вчера поминав до lush и решив малце да се почастам прво го земав тврдиот шампон godiva се измив коса веднаш и супер ми е иако ми кажаа дека за виткана коса подобар е curly wurly нешто како полутечен .....нареден пат тој го земам ако има некој искуство со него нека пише... исто земав и чистач за лице herbalism и крема vanishing ми кажаа дека е многу лесна и баш за овој период ...сега за сега сум задоволна лицето ми е некако помеко и се надевам ќе има некој ефект пошто лето обично многу ми се масти и кремата на hemel што ми е незаменлива ми е премногу масна иако не ми предузвикува акни....исто оваа крема на лаш добра ми е и како подлога за пудра полесна е некако ...мада кратко време ја тестирам еден ден ...ќе видиме како ќе се покаже.... пишете ако некој има користено од тоа шампонот за пуцвали....
луѓе пишете дали некој го користел полутечниот шампон curly wurly со кокос нешто мене ми го препорачаа ама незнам како ќе се покаже да мојава пуцвал косица а не е ефтин 950 денари да фрлам пишете миселња чекам
Може ли поточно да ми објасните каде се наоѓа продавнизата на LUSH во Скопје и според вас кој шампон да го земам за претерано мрсна коса. Дали течен и тврд шампон? Вие од кој шампон сте најзадоволни? Дали производите на Лаш може да се најдат во Тетово или ги има само во Ск??? Кажете ми зошто навистина сакам да пробам некој од нивните производи
ЗА МАСНА КОСА ЗЕМИСИ ГО CARMA COMBA ЗЕЛЕН ТВРД ШАМПОН ЌЕ ТИ ТРАЕ ЕДНО 3 МЕСЕЦИ,,,А ПРОДАВНИЦА ИМА САМО ВО СКОПЈЕ И ТОА ВО CITY MALL...НА ДРУГО МЕСТО НЕМАМ ВИДЕНО ТАА ВО РАМТОС ЈА НЕМА ПОВЕЌЕ
Имаат достава сега низ цела Македонија, еве https://www.lush.com.mk/shop/info/27/lush-uk-mail-order-|-delivery-and-days-we-can-deliver
Ама тука пишува дека овој шампон е за нормална до масна коса. Мене ми треба обратно......за мрсна до нормална коса.... Мислам дека Jumping Juniper повеќе би ми одговарал???? Сепак фала на одговорот.....
Јас го користев Jumping Juniper долго време, дури мислам дека ми го нормализираше прекумерното мрсење и сега е каде каде подобра ситуацијата со косата. Ти го препорачувам, ако имаш коса која претерано се мрси.
Феминки зошто неможам да го нарачам тврдиот шампон за мрсна коса од веб страницата на Лаш???? Знам дека е потрошено, ама дали некој знае кога отприлика ќе го има на залиха за да си го порчам, бидејќи не сум од Ск, за да тркнам до Сити Мол.
Го тестирам чудово веќе три дена, морам тука да го пофалам. Од сите продукти кои ми поминале низ раце без разлика дали сум ги купила или сум ги тестирала за Лаш само, овој си ги вреди сите пари за кои го продаваат. Неверојатно е. Бидејќи нон стоп сум во затворени обувки на крајот од денот стапалата испотени, имам проблем малку и со атлетско стапало меѓу прстите па стално ме чешаат стапалата, ми се лупат на места, секакви кремови и пудри пробав и мачкав и тресеф во чорапи. Кремов го нанесувам навечер пред да си легнам. Брзо упива а мирисот на ментол се осеќа и сабајле. Да измислат таков минт за уста За три дена јас имам нови стапала! Видно ми е подобрена кожата, преку ден не ми се запотуваат стапалата, и кога ги соблечам чорапите никој не паѓа во несвест околу мене Дефинитивно ќе си го купувам откако го потрошам тестерот. А од поголемите кутиички е од 225 грама, не е потребна голема количина за ефект, па очекувам дека ќе ми потрае бааги време.
Која е разликата меѓу пенливите и шумливи купки? И дали пуштаат боја? Сакам некоја купка што прави мнооогу пена,ја обојува пената и има слаткаст мирис Има некоја таква да ми препорачате или многу барам?
Δ Во Скопје во Сити Мол има продавница на Лаш. За цени те на продуктите кај вас не знам, не живеам во МК. Lush candy mountain bubble bar. И водата ја направи како течна млечно розева свила, мириса на продавница за слатки, и убава пена направи. Ама да ја држиш под чешмата додека ја полниш кадата, за да направи многу пена, ако само ја пропуштиш во вода нема да си задоволна. Полни до пола колку вода ќе користиш, и додека уште полниш со вода тогаш држи ја со рака под млазот додека се стопи целата купка. Уживај.
Санигрл има лосиони за тело и трае мирисот на кожата. Не знам кој моментално го имате на продажба кај вас. Ана свит, ако ја нема таа купка треба да дојде и кај вас на продажба до/во декември, ако обично добивате нови продукти за празнични сезони тогаш и оваа ќе ја има оти е многу популарна. Во меѓувреме можеш да си ја земеш крими канди бабл бар (ако ја има и таа). Слично мириса, малку помалку пена прави ама и поевтина е обично од канди маунтан. Или во продавница прашај ги момичките кои купки се пенливи и мирисај ги која ти се допадне. Бомбите не прават пена иначе ако ти е важно пена да има.
ПЛанирам викендов да одам во City Mall и сакам да си купам од тврдиот шампон за мрсна коса, но би сакала да ми кажете на кое место се наоѓаат производите на Лаш. Дали има продавница или на штанд? Објаснете ме за да нелутам.....туку одма да ги најдам... Поздрав