Мене пример, сами ми понудиле. Сапун земав , од истата линија ми дадоа тестерче гел за туширање. Како год. Солени се за наш стандард. Само што мирисот плени. Ма да споделија дека и парфемите веќе во последно време , не биле толку трајни . Кратко траеле по нанесувањето.
Не знам за кој парфем конкретно, но неколку страни наназад вратете се, споделија дека општо - било кој од парфемите , не се трајни ко некогаш.
Јас постојано купувам од Лаш и парфеми и спрејови за тело, парфемите не се променети, Vanillary, Lust, American cream по 2 пати овие 5-6 години ги имам купувано, проблемот е во спрејчињата за тело , секако не очекуваме да се трајни ко парфемите , ама ептен се чувствува разликата од пред и по 2 години кога сум го купила еве за LTGTR и Twilight (Sleepy) зборувам
Се жалат луѓево по нетов дека им опаднал квалитетот поради тоа што штеделе на состојки итн. Јас сакав да го купам парфемот American cream, ама тука прочитав дека не бил баш траен, а Карма кој е многу популарен не ми се допаѓа како мириса. Lust дека ја бои облеката.. И на крај купив спреј.
Да, American cream не е траен воопшто, и тоа зборам го купив само што излезе во продажба , не го земајте воопшто. Мириса првите 20 минути и толку. Да Lust ја бои облеката. А не само Ласт, вчера прснав од LTGTR спрејот и кога ќе видам денес од бела блузата жолта станала. Само да се вадат флеките се надевам , се изненадив, др пат не ми се случило.
На облека е пристојно траен ко за спреј, на кожа не е, ретко кој спреј на кожа би траел со часови. Дрти не е мој тип мирис воопшто, но може да пројде за лето, за жешково е топ избор, а и јунисекс е, слободно и мажи можат да го користат. Ме изненади коментарот на Коритсаки за Лтгтр, ауу многу лошо ако и тој флеки праи.. Стики ради тоа ми е заебан спреј, па пазам многу, на облека никако. Една членка знам на темава рече нејзиниот не пуштал боја, еве мојот е кафена течност и пушта за жал. Од путерите за тело многу сум задоволна од Супер Милк како мириса ама и Pineapple Tart e фантазија Требаше тој место Хани. Другите.. и не баш, ајде и Пош чоклит еве добар е да кажам, вкусно мириса.
Dirty за овој период од годината , создаден е. Karma е убав , но не е летен. Од чистачите за лице сум задоволна , таблетите за заби (со вкус на кока кола) lip balm limeta ми е убав .
Црните таблети сакаш да кажеш се вкус кока кола? Јас долго време ги користам и таков мирис/вкус неам осетено
Да. Не е така интензивен , но се чувствува. Имаат ефект на белеење на забите, но доколку се користат барем два - три месеци . Помагаат при отстранување на дамки од кафе , цигари , вино и сл. Ќе ви дадам неколку таблетки да пробате .
Крајно разочарана од СУпер Милк лосионот за тело. Воопшто не го осеќам тој мирис. Всушност никаов мирис не осеќам, може малку некој тежок мирис на ореви коа мирисам кутивче, а на кожа ама баш ич ништо. Го ставив и спрејот супер милк (тој со светки), тој на почеток има некој сличен мирис како спејот за коса ама се изгуби ептен брзо. Вака на кожа е добар, убаво се впива и е мека кожата. Ама за 1.700 ден не вреди. За овој ефект има лосиони за тело на пола цена. Ги имам јас ги користам подолго време, само вкус/мирис на кока кола неам осетено
Се чувствува малку. Прочитајте скоро пишаа искуство од нив. Не така интензивен , но малку се чувствува .
Од спрејот за коса дали сте задоволни и дали навистина вреди и толку се добиваат комплименти како видеа што ми излегуваат на интернет? Прочитав дека е нешто како ванила и лимон,нормално на некој не му се допаѓа велат на изгорен шеќер, но во последниве продукти повеќе се чувствувал лимонот? Сакам понежни мириси, се мислам да го земам па споделете исксутва
Кај мене не е до толку дека идам по улица и паѓаат во несвест Мирисот не е нежен, мене ми е преубав ми влегува под кожа и затоа го користам спрејот. За мирисот. Онака не гледам некоја разлика. Може да расчешлување ми помага
таман да нарачам супермилк, минимум два треба за онлајн нарачка. што е логикава?? патем спремајте се за нешто ново следен викенд.... новите спрејови!! Имаше голема драма со лосиониве/путериве на редит. На ништо не мирисаа освен на бразилски орев. Па демек ги вратија да додадат повеќе парфем, ама изгледа маркетинг нешто правеа да се спасат, изгледа пак истите ги вратиле во продажба.