Мене воопшто не ми се допадна Fairly traded honey, најужасен шампон од Лаш досега. Honey I washed the kids е супер, ама е повеќе наменет за сува коса. Seanik иако имам мрсна коса, не ми ја правеше косата поубава, ниту пак ми даваше некојси волумен, ниту пак, барем малку, го одолговлече честото миење. Дали некој го има пробано Godiva или Montalbano? Се согласувам со @koritsaki, мене Sol de Janeiro ми се overhyped, не мирисаат ништо посебно, а и немаат никаква трајност. Летен спреј од Лаш би рекла Big, мириса на море и малку цитрусно, мене ми е тежок некако. Ζesty или Avocado Co-Wash се така посвежи и летни. Пробај ги, можеби ќе ти се допаднат.
Sol de Janeiro не би ги прскала ни како спреј за во соба ни во кола, не пак на себе. Мене лично ми се тотално непривлечни и tacky, се сложувам со @koritsaki и @piglet1 ниту се трајни ниту убави. Јас да пишам и за геловите за туширање. Го купив Posh Chocolate пред некој ден. Мирисот е сон, мириса на чоколадо, на богато благо, ама многу се концентрирани па имам чувство како да се бањам со буквално стопено чоколадо. Не ми се нешто посебно за константно купување, иако мирисаат совршено сепак гел како гел после туширање не се чувствува мирисот долго.
Јас ги имам пробано и двата. Godiva e всушност шампон и регенератор во едно, и имаше цели парченца путер во него, што после неколку пати миење стануваа се поизразени, фактички имаш се помалку со што да се миеш, а се повеќе од регенераторот. На крај почна да ми се рони, тие парченца да се одделуваат од шампонот, и ми се скрши на неколку дела за брзо време и беше речиси неупотреблив. Околу негата, па, онака бев задоволна, ама сметам дека заради големите парчиња путер нема доволно измивачка моќ, и за многу брзо време се крши. Монталбано знам дека ми има некој најслаб впечаток оставено од сите Лаш шампони, за доста брзо време ми се стопи шампонот, косата ми ја направи убава само првите два-три пати, потоа и овој ми ја сплескуваше и ми ја сушеше. Инаку и двата шампони имаа прекрасен мирис, ама џабе кога не ја правеа убава косата.
overhyped се, ама да ми извиниш и ти и @fbaby , седумдесет и кецот е топ со мирисните ноти, иако не трае подолго од прдеж. за среќа има парфемски верзии што траат подолго, од 62 и 68 има копии во ист гејт во парфумери. исто, од 71 има инспирирано нов парфем преубав (и траен) од парис корнер (molten caramel), а од нив има и копија на стики дејтс (date caramel) што ја немам пробано. јас уште ќе си чекам да измислат лаш некој нов спреј, дали со кокос (имало порано coco loco), дали нешто друго. нешто во кокос фазон сум сега, ќе ја земам кај и да е coconut drench плочката
Нема зошто извини, сѐ е прашање на вкус. Нејќам ванила воопшто, а така ми мириса и ете, не ми се допаѓа. Coco loco го имам пробано пред да го повлечат, мирисаше баш на пинаколада. Штета што го нема повеќе… А Soak&float или Rehab да ги има пробано некој?
И јас сакам спреј со кокос да направат или Coco Loco да го вратат ако е таков, пинаколада обожавам. Би било топ за лето.
И јас не гледам ништо од него Ко да нема никаков ефект. И кога нанесувам, не е кремаст па да осетиш дека нешто имаш стаено, ко со вода да се мачкаш.. Мирисот ми се допаѓа, се осеќа малку на коса, ама ептен слабо е тоа. Candy Rain беше даааалеку подобар. Сакав American Cream да го пробам, али читајќи низ темава дека и тој не го бива.. ништо. Делам мислење. Единствен шампон од Лаш кој го користев беше Хани, и не, за мојата коса која многу се мрси за жал не беше погоден. Big јас не би го сместила во летен. Го мириснав, чуден ми се виде, недефиниран, воопшто јас не осетив летен вајб во него. Се надевав дека според описот ќе ми се допаднеше, но ете не. И Авокадо исто така се чудам како на многумина ви е убав.. На прв шприц ми мириса на свеж сок од лимон, баш освежително, и како се суши на кожата ми се претвара во прилично неубав мирис. *** @koritsaki да те известам дека стигна сетот Спојлер Преслатка е амбалажава Прашуваше за лосионот, вајбот е тој, сладок мирис, 100% не е ист, повеќе е путераст и кремаст мирисот. Потсетува на лосионот Стики, само што ја нема толку карамелата и тоа како кафе што мириса, и забележав ко малце помрсен да е, ама упива. Гелот исто така го има истиот вајб на препознатливиот мирис, изгледа ко светки да има низ него. Баш денес ќе го отворам да го пробам.
Basma го немам пробано ама Magic Crystals и Orange ми се фаворити. Најдоброто нешто за поткожни влакна. Rub Rub не ми се допаѓа, накако како послаб ми дојде.
Ја купив Dream Cream кремата. За сува кожа е сон, дава инстант хидратација. Првенствено ја купив за раце и нозе дека тие делови ми се најсуви. Мирисот не ми се допаѓа воопшто (си имам проблем со мириси јас ) ми мириса на рузмарин додека мачкам иако на кутијата пишува дека има камилица и лаванда, ништо од тоа не чувствувам. Во кутијата мириса на Sleepy лосионот а на раце го менува мирисот во рузмарин. Maybe it’s just me, како и да е, секако мирисот не ми е битен, туку ефикасноста на кремата. Земав и тестерчиња од Rose Jam гелот за туширање и Ro’s argan регенераторот за тело. Носот ме излажал за гелот. Ми мириса совршено, на сладок мармалад, го купувам во големо пакување. Ro’s argan регенераторот за тело колку добро делува на кожа тоа е чудо. Иако имам пресува кожа и не смеам да прескокнам лосион во рутината, вечерва го прескокнав, бидејќи нема потреба после продуктов. Дефинитивно ќе го купам иако има нежен мирис на роза, не ми пречи. Реков ќе го тестирам и спрејот Rose Jam уште еднаш. Не знам што се запнав за него кога мразам цветни мириси. Минатиот пат ми се допадна за чудо, ама денес дефинитивно го баталувам. Мириса на чиста јака роза, проектира многу, а три пати прснав. Очекував да има и благ мирис како во гелот ама не, скроз ми е ружичаст. Денес обратно, гелот ми е топ, а спрејот јок. Морам да кажам дека ако некој сака да ја купи цела рутина на rose jam, гелот и спрејот се различен вајб, немаат ист мирис, барем мене така ми делува. Регенераторот е поблизок со спрејот. А за љубители на рози спрејот би бил совршен со оглед на тоа што треба малку да се прсне за да мириса и проектира.
Го пробала некоја Sleepy лосионот за тело? Мирисот генерално ми е добар, ама онака ме интересираат впечатоци од некоја која го користела. Хидрира ли убаво и дали многу доминира мирисот, за да не ми се меша премногу со парфемот?
Јас го имам пробано. Генерално не сакам лаванда, ама комбинацијата во лосионот ми е многу смирувачка и убава. За хидратација исто би го пофалила, имам сува кожа и добро ја хидрира и омекнува кожата. Нема да ти се меша лосионот со парфемот, пошто максимум пола саат мириса така јакичко барем на мојата кожа, после суптилно се чувствува.
Јас не сум задволина од хидратација. Премногу ми беше воден/течен и се впива брзо и ќе осеќам ниту мирис ниту хидратација. Мирисот ми и баш онака добар за пред спиење. Може за во лето во комбинација со нешто друго за бањање што хидрира би било океј. Ама за сува кожа и хидратација ја би путер за тело, ова во споредба со путерот на веледа пример (што супер хидрира) е водичка. Па и незнам зашто онака филмски го ставиле во кутивче мислиш густ путер е, а тој ми тече низ прсти