сите различно ги перцепираме нотите. најверојатно каранфилчето ти така го доживуваш - топла зачинета нота. искомбинирај го со јог ног лосионот за ајварот да го измешаш со кари
Леле се опседнав со супер милк , летоска го купив поради тик ток што многу го фалеа и стварно ептен трае и до сега немам добиено повеќе комплименти сите ме прашуваат што користам. Имам две од малите мислам дека се 100 мл кога ќе ми се потрошат дефинитивно ќе земам поголемото поисплатливо е. Јас имам долга тенка коса и ако претерам со прскање знае да ми ја слепи. Во лаш ми кажаа дека може и на рака да го прснам па така да го разнесам на коса. А за хидрирање мислам дефинитивно не ми ја хидрира косата само тоа без маска не може.
Е не си салам, си ме изнасмеала. Тогаш спомнав дали да нарачувам или не и пак нарачав, ама ептен ми ја закаснија од каргото во база дремеше точно 7 работни дена. Се јавив баш да прашам до каде е, дечкото од Ист ептен беше фин (позз Ангел , убаво го испозамарав ) ама кај да знам што била фрката. Спојлер Мене гелот убаво ми мириса далеку е од кари сосот што сеуште стои на полица. Сериозно не знам што намена да му најдам А за светките па, не приметив, оти се што фатам протресувам пред ставање ако нема пумпица *станува да провери во која состојба се сега* - Да делумно се наталожени доле, што не е случај со LTGTR и Golden Egg. Пилингов ми е многу убав и убаво ми мириса. Плочкава - прво го осеќам мирисот на жалфија, за по некое време да осетам мирисот на капина. Тестерот од Swirl of happines го немам пробано, ама бидејќи е со шеќер претпоставувам ќе ми се допадне. Мириса свежо цитрусно. Бомбава ја нарачав колку да дополнам да имам бесплатна достава. Мирис исто како Snow Fairy линијата. Во претходната нарачка имав тестер The juice is loose - мене на грозје ми мириса. Мала кога бев имаше некои глупи апчиња со тој мирис епа на нив ми мириса. Не го ни пробав, само така од кутивче го мириснав. Ај да прашам за супер милк - заради мирисот го користите или дава некаков ефект?
Па јас како што знам тој спреј е направен за виткана коса и против фриз. Јас го користсм за да не ми е разлетенс косата смс нсјвеќе го користам поради миризбата. Искрено освен миризбата барем мене не ми прави нешто посебно на косата.
Ауу, не ни прашав искрено, заборавив. 44 долари е во америка, 32 фунти во англија, значи околу 2000-2300 инаку, излезени се нови спрејови (snow fairy, intergalactic, golden egg) со светки што не знам дали ќе дојдат кај нас, а и главно коментарите се дека мирисот воопшто не се задржува. исто ќе излезе и колекција со shaun the sheep што наводно ќе има нов спреј, но со некој мирис на трева.
Инаку, имаат и нови производи, нови шампони Banana и Ginger во кутивче, регенератор Banana и некои за мачкање тело од Banana линијата видов, ама не ме интересираа многу, па не видов точно што има. Одма само девојчето ми даде тестери од Banana шампонот и регенераторот, како пробуваат да те навлечат значи . Ама собата и со затворени тестери од преска ми мириса на банана, на нешто слатко, и цело време го осеќам мирисот, не знам дали е шампонот или регенераторот, убав, сладок мирис е, ама overwhelming станува на моменти.
Дали ова е класичен чистач за миење лице, или служи само како пилинг после миење со друг гел? Сакам да го пробам ама имам веќе гел за лице, па ако е таков да не го купувам џабе да стои.
Многу долго време барам ефикасен дезодоранс без алуминиум, пред некој ден бев да го мириснам Аромако и не сум пријатно изненадена од мирисот. Дали да му дадам втора шанса? Какви се вашите искуства? мирисот воопшто не ме привлекува покрај сите позитивни коментари што ги пишува за него. Не знам дали проблемот е до мене
Мирисот не се ни осеќа. Барем носов мој не го регистрира. Битно ја врши работата. Дезодоранс е, на што треба да мириса? Ко парфем?
Мене ми беше одличен, и мирисот ми се допаѓаше ама па кога ќе го нанесеш под пазуви се губи секако, не само со Аромако туку и било кој друг да ставиш. Важно е дека штити и нема штетни состојки.
Имам тенка коса склона кон опаѓање со многу сензитивен и сув скалп, и сакам да го испробам третманот Roots. Читам многу позитивни мислења ама се плашам дали би направил проблем на мојот глуп скалп? Едвај погодив шампон и регенератор ради скалпот, ама косава ми паѓа како луда на секое миење и чешлање и ми се истенчува, па барам некое чаре и за тоа. Мислење?
Нема да згрешиш, препорачувам Само што ако ти е тенка косата, ја прави и многу мека, па може почесто да ти се мрси.
Колку пати неделно го користиш? Мене секако косата ми е многу мека и ја мијам на 2 дена, некогаш и на ден, така да сеедно ми е во тој поглед.
Јас го имам и сум презадоволна. Го користам 2 пати неделно. Порано преку едно миење го користев, и така имаше ефект, па паузирав и сега пак константно го користам. Немам приметено до сега да ми ја мрси дополнително косата.