1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

LUSH

Дискусија во 'Тело' започната од CoverGirl10, 29 мај 2011.

  1. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    383
    Ми фали кога Лаш праќаше по ТПЛ и за еден ден стасуваа работите. Дури денес стигна нарачката од пред неколку дена. И тоа бев до магацин да ја земам, сигурно ќе чекав до утре или понеделник да ми ја достават. Не сакам цветни мириси, ама убаво ми мириса Power of Touch, особено на тмурново време. И candy rain регенераторот ми е нова опсесија. Дефинитивно последна нарачка за месецов што трае сто години.

    Исто, не знам која вработена е на смена ама фала ти за тестерчињата срцка <3 Знам дека ве мрзи да ставате, ама ми значи.
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    И мене power of touch многу убаво ми мирисаше:)
     
    На carly j му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cvyka

    Cvyka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2016
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Имаат попуст овие некогаш за big шампонот?
     
    Последна измена: 25 јануари 2025
  4. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    383
    Не, во редовна колекција е. Но можеш кога купуваш друго да си бараш тестерче од него цело време :angel:
     
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    3.199
    Кој ги лапна кутиите со Rose Jam и Yog Nog? :lol:
     
  6. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    383
    Значи си додаваат залихи како што ќе им текне. Јас вчера кога проверив не ни имаше кутија Rose Jam, ама видов Јог Ног ја вратиле. Изгледа пак по една ставаат на залиха колку да се каже дека имало.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    3.199
    Лично мене тоа ич не ми се свиѓа, така што прават. Као... Цел ден ли да рефреширам треба, за да уловам нешто? Пример, денес ќе земам нешто од 300 денари, ќе платам додатно за достава. Утрето ставиле новитет кој го сакам и ќе ми донел бесплатна достава. Стварно не ги разбирам, што им е поентата?

    Се мислев за Rose Jam, за малку ќе го нарачав. Ама, не бев сигурен како ќе мириса. Ако е бугарска роза-ќе се зезнев. Но, читав по форуми дека не е баш таков мирисот, па затоа се двоумев. На крај, си реков ај да не трошам пари, немам уште многу до следна плата :))))))) Ама стварно беше фина цената, бомба за када, гел за туширање и спреј за тело 100 милилитри за многу ниска цена (околу 7-800 мислам беше?).

    Инаку, само во таквите промотивни пакети/подароци ли има спреј за тело од 100 милилитри? Не знаев дека има и таква опција, мислев сите им се по 200 милилитри.

    Исто и за Yog Nog кога го видов, ама не би да земам нешто што мириса на карамела на крај од зимските недели. Сега нешто посвежо ми треба.
     
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    13.956
    Пол:
    Женски
    Прееееееблаго и за мене прегадно мириса. Мармалад некој од рози ако сакаш со еден тон шеќер, тогаш би ти се свиѓало. Баш така мириса.

    Само во тие сетовите се од 100мл спрејовите.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    3.199

    Читав по странски форуми, 90% го фалеа, преубав бил, особено гелот за туширање, како им бил бест-селер ова-она... Но, некако ми иде во глава дека го имам мириснато на штанд кај нас и дека не ми остави впечаток, и покрај тоа што сакам рози.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.893
    Допаѓања:
    107.975
    Пол:
    Женски

    Avocado co wash e свеж мирис. Twilight не е некој јак мириса на лаванда
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    13.956
    Пол:
    Женски
    Ги качиле цените на спрејовите за 100 ка..
    ЛТГТР и уште некој не го покачиле само.

    Далеку од свеж, далеку.. Го мириснав скоро, сѐ само свеж не бил. Многу чуден мирис, не ми се допадна воопшто.
    Јак не ми беше, туку само чуден, мирис кој никако не би сакала да го користам.

    Не е за порачување на слепо дефинитивно.
     
    На carly j му/ѝ се допаѓа ова.
  12. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    383
    Ќе чекам пак догодина за нарачување да видам што ќе биде на попуст. Имам 5 спреја што ги ротирам, таман да ми потраат до крај на годинава. Можно е една-две работи да купам од новите колекции што доаѓаат, да искористам 10% ваучерот, инаку... доста беше лупање пари. А цените само ќе им се качуваат, за жал.
     
    На Medea., Mrs. right, WhiteCat33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    3.199
    Затоа што живееме во ера на онлајн-пазарување? Затоа што немаме нивни штанд во градот кај што живеам? Друго?
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    6.723
    Мислам дека им е потрошен веќе, ко да не го видов вчера на штанд. Го имаат парфемот, ако ти се даваат 2000 за 30мл. Иначе стварно е супер спрејот, мене многу ми се допаѓа LOM уште одамна, може би го земала и парфемот понатаму, тој им е мислам преку цела година.

    Unrelated, јас сега си го земав Happy Happy Joy Joy регенераторот, ми го дадоа последен пат како тестер со нарачка и баш ми се допадна. Туку, го прашувам девојчето таму дали го имаат Dirty парфемот од 30мл (што чини 1500 ден), ми вика не, достапен бил само тој од 100мл што е 3000 ден. И искрено не бев сигурна дали ми се даваат околу 4000 денари на Лаш во моментот заедно со регенераторот, и тука другото девојче се подаде и вика може ли нешто да кажам, јас го користам Dirty спрејот, ептен ми се свиѓа, ист е ко парфемот, долго трае, зошто не си го земеш спрејот - многу поекономична варијанта ти е, 200мл за 1500 ден ко да ми кажа (денес гледам на страната, 1900 денари го направиле :|). Другово девојче кога и упати еден поглед, ко работава ти нормална ли си, и почнува тука да ми збори како пошто бил спреј за тело и ќе фатиш да се прскаш многу почесто сегде, брзо ќе се потрошел, помала концентрација на мириси имал, може пократко ќе траел. :D Јас секако не сакав да го земам спрејот, ама не сакав ни да дадам 3000 за парфемот.

    И многу ми се интересни одредени Лаш девојчиња, има некои стварно фини, ама и некои што за процент/бонус ќе фатат да те убедуваат одоколу, дури на крај кога си отидов само со регенераторот, побарав два тестери и немав да платам со поситно, ми направи некоја фаца незадоволна мислиш крива сум што не сум направила промет од 5000... :D
     
    На carly j и theunforgiven им се допаѓа ова.
  15. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    У реду е. Смири страсти :D.
     
    На carly j му/ѝ се допаѓа ова.
  16. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    383
    Не направија ли доволно процент изминатиов месец, 15 илјадарки им оставив. Инаку, да, ми има дадено тестерчиња едно девојче уште пред да купам нешто, а има некои што не ми дадоа ни по сметка толкава. Фала богу дека друг пат се вратив кај првата пак да си докупам нешто. Во прилог им е да откриеме производи што би ни се допаднале. Ајде барем кај нас не ги тераат да ни ја мијат косата или да не масираат.
    Уствари, еднаш добив масажа од едно девојче, scratch that.
     
    На eliesaab, Medea. и blueeparadise им се допаѓа ова.
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.384
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Гледам донеле posh chocolate, планирам да го земам гелот за туширање. Криво ми е што го нема yummy custard лосионот зс туширање, омилен мирис ми е.
    Дали знаете парфемот Butterball дали стигнал некад кај нас или некад ќе стигне?
     
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    3.199
    Ама зошто е сѐ толку скапоооооооо :((((((( Мислам, сфаќам дека има многу што не им е, ама што знам... Прескапо е, па дури и кога е на попуст не е баш евтино.

    Сега се туширав со YogNog гелот за туширање. Хм. Сакам карамели, да. Ама изгледа си сака и расположение некакво. Мене не ми упали мирисот. Убаво е, да, те тера да го изедеш, да. Ама... Мене ми врати спомени од пред 20 години, кога правевме ајвар кај баба на село. Не знам зошто ама, еве, уште така ми мириса.

    Инаку, не знам колку ми има стоено гелов, кога отворив, како водено беше целото а светките беа паднати долу, на дното.
     
  19. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    383
    АЈВАР??? Како успеа таа нота да ја фатиш, не знам. Јас уште го немам отворено гелот, чекам прво да ги дотрошам другите ама забележав дека и кај мене има седимент доле, ваљда треба да се исклакца убаво.
    Ги мириснав вчера posh chocolate и тој со банана што им е, заедно мирисаат на крем бананче :*: Може ако направат некој мирис таков ќе се заинтересирам. Во гел/скраб/лосион форма џабе кога не се задржува многу. И лошо си прават што не ставаат се' онлајн. Од каде да нарачаат луѓе од другиве градови што сме кога не сме во можност да одиме до штанд цело време. Патем, како што кажаа погоре, ни јас не го видов ЛОМ на штанд, изгледа толку беше од него.

    А политика на Лаш е таа, реално прават голем обрт со мал број производи, тоа им е поентата. Ај барем да си ги поддржуваа вработените и да ги плаќаа убаво, ама на крај на денот, пак е корпорација што се грижи само за профит.
     
  20. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    3.199

    Истото го размислував и јас синоќа: дека се грижат за профит.

    И, дури сега укопчав дека немаат сѐ на сајт ставено, иако имам читано низ темава, ама изгледа немам приметено како што треба :))))) Како така? Не ми е јасно, каква е таа политика? Хм...

    едит: Ајвар не конкретно, ама на тие моменти, кога правевме ајвар, општ мирис, не знам како да го објаснам... Мешавина од пиперки, оган, природа, билки... ахахахахахахах знам дека е чудно, ама стварно на тоа ме потсети.