Јас на штанд кивавица добивам и во широк круг сум заобиколувала. Ама буквално и да поминам близу после 20 минути без престан кивам. Па, сум праќала други за физички да земат нешто ама 90% се онлајн терам.
Да да, битно они немаат социјални мрежи, не трошат пари на маркетинг, ја чуваат околината и штедат на се....а од друга страна ги качуваат цените како луди додека намалуваат на квалитет
Ме изнасмеа Дури вчера се размислував еден меил културен да им пишам стварно страмота е да штедат на тестери, незнам како очекуваат продажба на вакви работи мислам helloy ние што немаме lush во нашиот град неможеме се да нарачуваме на слепо, мене чудно ми е како минатиот пат се што побарав се ми испратија а сега баш за инает нешто сосем трето или денот не и беше на вработената. Отворив во историја на нарачки баш некни и ги собрав сите нарачки преку 25 000ден имам потрошено низ годиниве на Lush.
This^ Треба да потрошам илјадарка да отидам до Скопје и назад ако сакам да испробам нешто. Патем, од Ист Гејт ги испраќаат пратките, а таму (дел од) вработените се.... знаете какви од претходни коментари. Мене на лице место не сакаа да ми дадат тестерче - веќе бев со пет кила производи на мене, не сакав уште да ме мачка таа со путерите, сакав да си го пробам дома на раат. Не сакаа да ме услужат. На други им правеа проблеми за враќање на (неискористени) производи, за замена на стари кутивчиња за сапун, итн. Не е само едно нешто. Многу лесно може да му се одмили на човек самиот концепт за Лаш од вработените/начинот на работа. Секако, со исклучоци, не знам дали е уште на штандот во СМ, ама едно девојче е злато таму. Мисли си дека немаат и дека не трошат на маркетинг. Читаат. Не им е гајле реално, гледаат бизнис да си тераат. Иако производите не вредат ни 10% од цената, очекуваат дека ќе трчаме по нив кога ќе дадат 10% ваучер или стават некој попуст крај на јануари. Не велам дека не се квалитетни производите (иако сите нови колекции ми го покажуваат спротивното, штедат и на состојки и на мирис), ама претеруваат. Патем, знам луѓе што произведуваат парфеми - ниту еден парфем или спреј не кошта повеќе од 5 долари да се произведе (дури ни некој како Бакарат Руж), сосе органски состојки и не знам какви бакрачи, па вие видете си колку профит прават, не само на парфеми, на се'.
Али ова е мислам врв на безобразлукот, ама не кај нас, него глобално. Кај нас не знам дал е достапно волшебново мистериозно камионче, ова машинче де Од Скуби Ду колекцијава продаваат кутија која е ПРАЗНА И тоа за 10 долари Дали да се смееш или да плачеш.. Најсериозно прекинувам више со купување Добра си ти.. тек ја коа видов Се каам шо толку глупа испаднав. Место за ова све да давав, ќе си заштедев за да имав за нешто мнооогу побитно, али бидна..
Здраво девојки, ве молам споделете искуство со фамозното комбо Roots+Wasabi. Вреди ли за опоравок на косата или не? Што да очекувам?
Мене ми помогна ептен. Поправило третманот roots. Секако и шампонот во комбинација е добитно, но ако го користиш само шампонот ептен ќе ти го суши скалпот. Ако ги зимаш, земи ги двете. Третманот е убаво да го масираш подолго на скалпот и да го оставиш и подолго од половина час, потоа измиј го. Јас до сега го имам земено 4 пати и одлично се покажал. Шампонот го земав првиот пат и одма се виде разлика со третманот
@Antolinaa и за мене нема тестери. Ова ни е фала што редовно им порачуваме Се мислев дали да не ја подигнам праткава прееска, сепак ја земав.. Свеќава мириса погрдо од спрејот, може кога ќе се запали подобра ќе биде, којзнае.. И така утепан ми е денов, се разочарав и за ова. Ич не ме израдува праткава овојпат.. Спојлер
Баш пиши како си задоволна откако ќе ја запалиш свеќата. Мене спрејот ми е симпа, некако ми остана во сеќавање како убав мирис
Одлично комбо е, ама претераа со цени. Порано двете ги земав за илјадарка, сега само третманот е 1095. Се прецениле малку. Се мислам уште дали да го земам само третманот бидејќи реално тој е оној што помага, шампонот не е лош, ама не е ни wow. Дека расте екстра коса, се приметува после две пакувања третман, мене не ми се згусна нешто многу, само престана да ми паѓа и имав нови влакна.
И мене шампонот не ми остави некој голем впечаток да посакам да го земам пак. Третманот повеќе ми одговара, многу повеќе ми се допаѓа. Иако да, навистина е висока цената...
Здравје за празнициве сакам. Инаку убава е, ароматична и интензивна, има некоја нота која ми е малце појака, и ја прави ко потешка од спрејот. Ама убава е, чим само ја душкам. Поубаво ја осетив сега, вчера ненаспана и нервозна, и тоа ми влијаеше.
И мене ептен ми помогна , многу бебешки влакненца имав . Таман го дотрошувам Керастас генесис шампонот не ми помогна баш , ама затоа пак денес пак си го купив Wasabi омилен ми е
Е Антолина се прелажа сеа и пушти нарачка. Од попустов Јог Ног сетот го зедов, плочката за масажа и Sleepy Bear гелот. И им опнав есеј за тестерите. Да видиме сеа дали ќе пуштат нешто или не. Баш пред некоја минута ми стигна повратен меил дека е спакувана нарачката. Живи били па, видели шо тестери ќе добијам Има, над 1500 ден.
Ставив во кошничка неколку работи, додека да одам да платам се распродале. Ставаат по едно-две од ствариве колку да се каже, а и од новите парфеми и спрејови нема ставено ништо (candy rain, strawberry feels, Scooby snacks…)
Јас се мислам за Snow fairy регенераторот, ама некако не можам да пресечам дали навистина ми треба или е моментален хир. Имам две-три масла отворени и свашта нешто, ама спрејов за заштита од топлина ми е при крај. Има ова топлинска заштита или само обичен регенератор е?
@carly j Баш така а пред некој ден гледав на страна на lush ама не во мк туку во друга држава и многу повеќе спреја беа на попуст а овде само неколку колку да се каже дека има попуст
Тие не само што ставаат нови/лимитед туку гледам и супер милк и лтгтр/стики некои држави ги имаат на попуст. Кај нас само работите што ептен не се продаваат, колку да не залажат. А ако забележите, некои работи не се ни на 50%, на 20% се.