Таков беше подарокот. Season's greetings се вика. Гледам го немаат веќе на сајтот . Сите кутии ги има на сликата зависно од кој подарок ќе си нарачаш. На пример овој доаѓа спакувам во друга кутија: https://www.lush.com.mk/Popust?product_id=1378 Едит: го најдов на швајцарска страна со производите: https://lush.ch/fr/products/seasons-greetings-gift
Со здравје да си ги трошиш @marrisa! Јас добив порака дека е стигната во ЕЛС и предадена на курир, ѕвонев, исклучен телефонот. Утре мислам дека не работат, така да дури понеделник... Инаку секогаш ми е страв дека нешто ќе фали или ќе истече (се има случено) или ќе се изронат бомбите. Треба да важи ваучерот, само мислам дека има рок, проверете си.
Фала ти . Немаш право да се пожалиш ако истече нешто или ако фали? . Да знам ако е така да си одам нареден пат директно од сити мол да си земам. Иако сега со попустов немавме избор, мораше од веб. Кај мене се си стигна и се беше ок. Порака па дека е предадено на курир не ми стигна. Ќе ти стигнат сигурно во понеделник Ваучерот пишува дека важи до 30 ноември 2025.
Изгледа секој различно важи. Купував од новогодишните што беа, баш почеток на декември. На едниот (зашто сум поблиска имам инфо) ваучерот важел до 31.12.2026.
Епа оти они се еко френдли нели се оградуваат од тие работи зашто знаеш дека нарачуваш без пластични пакувања и не знам што. И ќе речат од кај да знаеме дека ти сама не си го истурила/скршила/скрила. Да, на другарка и е до јули 26та. Мојот, ќе видиме ако стигне сетот.
Е па да, многу ќе се потрошат, пошо 10% попуст е премногу, веќе губат Волку нервозно пошо од постовиве сфатив дека со сите нарачки од попустов-добиваш купон за 10% попуст при следна нарачка.
Јас баш имав позитивно искуство. Буквално денес ми стигна порачка со скршено пластиче од спрејот, меѓутоа си функционираше и веднаш им пишав мејл чисто да прашам дали би ми го примиле така кога ќе правам поврат на амбалажите. За околу пола саат ми се јавија најкултурно дека не би правеле проблем при поврат, ама да си дојдам кај ми е најблиску да ми го заменеле со ново да не го користам така скршено. По мене супер однос кон клиент иако не се они криви за оштетувањата при транспорт.
Браво за тоа. Реално на тие што се од другите градови не знам колку ни се исплаќа да одиме до Скопје за такви работи, па јас си преќутувам кога има нешто (ако не е до степен на нефункционалност).
Чудно зошто кај мене е порано . Секако имам доста време до ноември, ама нз зошто секој сет различно. Супер. Значи може да се пријави и да ти заменат .
Јас ја користам целата линија. Не е нешто посебно, но ете помага кога сакам да мирисам на стики дејтс подолго. Иако гелот мириса најубаво, требало прво да го доловат целосно кремастиот аспект од гелот и лосионот во спрејот.
Јас бев до City Mall и го земав Jumping Juniper шампонот, супер ми е Soak and Float, ама откако ми потпорасна косата многу брзо почна да ми се масти, посебно кај шишките и позади уши, и викам ај да го пробам, знам го фалевте тука, се надевам нема да ми ја исуши косата. Ми даде девојчето и од Happy Happy Joy Joy регенераторот тестерче, па ќе видиме каков е, иако не користам ич регенератори, ме мрзи. Иначе мислев дека попустот важи и на штандот, и си го земав и средното пакување од Snow Fairy шампонот (Barbie по старо - супер беше, премека ја прави косата) и Lord of Misrule спрејот, и девојчево ми кажа дека само онлајн важел, и како попче си ги вратив. После си ги нарачав од дома на упола цена. Имам собрано 5 празни кутивчиња, и баш го прашав девојчето за дали уште даваат свежа маска како подарок, ми рече дека давале до скоро, ги нарачувале да стигнат, но изгледа веќе не, сум можела да си одберам сапун. Ги видов тие од новата колекција, еден зелен како замок и еден бел ко круна, преубаво мирисаат, особено тој зелениот, и оној Christmas зелениот од бор, цимет и портокал има исто специфичен мирис. Не дека сум луда за сапун, ама мирисиве им се врв - плус кога е бесплатно, зошто да не.
@theunforgiven Баш сум пишала пред неколку месеци за Goongala. A мислам дека и косата не ја правеше нешто посебно, уште на првите две-три ставања не ми беше нешто уау, а после тоа дури ми ја сушеше и сплескуваше малку. А ми рекоа истата функција ко Soak and Float ја имал - не би рекла. Соработкиве најчесто им се поскапи, а не е вложено многу во нив ко во редовни колекции и ко да не се толку добри.
Јас само да кажам дека Aromaco - Цврст деодорант воопшто не ми се допаѓа мирисот и ме потсеќа на мувла. Денес маж ми ме праша да не имаме влага во станот дека му мирисало на мувла и се изнасмеа кога му кажав дека јас уствари изгледа му мирисам така . Баш ми е криво за парите ама ајде сега знам дека не е за мене...
@blueeparadise Со 5 кутивчиња даваат сапун за подарок. И јас прашував за маска за лице, ама ми имаа кажано дека 2 месеца треба да чекам да ја донесат. А кај нас во Грција ги има маските свежи за лице да се купат така да во Македонија кога бев си избрав сапун за тело