Кај нас си ги делат у фирма тестерите и подарочињата, хехенце. Страшно... Имам многу такви искуства, за жал. И по аптеки (познати) не ми даваат тестери од скапи производи, за да проверам дали ми одговараат. Во други земји сами ми нуделе, па дури имало ставено и до каса, на одредено место, за сам да си се послужиш. На темата: LUSH има ли некоја линија со мед, освен сапун (кој, патем, не ми мирисаше на природен мед, некако многу вештачки мирисаше-ова пред години беше, не знам, може сега е сменет)?
Таа е линијата Honey I Washed The Kids како сапунот. Мене ми се свиѓа мирисот, ама не е баш чист мед, има и цитрусно. Чист мед, баш природно, но доста јако мириса шампонов. Го фалеа дека убав бил, тестер само имав, прескап е како за шампон. Друго мислам нема со овој мирис.
Имате користено некое масло за лице? Сакам да пробам некое сега во, имам многу сува кожа на лице Ги гледам Argan и Full Of Grace
Да кажи некој искуство со серумот shield? Го меркам некое време дали е добар за разчешлување? Super milk на пример некако не ми е доволен за разчешлување некако слаб ми е а мирисот сон.. Исто и дали убаво мириса и дали трае мирисотсе на се дали се исплаќа? Мислам @koritsaki го имаше пробано ако не се лажам
Да јас го имам. Имам тенка коса , па мене ми е ок , убаво се расчешлува косата , не е како Супер Милк спрејот на пример. Ова е кремасто само ти требаат неколку пумпици. Мирисот убав е , само не се задржува многу на косата
Точно, си ги зимаат за нив, знам од познати што работат по парфимерии и аптеки. Едино така може да добиеш некој тестер, ако имаш некој познат вработен па он/а да ти даде.
Го купив Posh chocolate путерот за тело. Толку совршено мириса на чоколадо, не сте свесни каков апетит отвара за благо. Дефинитивно фали и спреј. Исто така и путерот Honey i washed the kids ме изненади позитивно, мириса исто како спрејот и Scrubee.
Кога го купи путерот хани? Да не е сменет нешто составот? Јас го купив првата сесија коа излезе и катастрофа, мирисот хани го нема никаде. Мириса на горчлив бадем путерот
Само тестерче земав пред некој ден, а Posh го купив во големото пакување. Е сега не знам зошто така, мене ми мириса исто како спрејот. Може го реформулирале. И долго ми мирисаат на кожата, така да морам да ги пофалам и за долготрајност.
@Ano прашуваше за Sleep плочката, па ми текна да пишам. Јас ја купив и се заљубив. Мириса на нежна лаванда и ванила некој смирувачки и релаксирачки микс на мириси, таман за пред спиење. Многу е практична што брзо се топи како ја поминуваш низ тело, ја омекнува кожата и мирисот ми е постојан на тело а и пижамите ги замирисува.
Потврдувам ја користев и многу беше добра и како мирисаше Јас дојдов да споделам искуство со регенераторот Retread, побарав тестер од него со последната нарачка и на страната пишуваше дека е тројно јак регенератор а некако врска нема, многу тешко ми се разчешла косата и тоа ставив багји. А баш убаво мириса штета очекував дека ќе биде добар
Ставено на листа. Верувам преубава е. Да ја дотрошам карма плочката па ќе ја купам. Во лосионот слипи сум заљубена, верувам и плочката ќе ми се допадне.
Имаше онлајн до прееска, излеа заврши попустот. Ама само на тие путерите поновите, на ништо друго колку што забележав. Од 900 на 600 беа 100г, као да е некој попуст тоа..
А па јас се прашувам: кое е тоа тело што ќе го покријат 100 грама повеќе од неколку пати? Зошто прават такви мини-верзии од лосиони/креми за тела, стварно не ми е јасно. Не само лаш, општо зборувам. Пред некој ден видов крема за тело 30 грама. Господе!
Ќе пројде ко травел пакување Можда зашто кјут изгледаат, а и ко за подарок моеш да ги спакуваш и напраиш некое сетче, врска неам што е форава. Премали им се, ја од Лаш све малите ги имам земано, висока цена ми е за големите, може по се исплати, не оти малите не се изгор, ама па страшно изгледаат тие суми да ги лупнеш за едно лосионче.. Вака си викаш боље 700 него 1400-500 И секако брзо се троши, да го поминеш цело тело отишло за неколку пати. Барем да беа поголемки.. *** Ја користев путер плочката Слипи, пребрзо се стопи, значи буквално за недела ипол дена, ако се користи секојдневно по цело тело. Лосионот Слипи според мене е понежен и поубав од плочката, повише осеќам хинт на нешто ко камилица? Токму таа мирисна нота ми е најубавото нешто кај Слипи, каков смирувачки мирис, многу опушта Плочкава поише наликува на спрејот, па не ми е нешто посебно мирисот, а траен е, пижами и постелнина замирисуваат. Следна за користење е Each Peach. Колку само збунки праат ова имињава, ни п од праска нема, целата е цитрусна, само лимон и ништо друго. Ја пробав малку, доста е кремаста.