточно,и пилинг е на некој начин За мрсна кожа е рај,дефинитивно. 555 ден. за 100 гр. тие што ги интересира. Спојлер П.С. Мене продавачката ми го препорача да го користам секој ден наутро и навечер. Е сега,мене навечер не ми е проблем и така секоја вечер си го средувам лицето пред спиење,но наутро стварно немам време да се шлапам со ова така да ја само навечер го користам (но не секој ден зошто е пилинг, а секој ден пилинг не е добро) што мислам дека е доволно
Си купив сапун за пилинг, многу е преубав, разликата е очигледна. (како нова кожа да имав на мене). Продавачката беше многу љубезна, до толку многу, што ме фати незгодно, многу ми се стави над глава, чекај вака-чекај така, јас се брзав автобус да фатам, таа ме држи тука. Во ред е да се биде љубезен, ама не и наметлив. Производите се супер, ама многу скапи, дури и прескапи. Поготово за таа мала грамажа. Ај кажете во сапун од 100 грама колку треба да ставиш природни состојки за да се постигне таа видока цена? Па не се златни. Гледам и други пишувале за тоа.
Моментално го користам Карма сапунот, али нешто посебен избор во Рамстор не ни имаше, а ме мрзеше да акам до Сити Мол...како и да е сакам да го пробам следен Angels on Bare Skin за лице и некој тврд сапун за коса...
Во принцип никогаш не купував ништо од LUSH, не знам зошто, но сега налетав на продавница на LUSH, имаше попуст на Halloween колекцијата, и о боже не знам како воопшто излегов од таму. Си изнакупував сапунчиња, купки, желеа и што не. Има преслатки работи од купки во форма на пингвин, сапунчиња со Дедо Мразовска глава и најубави мириси. И си го најдов откритието на векот, кремасти сапунчиња, прво се чудев и после сфатив дека ја оставаат кожата прекрасно мека. И на сите производи мирисот трае и трае. Само желето, цела када ја испошлапав и се исполизгав. Тоа чудо јас веќе не го купувам. Имаат додуша малку повисоки цени ама вредат, дефинитивно.
Мала рецензија од мене за производите што ги користам и што сум ги користила.Најпрво да започнам со производите за лице Fresh farmacy Спојлер Најдобриот чистач што го имам пробано од lush. Не ја отстранува целосно шминката, значи мора претходно да се извади ако е појака, јас лично само шминката на очите ја вадам со бадемово масло, па потоа се мијам со овој чистач. Кожата ја остава нежна, чиста, ја смирува и е одличен за комбинирана кожа. Не ми се допага тоа што не е целосно природен и што има sls. Herbalism Спојлер Кај овој чистач ми се допага тоа што е целосно природен (ако се занемари парфемот, што не им требал) Прави нежен пилинг и ја остава кожата со нежен сјај препоставувам дека е поради маслата што ги содржи. Но не го дава тој ефект како fresh farmacy, ефект на чисто лице. Со овие чистачи сум најзадоволна, останатите надолу се покажале како полоши секако за мојата кожа. Aqua Marina Спојлер Целосно природен со парфем, но мене ми правеше мозолчиња. Мислам дека е за малку посува кожа иако ја има истата главна состојка како кај fresh farmacy каламин прав. Dark Angels Спојлер Само три пати го имам користено, му го купив на брат ми за мозолчињата. Дефинитивно за мрсна кожа, мене ми го сушеше, но не предизвика мозолчиња. Можам да го користам со помрсна крема.Има слс. Не го користи редовно за да тврдам за игурни резултати за мозолчињата. Grease lightning Спојлер Од хемија има само метил парабен. Не е чистач туку третман за мозолчиња, но јас го користев на цело лице бидејки имав мали но внатрешни мозолчиња. Не можам да кажам дека ми помогна кој знае колку, навистина не забележав голема разлика. Огромен ке биде постот па затоа друг пат ке пишувам за кремите, тоник, пастата(апченцата) за заби, сапуните, дезодорансите, путерите за тело, пудра за тело и шампоните. Се надевам некој ке има помош од овој пост PEACE OUT
http://www.lush.com.mk/shop/product.../id/621/ЛИЦЕ-Чистачи-за-лице-grease-lightning На странава може да си ги најдеш сите цени и да си порачаш инаку 500 без 5 ден.
По стоти пат печат и потпис за квалитетот на тврдите шампони. Го потрошив зелениот и да пишеме една рецензија нели.... Прво боже колку траат. Точно знам кога го купив, крајот на јуни со пари од роденден. Ми траше до пред две недели и ако соберам колку пари би дала на други шампони сигурно ова ќе излезе многу поефтино дури и во споредба со оние масивни ефтини шампони. Второ квалитетот. Последниве две недели не стигнав да си купам друг и користев од Wash and Go на мајка ми. Веднаш приметив разлика, многу побрзо ми се мрсеше косата, некако безвезно спласната ми беше. И не можев да се снајдам со течниот шампон бе... Сега решив да си го купам жолтиот Godiva Цело време го меркав, на јасмин мириса (кој апсолутно го обожавам). Не ми е само јасно зошто е поскап во споредба со другите, ама знам дека ко демек е и регенератор и шампон во едно па може ради тоа. Не врска, одлично пени, косата ми мириса прекрасно (иако ми е затнат носот) и е мека. Дефинитивно се откажувам од другите шампони, овие од секој аспект ми се подобри.
КОЛКУ ЧИНАТ ШАМПОНИВЕ ? САКАМ ДА ЗЕМАМ АМА НЕЗНАМ ДАЛИ ЌЕ МИ БИДАТ ОК ПОШТО ИМАМ КОСА ДО ПОЛОВИНА И ТОА ВИТКАНА ПУЦВАЛ ЗНАЧИ МНОГ ДОЛГА НЕ МИ Е СЕГА ЗА СЕГА ОШТЕТЕНА АМА САКАМ ДА ПРОМЕНАМ СО ШАМПИНИВЕ ПА ЧЕКАМ МИСЛЕЊА