Леле како Ние си го порачавме со сестра ми и од едно прскање замириса цел спрат на шеќерна волна. Татко ми вика што е ова прегорен шеќер. Мене многу ми се допаѓа дека преферирам слатки мириси. Цел ден си мирисам на слатко Инаку да, на алишта повеќе трае.
Искуство На кари мириса лосионот, не спрејот. Не знам зошто досега го немаат реформулирано лосионот, тоа е универзална рецензија дека мириса на кари со малку суво грозје. Која од вас ми го украде celebrate путерот од кошничка ќе те скршам!! Се шалам, ама мразам кога таман ќе соберам производи за фри шипинг некој ќе се потроши
Добро е, не сум пореметена со мириси значи Лосионот. Јас па, ни отворив да прочитам некаде рецензии дека мириса на тоа. Овде ве прочитав и ајде реков. Никакво слатко, никаков шеќер не осеќам, буквално ко со кари да се порисав ми мирисаше. Па, на нозе се нашлапав преку хеланки ми мирисаше ко да се спремам за печење и фатив на ново се туширав. Можеби спрејот и гелот не мирисаат така ама лосионов не го можам.
А чекај, не го зеде сетот, туку само лосионот? Damn girl. Од лосионите јас само Стики Дејтс го користам, и го имам јог ног од сетот ама така фаќа прашина. Сакав сега да го земам sleepy во сет, ама нарачав друго вeќе. Плочките за масажа ги користам како лосиони. Не да е долг.... оваа ми е трета нарачка. Не сум саглам, но ете, зедов плата и сакав да земам од плочките, иако се истрошиле убавите. А и сетот што го сакав со baked alaska се потроши додека да земам плата. Ставаат по еден-два, и толку. Тие што купивте подароци, во секој сет ли имаше ваучер со 10% попуст? Читам на еден форум во некои сетови некогаш заборавале да стават, или пак само во поскапите имало. Исто, тие што сте користеле од баровите путери/масла за масажа, кој ви бил најубав? Јас се вљубив во Junk. Си ги користам и како база за парфемите да траат подолго.
Мене sleepy дефинитвно ми беше многу убав путерот/плочка за тело, имав и еден со магнезиум ама незнам како се викаше, не ме бендиса баш мирисот. Овај power of touch последно што го нарачав беше за поклон, многу убаво мирисаше на чисто па на некое овошје незнам точно да кажам ама немав можност да го пробам за жал да споделам повеќе А lord of misrule плочката ја подарив на маж ми многу тежок мирис на нафталин ме подсеќа
Аман од Лаш што не ги ставаат сите на попуст, ни Turmeric Latte не е намален а баш ќе ми одговараше со парфемот. Па дури не е ни 50% ама ајде, нова опсесија ми се сега плочките - ем лосион, ем тврд парфем, ем плочка за масажа (немам кој да ме масира, па отпаѓа третава функција). Power of touch е истиот мирис на парфемот orange blossoms што им беше намален. Веќе мислам дека нема да се произведува ништо од таа серија. Е од сега (по не знам кој пат го велам ова и не е последен пат), не нарачувам додека не излезат сите нови колекции - денот на мајката, таткото, Велигден, Бајрам, Сакура, Минјонс и не знам кои бакрачи таму. Posh Chocolate исто треба да им пристигне среде февруари.
Јас купив два сета пред попустиве. Цените не им ги памтам ама беа под 2000 ден и во двата имаше картички за попуст
Сет тој што го постирав на сликата во него беше и јог ног. Јас читајќи ве овде дека убав бил се подлажав, не ми беше јасно што ви е убаво на кари да мирисате Видов и гелот бил намален, ставив во корпа вчера ама се премислив. Од плочките што ги имам сум задоволна. ЛОМ, Sleep и Therapy ги имам. ЛОМ си мириса исто како спрејот, Sleep i Therapy на лаванда ми мирисаат и двета. Се мислев за Sex Bomb, Каrma или Junk вчера заедно со гелот и Аромако залиха да направам, ама се премислив. @wannaBeMomma Имаше и во мојот сет картичка за 10% (1995 ден беше сетот) ама на бугарски е напишана, врска немам дали важи овде.
Ми фали кога Лаш праќаше по ТПЛ и за еден ден стасуваа работите. Дури денес стигна нарачката од пред неколку дена. И тоа бев до магацин да ја земам, сигурно ќе чекав до утре или понеделник да ми ја достават. Не сакам цветни мириси, ама убаво ми мириса Power of Touch, особено на тмурново време. И candy rain регенераторот ми е нова опсесија. Дефинитивно последна нарачка за месецов што трае сто години. Исто, не знам која вработена е на смена ама фала ти за тестерчињата срцка <3 Знам дека ве мрзи да ставате, ама ми значи.
@theunforgiven активен си на форумов гледам моментално, па да искористам прилика да те прашам, тој спрејот со грозје каков беше? Го проба ли конечно? Да не го врати? Го имаше деновиве пак на сајтот. Не се пофали ти каков е, а ме интересира како грозје би мирисало во спреј Сум немала до сега такво нешто. Да не е некој кисел мирис неубав или?
Уште немам прснато, замисли! Немав време, а сакам свечено прскање да правам, ахахахахахха. Го имам мириснато/тестирано на штанд. Затоа и го нарачав, инаку не би се осмелил ниту јас. Благ е. Како сок од грозје. Слично на боровница мириса, да речеме. Маааалку има една точка што „ти брца у нос“, знаеш, како PEZ бонбони, ајјхгахгакдј чувство, да се наежиш )))))) Јас многу сакам бонбони од грозје, пример. И од боровница. Затоа го купив спрејов. Мислам, немаше да го купам ако не беше на попуст, де...
Значи си додаваат залихи како што ќе им текне. Јас вчера кога проверив не ни имаше кутија Rose Jam, ама видов Јог Ног ја вратиле. Изгледа пак по една ставаат на залиха колку да се каже дека имало.
Лично мене тоа ич не ми се свиѓа, така што прават. Као... Цел ден ли да рефреширам треба, за да уловам нешто? Пример, денес ќе земам нешто од 300 денари, ќе платам додатно за достава. Утрето ставиле новитет кој го сакам и ќе ми донел бесплатна достава. Стварно не ги разбирам, што им е поентата? Се мислев за Rose Jam, за малку ќе го нарачав. Ама, не бев сигурен како ќе мириса. Ако е бугарска роза-ќе се зезнев. Но, читав по форуми дека не е баш таков мирисот, па затоа се двоумев. На крај, си реков ај да не трошам пари, немам уште многу до следна плата )))))) Ама стварно беше фина цената, бомба за када, гел за туширање и спреј за тело 100 милилитри за многу ниска цена (околу 7-800 мислам беше?). Инаку, само во таквите промотивни пакети/подароци ли има спреј за тело од 100 милилитри? Не знаев дека има и таква опција, мислев сите им се по 200 милилитри. Исто и за Yog Nog кога го видов, ама не би да земам нешто што мириса на карамела на крај од зимските недели. Сега нешто посвежо ми треба.
Прееееееблаго и за мене прегадно мириса. Мармалад некој од рози ако сакаш со еден тон шеќер, тогаш би ти се свиѓало. Баш така мириса. Само во тие сетовите се од 100мл спрејовите.
Читав по странски форуми, 90% го фалеа, преубав бил, особено гелот за туширање, како им бил бест-селер ова-она... Но, некако ми иде во глава дека го имам мириснато на штанд кај нас и дека не ми остави впечаток, и покрај тоа што сакам рози.