Се тоа супер, ама џабе набројани состојки кога @blueeparadise како што видов прикачи слика со ново полно мерено LOM 198гр, а моево исто LOM полно е 223гр. Макар што и да е друг мирис со поинаков состав сигурно нема да се разликуваат 25гр.. па со јогурт да ја споредувам тежината нема 25 грама да се разликуваат
@SM12 Ахх, не сједајте ми на муку. Од сега со кујнската вага ќе им идам во продавница. Иначе да не биде дека се е жалби и поплаки, Snow Fairy шампонот е преубав, исто како што си беше претходниот. Мирисот не ми се свиѓа нешто нај од шише, преблаго и на bubblegum, ама после косата стварно убаво мириска. Убава форма дава на косата, сјај, мекост, малку волумен, супер е.
Јас... ми се иде да земам такво, како се вика не знам точно, епрувета не е, ама што и да е-мерилица-да истурам во неа и да видам колку милилитри има. Лесно ли се вади капачето од шишињата на спрејовите?
Прелесно, не е запечатено фабрички, одвртуваш само и толку е. Ама се напнавте вие за ова со милилитражава секоја чест на нервите. Реално, за тоа у право сте, доста краделе на грамажа ако е така. Никад не сум мерела, а и неам како да мерам. И како ти се допаѓа спрејот? Трајноста?
Па ми „отворија очи“ мене, конкретно )))) Измерив и-стварно. Инаку, замисли, уште немам ни прснато од спрејот! Немам време, а и немав за каде, освен за по дома. Сега деновиве ќе го пробам, исто и другите работи што ги нарачав.
Инаку, тестирав гел за туширање Cempasúchil Па, не е лошо. Цвет од невен? Веројатно, иако не го доживеав така. Некако овошно го доживеав јас. Ете, може е до мене, да се надоврзам на претходниот коментар. Има светки низ него, исто така. Ме расположи т.е. ме одржа во фино расположение. Дали би го купил за да го користам? Не. Секако е лимитирана едиција, па, ништо страшно. Во секој случај, убав мирис и стварно ги отвора сетилата!
Конечно денес го отворив пакетот од попустот што нарчаав и го добив. Прво што ми падна во очи дека нема ниту едно тестерче зашто вака? Дека попуст? Барем на ова не штеделе, секогаш се радував нешто ново да пробам… Yog Nog спрејот многу го бендисав. На непробано од тука го нарачав и ми е најдобар до сега Snow fairy лосионот за тело многу некако течен, сакав погуст да е како стики. Snow fairy сапунот нема никаков мирис :/ Сега следно ќе ги чекам posh chocolate. Се сеќавам срцето soft coeur многу го сакав. Уште го имам дома, сум го заборавила на поча во еднп лаш кутивче мислејќи дека е празно. Текстурата му е тврда сега не е за користење ама мирисот му стои, си го душкам така. Би го зела пак
Јас го нарачав комплетов Season's Greetings, плус тврдиот шампон Goongala. Rose Jam - Претходно од тестер многу ми маваше на рози, сега можам да го поднесам некако и ок ми е. Yog Nog - Најмногу мислам за ова и ЛТГТР нарачав комплетов и кога стигна и го отворив и мириснав ми се стемни. Мене ми мириса на кари сос. Никаква слатка нота не осеќам. Буквално ко павлака и кари сос да мачкам. На раце ставив, дали 5 минути издржав да не го измијам. 3-4 пати го пробав и на раце и на тело не бре, упорно на павлака и кари ми мириса. И на сестра ми и дадов да стави, бегај ми вика шо е ова на кари мириса. Или ќе го подарам или ќе заврши во канта. Shoot for the Stars - Пилингов убаво ми мириса, повеќе сум фан на погруби пилинзи, ама ќе се искористи.Благиќко, карамеласто ми мириса. Christmas Cranberry - сапунов, убаво свежо ми мириса. King of Skin - Путеров, убаво ми мириса свежо на портокал, го немам пробано бидејќи имам 100 гелови и сапуни затрошено. Let the Good Times Roll - Е гелов, најубаво ми мириса Има и ситни светки низ него како Golden Egg. Goongala - тврдиот шампон, до сега 3-4 пати ја имам измиено косата и засега добар ми се покажал, пени доволно, за разлика од Coconut што нерви кинам кога го користев. Не ми ја мрси/суши засега косата. Кога веќе го спомнав Coconut - тој па ептен ми ја сушеше косата и го искористив за раце миење. Ај и така почнав да пишувам, да допишам и за друго во меѓувреме што пробав Dark Angels - Убав малку погруб од Bright and Beautiful. Откако ќе го измијам, убав сјај дава на кожата. Би го купила. Bright and Beautiful - убав нежен пилинг малку пецка од солта. На цвекло ми мириса Таква и боја е. И овој ми дава убав сјај и би го купила. Vanishing Cream (Self - Preserving) - од кремов за лице сум презадоволна. Ми се исчисти лицето, ми дава и доволно хидратација и наутро и навечер. Lord of Mistrule спрејот - Траен, ама ми здосадува дури ми се лоши што рече некој погоре. И го оставив на пауза некој период. И есеј напишав ништо не кажав.
Леле да! Не можев да се сетам на што ми мириса јог ног, и мене не ми се допадна. Точно, баш на кари мириса.
хахахахахахахахахахахах ме насмеа, да си жива и здрава, на кари бе Ова е лосионот? Мене гелот за туширање ми мирисаше на сируп некој бљантав, не ми се допадна.
Леле како Ние си го порачавме со сестра ми и од едно прскање замириса цел спрат на шеќерна волна. Татко ми вика што е ова прегорен шеќер. Мене многу ми се допаѓа дека преферирам слатки мириси. Цел ден си мирисам на слатко Инаку да, на алишта повеќе трае.
Искуство На кари мириса лосионот, не спрејот. Не знам зошто досега го немаат реформулирано лосионот, тоа е универзална рецензија дека мириса на кари со малку суво грозје. Која од вас ми го украде celebrate путерот од кошничка ќе те скршам!! Се шалам, ама мразам кога таман ќе соберам производи за фри шипинг некој ќе се потроши
Добро е, не сум пореметена со мириси значи Лосионот. Јас па, ни отворив да прочитам некаде рецензии дека мириса на тоа. Овде ве прочитав и ајде реков. Никакво слатко, никаков шеќер не осеќам, буквално ко со кари да се порисав ми мирисаше. Па, на нозе се нашлапав преку хеланки ми мирисаше ко да се спремам за печење и фатив на ново се туширав. Можеби спрејот и гелот не мирисаат така ама лосионов не го можам.
А чекај, не го зеде сетот, туку само лосионот? Damn girl. Од лосионите јас само Стики Дејтс го користам, и го имам јог ног од сетот ама така фаќа прашина. Сакав сега да го земам sleepy во сет, ама нарачав друго вeќе. Плочките за масажа ги користам како лосиони. Не да е долг.... оваа ми е трета нарачка. Не сум саглам, но ете, зедов плата и сакав да земам од плочките, иако се истрошиле убавите. А и сетот што го сакав со baked alaska се потроши додека да земам плата. Ставаат по еден-два, и толку. Тие што купивте подароци, во секој сет ли имаше ваучер со 10% попуст? Читам на еден форум во некои сетови некогаш заборавале да стават, или пак само во поскапите имало. Исто, тие што сте користеле од баровите путери/масла за масажа, кој ви бил најубав? Јас се вљубив во Junk. Си ги користам и како база за парфемите да траат подолго.
Мене sleepy дефинитвно ми беше многу убав путерот/плочка за тело, имав и еден со магнезиум ама незнам како се викаше, не ме бендиса баш мирисот. Овај power of touch последно што го нарачав беше за поклон, многу убаво мирисаше на чисто па на некое овошје незнам точно да кажам ама немав можност да го пробам за жал да споделам повеќе А lord of misrule плочката ја подарив на маж ми многу тежок мирис на нафталин ме подсеќа
Аман од Лаш што не ги ставаат сите на попуст, ни Turmeric Latte не е намален а баш ќе ми одговараше со парфемот. Па дури не е ни 50% ама ајде, нова опсесија ми се сега плочките - ем лосион, ем тврд парфем, ем плочка за масажа (немам кој да ме масира, па отпаѓа третава функција). Power of touch е истиот мирис на парфемот orange blossoms што им беше намален. Веќе мислам дека нема да се произведува ништо од таа серија. Е од сега (по не знам кој пат го велам ова и не е последен пат), не нарачувам додека не излезат сите нови колекции - денот на мајката, таткото, Велигден, Бајрам, Сакура, Минјонс и не знам кои бакрачи таму. Posh Chocolate исто треба да им пристигне среде февруари.
Јас купив два сета пред попустиве. Цените не им ги памтам ама беа под 2000 ден и во двата имаше картички за попуст
Сет тој што го постирав на сликата во него беше и јог ног. Јас читајќи ве овде дека убав бил се подлажав, не ми беше јасно што ви е убаво на кари да мирисате Видов и гелот бил намален, ставив во корпа вчера ама се премислив. Од плочките што ги имам сум задоволна. ЛОМ, Sleep и Therapy ги имам. ЛОМ си мириса исто како спрејот, Sleep i Therapy на лаванда ми мирисаат и двета. Се мислев за Sex Bomb, Каrma или Junk вчера заедно со гелот и Аромако залиха да направам, ама се премислив. @wannaBeMomma Имаше и во мојот сет картичка за 10% (1995 ден беше сетот) ама на бугарски е напишана, врска немам дали важи овде.