Во ќеса, па во кутија од нешто потрошено, путер за тело и слично. Ако го оставам без ќеса во кутија, ми се суши побрзо, вака во ќесето е таман.
Да, во стреч фолија го виткам, плус во уште нешто да стои. Се погоди ептен гломазно парчево што го купив, никаде не можам да го сместам. Се снајдов со една празна кутија од лосион за тело од Лаш, ќе брка работа.
@Mrs. right Претпоставувам веќе ги имаш потрошено како остана задоволна од Let the good times roll сетот? Твое конечно мислење ме интересира за лосионот посебно. Гледам во Грција уште го има на сајтот, па му кажав на мм да ми го земе за подарок и така ќе ни биде годишнина наскоро
Предобар е лосионот Штета навистина што само во сет е достапен. Инаку не ги потрошив, си ги чувам за поладно време, го потрошив само гелот за брзо. Гелот не ми се допадна да ти кажам, нити светките во него, нити формулата. Затоа спрејот и лосионот се одлични. Лосионот не е баш ко спрејот ист, најмногу се осеќаат путер колачиња, како бисквитно мириса, неодоливо, мене озбилно ко на плазма бисквитите ми замирисува на кожата. Можеби и од спрејот поубав ми е.
Некој да не го пробал спрејот за тело Super milk? Мириса ли како спрејот за коса што е? Вреди ли да се купи?
Јас сакав да го земам, ама разманав дека е со светки. Ќе треба само на кожа да го прскам. А мене спрејовите на алишта ми повеќе траат. За тело само мислам не вреди. The Comforter го нарачав за летово
Јас го имам, добар е мирисот. Светките се ептен суптилни. Но, многу е течен некако, треба да се размачка како лосион.
Јас денес ги порачав серумот за расчешлување и заштита од топлина Shield, маскара Power и шампонот за коса Rehab. Rehab го имам користено досега , а другиве да не ги пробала некоја од вас?
Стигна мојава порачка од Lush. Го порачав шампонот Rehab што и др пат го имам користено и ми беше супер, Power маската до сега ја немам пробано ауу како мириса на ванила и бадеми како некој колач се надевам ќе биде добар, и серум за заштита од топлина Shield. Ми пратиле подарок сапунче , мириса билкасто, ми се допаѓа. Тестерчиња им побарав, едното е ензимски чистач за лице , другото е шампон Banana, мирисот е WOW , значи како ги погодуваат мирисите, ова мириса на стопено чоколадо и банана, на крем баначиња не знам како и да опишам, ми доаѓа сериозно да го изедаммм наменет е за коса фарбана хемиски третирана. Ќе испробам се и ќе пишам
Ја има некој coconut drench плочката да сподели искуство? Мириса ли на кокос или за џабе се вика така, на официјалната страна и на редит читав некои рецензии дека мирисала на чоколадо
Ја пробала некоја маслената плочка за масажа Sex Bomb? Заљубена сум во мирисот луѓе , на чисто, на свежо испрана облека ми мириса, а сепак има нешто секси во мирисот. Штета немам када, многу ми е убава и пенливата бомба, ја купував порано.
@Mishela дали со ова име има и спреј за тело? сакам такви чисти мириси Јас дојдов да кажам збор два за производите погоре. Power conditioner ја омекнува косата одлично, нешто слично на Candy rain дури и многу подобро. А мирисот лелеее... косата ја прави свила. Серумот за коса Shield исто е одличен за расчешлување, убаво мириса ама не прејако. Не знам на што мириса да опишам. Важно прва состојка е крем од фстаци Ензимскиот чистач Happy skin - исто многу ми се допадна. Само не е за секој ден мислам. За 3-4 дена во неделата е таман , прави некој нежен пилинг
Има, да. Мирисните ноти се јасмин, иланг-иланг, жалфија. Shield серумот го имам и јас, преубав е. А за ефектот ќе видам, не го користам нешто многу долго, скоро го купив. Засега баш ми се допаѓа.
Има и многу е убав, полн погодок за лето. Мириса чисто, сапунестo, со доза на јасмин и иланг иланг. Туку вие што го имате Sakura спрејот како ви мириса? Јас не можам да доловам што точно мирисам. На нешто мириса а не знам што.
Јас. И пилингот и плочката ја имам. Купувај ич не се мисли. И мене многу ми е убав мирисот. На сестра ми пак не и се свиѓа. Oд тестер го пробав Coconut путерот за тело и на се ми мириса само на кокос не, а убаво хидрира и се упива. Ама мирисот ми е ноу, ноу, ноу.