^ Штанд има. Се наоѓа на приземје, не ми текнува каде точно, но мислам дека беше пред Шатци парфимеријата (во истиот пролаз кај што се Теранова,Парфоа и сл.) Нека пише некој ако знае каде е точно, али во секој случај лесно ќе го најдеш
Девојки си го купив тврдиот шампон за мрсна коса......значи пре пре презадоволна сум!! Сега една другарка ме замоли да и купам тврд шамон ама за сува коса....ве молам каѓете ми кој од тврдите шампони е за сува коса?Ги разгледуав сите ама на ниту еден од нив не пишува дека е за сува коса. Дали некој од вас го има пробано чистачот за лице од јаглен Coal Face ili Dark Angels?
Пробав периодов секакви шампони за да ја оправам косава ама ништо не ми успеа, и сега сакам да пробам со некој од овие на Lush.Да ми препорачате некој за косава, ми изгледа безживотно, а не ми е оштетена, ја шишав пред краток период, ич ми нема сјај и волумен, многу брзо ми се мрси.Морам некако да ја оправам, зошто никогаш не ми била ваква косата, сега ми е некако презаситена со се што имам користено.
Вчера купив сапун феири тејл во вид на печурка е целиот.Се умириса цела бања на него ептен јак мирис а за нега допрва ке видиме
Мојата нова маска за лице од Лаш. До сега два пати ја имам употребено и засега сум задоволна. Го прави лицео нешно и свежо без иритации и не пресушува. За комбинирана до нормала кожа е идеалана. Мирисот на ментол го обожавам како и разладувачкиот ефект. Цената за 125 г. е 380 денари.
https://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/147/id/1675/-Brazziliant Овој е за виткана и сува . Не, само во Сити Мол се А ти бараш тврд или течен шампон?
Врв на ароматерапи е гелов за туширање. Има некои мириси, како и некои вкусови, кога ги чувствуваш немаш способност да мислиш во исто време. Е така! И Годивата има ист мирис, тоа е жолтиот тврд шампон, али јас не бев задоволна многу од него, се ронеше во рака и не пенеше убаво. Овие ги имам купувано порано,кога беа по 200-300 денари, сега никако да ми останат пари за гелов, па си го нарачав за роденден
1.Big blue шумлива купка со мирис на лаванда лимон.Ептен опушта и релаксира.Презадоволна 2.Sex bomb шумлива купка со мирис на жалфија, јасмин и иланг иланг.Премногу остро за мојот вкус.Дури тешко ми беше да лежам во када од мирисот. 3.Bubble gum Пилинг за уста со мирис на мастика за џвакање,направен од кафен шеќер и масло од јојоба.Презадоволна!!
Имам користено повеќе производи за коса и лице и не сум многу задоволна, има само неколку работи што би ги купила повторно... New - Тврд шампон за стимулирање на растот на косата, со ментол, коприва, цимет, рузмарин, карамфил... Не сум задоволна затоа што ме чешаше главата, многу непријатно чувство. Honey I washed my hair - тврд шампон со мед, портокал и бергамот. Не ми остави некој посебен впечаток, пишува дека ја омекнува косата ама пак имав потреба од малку регенератор. Godiva - Тврд шампон што има најбогати состојки, прекрасни масла, убаво мириса а мене косата ми ја направи УЖАС. Одма ми излезе првут и ми ја измрси косата. Jason and the argan oil - тврд шампон со арган, за посветла коса е наменет, јас имам темна, не беше лош, дава сјај. Caca Brun - кна за коса со многу убави состојки, одкако ќе се исфарбам косата ми е прекрасна. Дава доста темно кафена боја, оди накај црна. Прекрасна е. Eau Roma water - тоник за лице со ружи и лаванда. Катастрофа жива, ми излегуваат бубулици кога ќе се напрскам, жал ми е да го фрлам... Ocean salt - пилинг за лице. Супер е, го измазнува и чисти лицето, ќе продолжам да го користам. Mask of magnaminty - се користи како маска или чистач со пилинг ефект, супер е, го дава истиот ефект на мазно и чисто лице како Ocean salt, само што ментолот доста освежува и дава разладувачко чувство на кожата. Aqua marina - чистач за лице. Не ми остави посебен впечаток, го ставав како маска и го држев 10 минути на лицето освежува, ок е. Повеќе прочитајте си на страната, пишува се: www.lush.com.mk
https://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/147_148/id/378/---Jumping-Juniper овој е тврд шампон и https://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/147_149/id/675/---I-Love-Juicy течен и двата се за мрсна
И јас ја имам маската на Лаш - Mask of Magnaminty. Многу ми се допаѓа. Лицето ми е премеко и нежно. И претходно ми беше такво, но после употребата , се забележува разлика
Еднаш кога поминав крај Lush во City Mall, ми запна око за едно парфемче, нешто со Death имаше во името, количината дали 15ml беше, мирисот беше претежок за мој вкус и и' се вртам на другарката, и викам сега некоја цена за ова сигурно 500-600 денари... кога што да видам, 1500 беше. Иако производите ми се многу интересни и привлечни, особено сапуните и тие бомбите за бањање, прескапи се, а верувам и преценети. Како бре 300 денари за еден сапун да дадам, нема шанси.