Посебно дојдов да го пофалам путерот за тело со кокос, преубав! Како ли го штедев ова тестерчево, да има за мачкање неколку дена, ама и добро го наполнија. Мирисот неодолив, како на она маслото од кокос што може да се јаде, само поинтензивен, не е воопшто синтетички според мене, плус се осеќа и нешто јаткасто во него, ама дали за ореви се работи Така ко да мириса, и многу убаво ја прави кожата. Спојлер Другиов лосион, Cocoa Butter, не баш, не ми остави впечаток некој, и не мириса воопшто на какао. А баш така очекував да мириса. Sex Bomb пилингот отворено ќе кажам дека за ништо не го бива. Не ми се свиѓаше, ни мирисот, исто како ма детергент некој, а и самиот пилинг, формулата катастрофа ептен, не ми личи ова на пилинг. Од тестер што сум пробала некои нивни пилинзи, искрено ниту еден не бил посебно убав, ама ова нешто друго е, скроз разочарувачки. Не видов ни зрнаца во него, како некоја паста личеше, чуден производ. Спојлер
Ја купив плочката Turmeric Latte, убава е, има мирис на ванила ама и некој мирис на.. нешто што не можам да го опишам, ама има и некоја топла нота. Ми дава некој cozy мирис, ама мислам дека не е сечиј cup of tea. Следни за пробување ми се путер плочките coconut drench и each peach. Ја земав и пудрата silky underwear, мене ми мириса на Lush продавницата и на јасмин. Убаво мириса, иако не ми е толку битно тоа, сакам да видам како ќе легне на тело.
Чудно како различно ги доживуваме мирисите. Lust не го пробав, ама од парфемите и Chelsea Morning го пробав, а од спрејовите Avocado Co Wash, за нив заборавив да пишам. Парфемот беше убав, ме потсетува на спрејот Honey i washed the kids, а спрејот Avocado Co Wash многу грдо мирисаше. Сега после туширање ја пробав плочката, веднаш се топи на кожа, многу е кремаста и има убав мирис. Ќе ја користам на врат и раце за layering со Let the good times roll спрејот. Исто и пудрата за тело го сетира лосионот без да ја исуши кожата. Само откако ќе ја истресам на рака пред да ја нанесам, се осеќа појак мирис на јасмин, можеби не сум навикната на таков мирис ама битно си ја врши работата. Задоволна сум од производите.
Значи Lush ми стана ненормална зараза! Реков дека Sticky Dates ми е јак и чуден мирис, епа guess what? Ми се засвиѓа до степен да го купам и спрејот и лосионот. Претходно имав само тестер од лосионот. На прв мирис исто ми делуваше тешко и чудно, ама како го мачкав веќе навикнав на мирисот и ми се засвиѓа. Мислам дека многу покасно почнувам да перцепирам мирисите, ама и Lush е специфичен, па мислам и тоа игра улога. Тек сега ја доловив карамелата и во спрејот и во лосионот, пред тоа само интензивен мирис на кафе. Инаку, дефинитивно спрејот не е за бела и светла облека, течноста е кафеава. Намерно го прснав на бела јакна и ми остави некои светли флеки, се надевам ќе се исперат. На темни алишта нема гајле, ама пак ќе кажам минус за обоената течност. Тестерите накнадно ќе ги пробам. Sleepy лосионот има убав, пролетен мирис на лаванда. Иако не сум нешто фан на лаванда, тука ми се засвиѓа. Го ставам на листа за купување. Мислам дека мирисот баш опушта за пред спиење.
Ново пакетче од Лаш, и секако морам да се искажам во темава. Спојлер Sleepy спрејот ми има убав и нежен мирис, но за жал преслаба му е трајноста. Го пробав, и не го зимам повеќе. Прскам и на пижами, и на постелнина, воопшто не се задржува. Штета. Одамна го меркав, уште кога името му беше Twilight, па сакав да го пробам. Turmeric Latte путерот за тело го земав по препорака на @fbaby, и не згрешив воопшто. Овие плочкиве биле предобри! Првпат користам нешто вакво. На прва премногу ароматичен и јак ми се виде мирисот, а потоа како го нанесов на тело, ми се ублажи, совршено мириса, се опседнав. Scrubee пчелката очекувано е одлична, многу слична со Buffy, мирисот ми е идентичен како спрејот и сапунот Honey I Washed The Kids. Остава мрсна трага по туширањето, не би користела лосион, нема потреба. Пилингот што го прави е исто како со Buffy, нежен. Топ производ. Coconut body butter претходно од тестер го пробав, и потврдувам дека е одличен. Кожата ја прави пренежна, мека и намирисана. Многу ми се свиѓа мирисот, нежен е и природно мириса. Ме привлече па го земав. Happy Happy Joy Joy регенераторов за коса сѐ уште го немам пробано, па не можам да кажам како ми одговара. Мириса многу свежо и чисто, цитрусно ама и на зеленило, како на некоја трева или нешто слично. Воглавно баш пријатен мирис, на свежо, на чисто, soapy scent. Ќе видам како ќе ми одговара. И за крај сапунот Strawberry Heart, кој беше лимитиран.. Спојлер Тотално ме разочара. Ама сама сум крива, така е коа не иде памет. Со сапуниве на Лаш проблем си имам, и не ми се погодуваат, а пак земав.. Не изгледа воопшто како на сликата која што беше прикажана на нет, очекував и поубав мирис на јагода, ама не го добив. Сепак го користам, за нега на кожа ништо не прави, барем не гледам да ми ја суши кожата ако ништо друго. Спојлер: Тестери А тестерите, онака се.. Не ме воодушеви посебно ниту еден. Геловите мирисаат разиграно и овошно, ама тоа е се.
@Mrs. right Со здравје да си користиш. Twilight го смениле во Sleepy? Не сум знаела. Јас Twilight го имам, не дека не е траен, ама не е како на пр Let the good times roll
Мислам дека со Let the good times roll ниту еден спреј не може да се рамни. Мене ми стана омилен мирис, буквално е слаткарница во шише. А кога сме кај Sleepy, мене мирисот на лосионот не ми трае, затоа не би го земала него. А баш ми се засвиѓа комбинацијата во лосионот, меѓу лавандата има и хинт на камилица.
Ти благодарам. Да, веќе некое време мислам е вака. Да не го разводениле? Не трае овој за жал. А со Ltgtr никако не може да се спореди. И јас мислам дека не постои потраен спреј од него.
Се согласувам и со двете @Mrs. right @fbaby Инаку на овој Twilight спрејот или по ново Sleepy може и да му го смениле составот, ништо чудно. Јас лосионот го користев порано, искрено толку му е трајноста да , ама па и не би очекувала ниеден лосион да има толкава трајност да мириса со саати, кога ќе се упие во кожата толку од мирисот
Мене Sticky Dates лосионот ми трае со саати, особено во комбинација со спреј, што до сега од лосион не сум очекувала некоја долготрајност. Од него сум презадоволна, башка густ е, има богата текстура и тоа ми се свиѓа.
И јас како Twilight го имам користено пред години, и тогаш бев стварно задоволна од трајноста и како мириса, со маж ми двајцата се прскавме и тој беше презадоволен од трајноста. Баш штета што го направиле да не трае толку
Го земав регенераторот American cream. Убаво мириса, еве и после 18 часа измиена коса, преспиено, уште ми мириса. Има мирисна нота на машки парфем (барем мене така ми делува), што искрено не ми пречи бидејќи ми се допаѓа мирисот. Не мириса на ништо овошно, најмалце на јагоди. Дефинитивно наоѓам дел од мирисот на жалфија. Дали би го купила повторно? Не. Засега Candy Rain број 1!
The Juise Is Loose, после некои 2 месеци, конечно го пробав денес. Јас не можам да се каам повеќе поради тоа што не си земав 2-3 вакви шишенца... Ова е нешто НЕВЕРОЈАТНО! Тоа е тој мој омилен мирис на грозје, боровница, лилјаково со хинт на нешто така газиранко, како сода. Буквално со една точка се истуширав (многу е течен гелов), ама така се распредели на цело тело... Не знам, мириса сѐ околу мене, и собава... Зошто, побогу, е лимитирано издание???!!! Многу се лутам!!! Сега нејќам да си го трошам, а малецко е, 100 милилитриииииииии
Јас овој спреј го земав. Се мислев помеѓу пак LTGTR да го земам или Сакура. Не е лош, реков за промена ете да земам друг. Ми мириса на портокал , јасмин а највеќе цитрусно ќе пишам каков е со трајност. Баш е свеж мирисот. Земав и едно лабело, многу убаво мириса. На колачиња
И јас го купив Sakura. Многу ми се допадна, баш е во мој стил. На почетокот е цитрусен да, се чувствува мирисот на цвет од портокал, но потоа станува чист јасмин. Преубав е мирисот, многу нежен. Сабајле ставив, уште го осеќам така да, задоволна сум. Очекував да трае два саати и толку, ама ми се чини дека ќе ми биде супер.
Лелееее баш пред да постнеш го манијачев сајтот и баш лабелово ми падна во очи Убаво многу мириса? Си викам како Лтгтр да не е некој мирис или не? Со здравје да си ги користиш производите. Спојлер Јас месецов пак, пошо роденден.. И сите се одлични Пилингов за усни ми е малце чуден, не сум навикната. Yummy Custard значи бил ист на мирис како Лтгтр и е преееееееубав!!!!! Сакам некогаш да го имам. Во очекување на сетот Лтгтр... Магија некоја праат овие да лудуваме по производиве
@Mishela се надевам траен ќе испадне. Јас мислам дека нема да биде траен колку LTGTR, ама ќе го тестирам , ќе видиме. И мене многу ми се допаѓа. @Mrs. right фала ти, исто и ти со здравје да си ги користиш кој сет LTGTR го зема? Лабелото многу е убаво, не е како LTGTR, баш на колачиња мириса. Имаше мислам и таков пилинг за усни, тој го немам пробано. Пилинзите им се многу убави , тие за усни слободно можеш да ги јадеш по нанесувањето