Супер, баш ме израдува со коментарот. Ќе се почастам деновиве. Штета нема некој Sex Bomb баш путер-путер за тело, пресреќна би била ако сè ми е "комплет" од една иста линија. First world problems. Btw, зошто мислам дека имаше таков лосион во продажба, ко да имам гледано кутивчиња пред години.
Јас го пробав спрејот пред скоро и ме бендиса само малку траеше некако, не предолго, некои 3/4 сати, и толку дали беше јас тргнав да го пробам avocado co wash, не ме бендиса. Ама затоа Big i sex bomb да.
Купено сетчето Let the good times roll го порачав и тоникот за лице Tea tree , многу ми одговараше порано сакав и маслото за чистење лице Sleepy face да го земам, ама ајде здравје кога ќе доаѓам за Мк некоја случајно да не го користела?
Официјално си признавам дека забегав по Лаш.. Огромен мерак све да се имало бе.. Спојлер Откако се воодушевив од сетот Лтгтр, (освен гелот кој не ми се допадна баш), ме примами и Posh, знаејќи го претходно како перфектно вкусно мирисаше кремот за туширање, пре пре пре неодоливо, право чоколадо Гелот во овој сет ми се свиѓа, мириса баш како кремот, но овојпат не е пудинг туку е чоколаден прелив за крофни, млечен буквално на тоа мириса. Лосионот е исто фантазија, го има шмекот на чоколадото, плус путер бисквити Како што приметив, сите три гурмански лосиони за тело, Sticky, Ltgtr и Posh имаат многу сличен вајб, иста формула, само нешто во аромата се разликуваат, но не драстично многу, колку да можеш да ги разликуваш, и да си го имаат задржано мирисот од конкретната линија на која припаѓаат. И овој путеров во форма на срце е исто превкусен како и цел сет. Микс на мирисот на Honey I Washed My Kids + лосионот Posh = перверзии Штета што е многу малечко и брзо се топи. Спојлер Она погоре во кутивчето јас не знам зашто го земав.. Ко божем нешто како путер пилинг за туширање, мислев у стил на Scrubee/Buffy би бил, но не беше. Гребеше демек прави пилинг, уствари ништо не праи Мрсен слој на кожа не оставаше, премало кое се потроши дури после третиот пат, и немаше убав мирис. Од сите ствари само ова нешто не ми се допадна. Coco Loco масло/путерот за туширање бев љубопитна заради мирисот да го пробам. Пријатен мирис ми има, на кокос и малку на Пинаколада, летен, убав мирис. Лосион приметив дека не мора да се нанесува откако ќе се тушираш, ја хидрира кожата, и повторно недостаток има што е минијатурен. Го порачав лабелото Cookie Dough, пресладок, сочен мирис, се задржува на усните, убаво ги подмачкува. Lush Lip Butter лабелото ми е понеубаво од првото, мирисот многу посуптилен и недефиниран, добро е што е мрсен. Од Dirty ги имам спрејот и таблетите за заби. Спрејот никад не мислев дека би го порачала и користела, се чудам сама на себе што толку ме привлече кај него, кога не сум фан на вакви мириси. Само сакав малку да сменам, све на благи имав удрено, а за горештиниве ми беше потребно нешто свежо и лесно. Позитивно изненадена од неговата трајност на облека, добро држи, на кожа не баш. @blueeparadise ми текна на тебе колку го сакаше, и парфемот и спрејот, мислам имаше купено нешто од нив. Па, добар избор баш е свежичок и пријатен. Коа те тагнав више, се сеќавам дека и таблетиве ги имаше користено? Како ти се покажаа тебе? Замена за паста се, или сепак не? Повремено ги користам, па шо знам, освежуваат здив, а друго шо праат поим неам. Mr Wallet го прснав на штанд да го пробам, ми се виде интересен и убав, го земав и тој. Интересно склопено, свежината на минтот, ванила и сандалово дрво. Свежо - благ мирис. Сепак излеа Dirty ќе да е потраен на облека, не да испарува веднаш, али не е нешо траен, се уверив еве. Си бара барем двапати да се прскаш у денот. Се решив и за пилингот The Old Songs Are Waking, го имав од тестер, леле мирисоттттттт Се заљубив, еден од најубавите од Лаш да ти бил Спојлер Прекриво ми е што го пропуштив спрејот кој беше limited. Само ради овој пресовршен мирис го зедов. Како пилинг не вреди реално. На Лаш пилинзите им се чудни. Сапунчево од сликата ми го подарија, а и ја го подарив некому Баш ми е мило што му се свиѓа. Пишуваше дека треба да мириса на минт, јас само лимон и цитрусен мирис осетив, најбитно што доста е свеж, и цело купатило попримувало цитрусен мирис, ми се пофали. Глитер спрејот Super Milk е доста нежен, свеж, цитрусен мирис на лимон имал, јас не знаев како мириса спрејот за коса, ако воопшто мириса баш исто. Светките во него се исто така суптилни, дури неприметни, што ми одговара. Не го истестирав нешто многу, трајност не може да се очекува од ваков лесен мирис. Ќе се прскам неколку пати во денот, преголемо е шишево, ќе има за цело лето мислам. Останува уште лосионот Super Fairy. Спој на Snow Fairy + Super Milk. Го препознавам мирисот на bubblegum кој доминира, а има и нешто цитрусно од Super Milk. Не им е лоша комбинацијата, баш е убава и слатка.
@Mrs. right Со здравје да си ги користиш сите производи тоа срцето се израдував што почнале да го произведуваат пак, го купувам негде 2017/2018 година. Глитер спрејовите мирисаат јако, како и спрејовите обични за тело? И мене денес ми стигнаа производите Сетчето леле како мирисаааа inlove: пре кра сно! Жал ќе ми биде да ги трошам лосионот и гелот Спрејот со чајно дрво е супер за мрсна кожа. Стоти пат го купувам. Кремите за лице што ми ги ставиле, ги имам користено, супер се за масна кожа
@koritsaki ти благодарам, исто и ти ❤️ Кој од трите производи од сетот ти е најубав? Спрејот сепак? Soft Coeur ја имаат на сајтот не како срце туку како плочка, но цело време ја дава како потрошена Нека ја донесат, убава е, вреди да е достапна надвор од сет. Да се едитирам, во форма на срце е, претходно не беше срце туку плочка како останатите, смениле. Спојлер За другите не знам, нели 4 се вакви, ги немам мириснато, Super Milk понежен е вака, не е јак, кога прскаш се осеќа нежен лимон, за брзо се смирува мирисот, останува некоја нежна мирисна трага. Јас нанесов од лосионот, па издоминира bubblegum - от
Фала да спрејот и од лосионот ставив прееска, немам зборови. Зошто не ги носат навистина посебно некои производи. Ќе земам ќе пробам тестер од спрејчињава со светки здравје кога ќе дојдам за Македонија
не вреди спрејот со светки, мирис никаков, ако ви е за светки земете си од тие од ДМ што мирисаат на мишка ама барем ефтини се. ако го сакате голден ег, земете си го honey i washed the kids, супермилк чекајте ќе донесат обичен спреј без светки (што трае подолго од овој)
Ми се засвиѓа мирисот, за разлика од Авокадо кој ми беше грд на кожа, овде лимонот воопшто не ми смета, баш ми дава свежина. На кожа не е ич траен, на облека ми издржа неколку часа, блузата осеќам дека мириса, а и дм ми кажува дека откако си дошол дома, после неколку часа, облеката му мирисала на мене. Не знам како е можно од ваков пресуптилен мирис, се чудам просто. А за светки не ми беше, не сум фан на светки, го мириснав на штанд, ми се допадна, импулсивно го порачав, и не се покајав.
Јас го имам Dirty парфемот и подолго трае на кожа, а особено долго на облека. Малку поинакви ноти има од спрејот и мислам дека маалку повеќе ми се допаѓа од него. 30мл земав, ама еве споро се троши, јас кога ќе земам да се прскам немам осет и пак само почетокот ми е начнат. А Dirty таблетите се всушност паста за заби, само во тврда форма, мене повеќе ми се допаднаа од оние црните што беа со вкус на кока кола, fizzy и благо зачинети, овие повеќе го освежуваа здивот и чистеа забите, особено со редовна употреба. Исто ми се допаѓаа и розевите Zing таблети за плакнење на уста, тие беа овошни, со грејпфрут и уште нешто и зелените исто за плакнење со минт ми се чини, тие баш беа јаки.
И зошто е толку течен супермилк, како го користиш ти? Не е како другите спрејови да се напрскаш како што треба. И јас се разочарав, за џабе потрошени пари
Не. Доста густва и тврда текстура има. Се топи во допир со кожа ама не така лесно да се троши. Јас баш пред некој месец пишав тука за него, во кутивче од лаш го најдов заборавено срцево од пред мин 7-8год. До пола потрошено сум го заборавила, мислејќи прази се кутивчињата. Баш прашував дали пак го има во продажба и како се викаше. И еве го сега пак излезе ама потрошено е веќе некое време, сакам да си го земам пак. Каде го најде? Моево после толку години е супер, на кожа е меко, ни малку не сменило тектура и облик, само мирисот не е интензивен, може да кажам и дека го нема. Ептен ако го душкаш
Го видов на нивната официјална страна па ми фати око, денес би сакала да одам до кај нив да го мириснам, вака според описот што го имаат на страната баш ми личи примамливо.
На сајтот потрошено стои веќе долго време, е сеа ако го има достапно само на штанд.. Инаку јас го имам од сетот Posh Chocolate.