Пакет подарок Posh Cohc 2.395 ден содржи: Posh Chocolate гел за туширање 110г Soft Couer плочка за масажа 30гр Posh Chocolate лосион за тело 100г Посебно производите: Posh Chocolate гел за туширање 110г - 650ден Soft Couer плочка за масажа 30г - 595ден Posh Chocolate лосион за тело 100г – 895ден. Вкупна цена 2.140. Значи само кај нив пакет производи плаќаш повеќе од поединечно купени
Јас го нарачав супер милк и пош чоколадото па ќе кажам импресии. И спрејот супер милк со светки го нарчав. Прво не го сакав ради светките и тоа дека нема да можам на облека. Ама сеа си велам во комбо со путерот за тело сигурно ќе има поголема трајност. А пош чоколадо лосионот ќе видам дали ќе го комбинирам сo LTGTR или со yog nog. Тој за зимо ќе ми биде
Ќе кажеш баш дали мирисаат убаво, и јас го сакам Posh chocolate. А Yog Nog спрејот како мириса, вреди ли да се земе? Ми остана во мисла дека не го фатив додека беше во продажба.
Нема. Ако ти се даваат пари за гелови за тиширање, има добри. Јас тоа не земам скапо оти секако се измива и мирисот не останува.
Се мислам помеѓу Sticky Dates и Let the good times roll сетовите, кој би ми го препорачале? Ми требаат лосион и спреј за тело за секојдневна употреба чијшто мирис ќе биде долготраен. Може и да ми кажете со кои парфеми ги комбинирате. Благодарам многу!
Јас го имам сетот Let the good times roll, супер е лосионот за тело , мириса цела соба кога ќе се намачкаш, додека од спрејот не сум задоволна. Дефинитивно има разлика спрејот сега и од пред 2 години. И гелот за туширање убаво мириса ама не би го купувала посебно
Зависи до вкусот. Јас секогаш лтгтр ќе го бирам пред стики, незаменлив ми е. Стики карамела плус кафе ако сакаш, привлечен ми беше, но брзо се заситив од него. Лосионот според мене е многу поубав отколку спрејот. Лтгтр ако сакаш вкусен гурмански мирис на слаткарница, плус претраен. Но, есен - зима користи го, сега стварно не му е време, и верувај воопшто до израз не доаѓа. Стики лосионот можеш со Лтгтр спрејот да го носиш па и обратно, идат заедно. А за парфеми јас лично не комбинирам вака. Комбинирај со слични мирисни ноти. Не сум ич за layering, ми се губи оригиналниот мирис, само ептен исти или пак сродни ако се. *** Новите путери: Спојлер Пресуптилен нежен бил Хани, се осеќаат јатки. Сепак има вајб на Хани линијата но нешто послаб. Супер Милк би го опишала ко Цедевита бонбоните, свеж, убав, летен. Убави се, мрснички, пријатни мириси, упиваат. Од тестерчињава Пош, и ананасот ми се допаднаа, Пош е ист како лосионот, малку поразличен од гелот, а другиов мириса на Coco Loco тоа путер плочката. Creamy Candy bubblegum ама не ко Snow Fairy ист. Sex Bomb ич не ми е мене по вкус, не би го погледнала.. Blue Skies and Fluffy, тежок ко Lord of Misrule, излеа пачули стварно мразам.. @koritsaki малото спрејче од сетот не ти е трајно? Да ти кажам, ја го неам баш користено, како го земав дека се стопли, и остана така да ја чека есента. Па не знам како е со трајност. Само едно знам, мирисите, сите, у лето се потполно различни, посебно овие кои бараат постудено време. Штета ако не трае ко тој стариот.
Јас ЛТГТР го порачав на слепо по препораки од тука и ми се допадна ептен, мене стварно ми е траен, го купив есента баш кога се крена фама околу него дека го има на залиха а стики ќе го нарачував и него на среќа и среќа побарав тестер од лосионот, ич не ме бендиса го мачкав за низ дома пре тежок ми беше, ич не ми одеше. А на почеток се двоумев меѓу тие два спреја, кој да го нарачам на слепо. ЛТГТР мириса баш на бејлис, ако сакаш мирис на бејлис тоа е тоа.
Let the good times roll е слаткарница во шише. Мене ми мириса на колач со путер и млеко a Sticky Dates на почетокот мириса на урми и кафе после минутка преминува во чиста карамела, ептен сладок мирис има. Дури и во маркет на каса добив комплимент за него. Иако мене Sticky Dates ми стана фаворит, би рекла Let the good times roll да го земеш, ептен е yummy мирисот. Од лосионите, Sticky Dates дури и алиштата ми ги замирисува, на тело цел ден ми трае мирисот. Не очекував од лосион таква трајност. Исто како спрејот има многу сладок мирис на карамела и урми само после некое време како упива има и некоја млечно путереста нота затоа ми е убав. Ама знае да биде тежок ако често го мачкаш, особено пред спиење.
Здраво дечки Гледам сите сте веќе долго искусни со производите на Лаш, досега немам воопшто користено од нив.Од мириси преферирам да е понежно, на ванила, чоколадо и да мириса на чисто секако во летен период и некои овошни мириси ми се допаѓаат.Дали имате препорака и од кои регенератори за коса или спреј за тело сте задоволни, дали мирисиаат долго на кожата/косата по нанесување и предлог што да испробам како newbie Другарка имаше земено и парфем мислам се вика Pansy многу ми се допаѓа мириса на перено, а гледам и супер милк е доста фалено.
Од спрејовите моментално ги користам The Comforter (мириса на освежителен сок од боровинка, рибизла, овошен микс), Let the good times roll (карамелизирани колачи со многу путер) и Sticky Dates (карамела и јас нота на ванила чувствувам после некое време). Овие два се ептен гурмански само за есен - зима период. И штом сакаш чисти мириси, тогаш Sex Bomb е полн погодок. Има сапунест мирис, на чисто и свежо. Цитрусните мириси не би ти ги препорачала, мене лично на скапано ми мирисаат, ептен непријатно, како освежувачи за соба, па ни толку. Ама секако прво мора да ги мириснеш па да одлучиш, мене на почетокот ми беа тешки мирисите, ми требаше време да навикнам. Производи за коса не сум пробала, имам специфична коса па Lush немаат производи за мојот тип.
Dirty body spray за овој период од годината е измислен . Цитрусни ноти и ментол . Имаат и сапун од истата линија , гел за туширање и мини стикче за в чанта.
Ви благодарам Читам дека и тестерчиња може да се земат, дали се доплаќаат или на кој начин ги даваат?
Не. Тестерчињата се гратис. Ги даваат пример купувате некој шампон, они ќе ви дадат маска за коса или регенератор. Таблети за заби , они ќе ви дадат mouthwash во форма на таблети и сл.