Jас каснам со опсесијава со LUSH ама еве да се приклучам, втора година како сум редовен купувач Почнав со производите за коса, Roots третманот, Wasabi шампонот, New цврстиот шампон и Curl power кремот за виткана коса редовно ги користам. Ефективни против опаѓањето ептен, живната коса 10/10 Бомбите за во када и порано ги имам користено, и сега знам да си земам посебно кога се на попуст се исплати. Гелови за туширање немам пробано многу, омилен ми е Yog Nog, преубав зимски мирис што цел ден останува на кожа и после туширање. Бев пред некој ден во сити мол и имаа добиено нова валентајн колекција, го земав гелот за туширање со ексофилијант Rascal, магично мириса, на малини Од спрејови за тело сакав да пробам пошто сите ги фалат, мирисав мирисав ми се испомешаа сите мириси, се мислев кој, и на крај не земав ни еден. Кога денес отварам страната гледам има попуст. И го земав на мајка ми Snow fairy, а за мене Yog nog. Здравје ќе си земам и некој полесен, цветен за пролетта ама пак треба да одам да душкам Ги нарачав и Snow fairy спрејот за коса и sleepy bear желе за туширање, па ќе пишам ривју кога ќе се испробаат. Инаку морам да ги пофалам вработените во сити мол многу се услужни. Башка што ми се свиѓа што секогаш даваат тестери, дури и од онлајн нарачки.
Луѓе, шо е фората со ДДВ на нарачките? Значи, само што ќе нарачав - знам дека над 1500 е бесплатна достава и темпирав да биде така. Кога тргнам еден производ - имам некоја сума од 1325 денари (така нешо). Додавам сапун од 225 денари и, наместо 1550 - 1850 ми дава сума. Таа разлика од (приближно) 300 денари ми ја калкулира како ДДВ! Ако го тргнам сапунот - имам достава од 150 денари. Мене ова стварно не ми е јасно... EDIT: Еве пак пробав во меѓувреме. Исто е. Без тој сапун од 225 денари, имам сума од 1585 денари и НЕ ме следува бесплатна достава зашто, ха! - тоа е сума БЕЗ ДДВ, замислете вие тоа! Па дали е ова фер? Тотално се разочарав. Кој глуп трик за бесплатна достава не ми се верува... Башка, многу од производите имаат една цена а, кога кликам на нив за нарачка - ги нема по таа цена, туку во поголема варијанта (пример нема од 100, туку од 200 грама). Исто, многу производи од овие на попуст НЕ им се означени како распродадени. Кликам на производ, пишува цена, кликам додај во кошничка - не сака - долу лево излегува едно на англиски дека производот не е достапен во посакуваната грамажа. И попуст и сѐ... Таму нека им стои. Ааа, па, више!
И мене ми правеше така, плус ми даваше цена на checkout за производи што не беа достапни а ми беа во кошничка….
Добро дали и ова го направија? Далииии? Нешто многу ниско почнаа да паѓаат, до каде ли вака мислат? @TammiB5 за Пампкин свеќата да кажам. Јака е, се осеќа мирисот у просторијата дури и откако ќе ја изгасиш неколку саати, што почна мене да ми смета више. Премногу зачини.. Џабе фрлени пари, не ми го направи меракот.. Ене ја на попуст 800 е, и оваа цена е висока реално.
Ова не е фер. Ќе им пишам, не дека нешто ќе сменам - пак они ќе бидат у право, како што беа за тежината на спрејовите - ама ако, да ми помине маката )))) Буквално заради тоа не направив нарачка. EDIT: За пример, производ кој е листан по цена од 995 денари (на попустот), во кошничка го препознава како производ кој чини 843 денари + ДДВ од 152 денари. Значи, не нѐ следува бесплатна достава ако калкулираме со цените што ги гледаме. Треба да знаеме дека, по не знам која логика, данокот е пресметан во нив и дека ние треба да видиме што и како, за да дојдеме до бесплатна достава (т.е. да купиме треба уште еден, рандом производ).
Па да, они гледаат да си го бранат бизнисот, сигурно нема да признаат некоја грешка. И гледаат максимално колку што можат профит да направат. Се надевам дека барем вработените ги третираат добро и ќе земат некој бонус. Освен тие што се понашаат на штанд, за нив не мора. А го читаат форумов секако, знаат што пишуваме.
Се среди кај мене, демек ја лошо сум видел )))) Нема веза, сега е океј. Глеј, шо ако читаат? Мислам, не е МК бренд ова, наложено им е, си имаат правила, политика... Сегде е исто, ваљда?
Да беше секаде исто: 1) Попустот кај нас ќе беше 50% и тоа на повеќе работи, а не да ставаат и попусти од 20%. 2) Не смеат да користат друштвени мрежи 3) Имаат право да даваат на луѓе бесплатни производи како random act of kidness - мене ниту ми дале ниту имам слушнато некому да дадат (еве, има доста луѓе на форумов што купуваат, кажете ако имате добиено нешто бесплатно). 4) Вработените, освен бонуси, треба да имаат 50% попуст и два производа месечно бесплатни, плус да смеат да си земат што е вратено од некого а не да препродаваат. Исто им следуваат денови за не знам какви причини. Еве ако работел/а некој/а од тука, нека каже дали е така. Се сомневам. 5) Тука без сметка не ти враќаат ништо, а ако е парфем/спреј што е прснат верувам дека и тоа не го враќаат ни со сметка (може грешам, ама како да прочитав така од некоја членка). Ако го следат главниот Лаш, треба да дозволуваат враќање од било која причина, дури и без сметка е дозволено, но не се враќаат пари туку таа сума треба да се искористи на нешто друго. 6) Сите производи ќе беа ставени онлајн, а не едниот штанд само да ја води веб страната и нарачките. 7) Имаат и други попусти од 50% Лаш во freshness sale низ годината, кај нас имам приметено тој да е едвај на еден-два производи што не се продаваат, и пак од околу 20%. Да не набројувам уште колку разлики има меѓу нашиот Лаш и франшизата што ја претставуваат... Може излегува дека ги хејтам (купив сега и веројатно пак ќе купувам од нив), ама и они колку што имаат право да следат наложени работи, толку и јас имам да коментирам ако не го прават истото. Сепак, не земаме иста плата ние и луѓе во Англија и Америка. Вака излегуваа дека се и поскапи некои работи кај нас. А ако си имаат слобода да прават што сакаат и немаат наложено работи, тоа е. Нека си бидат Македонска фирма, ама нека не очекуваат луѓе да купуваат по странски цени.
Јас одамна се откажав. Откако ми ја сменија кната, им пишав неколку мејла, се бунев на штанд. Читав и на редит. После демек ја вратија реформулирана како старата. Истото ми се случи со godiva шампонот како и да беше. Го немаше, го вратија и крш. Тие ми беа омилени, а другото пропратно. Веќе немам ни пропратно. Некогаш ќе се залажам за кната, чисто како сјај да ставам на косата, ама после се каам.
Многу работи се реформулирани за жал, за ова не можам да ги кривам нашиот Лаш оти не е до нив, ама има револт секаде. Од спрејови и парфеми до скрабиња, многу работи се измелезија оваа година, и секоја нова серија очекувам да биде послаба. Бараат поефтини алтернативи за нив што се поисплатливи, а цениве се качуваат важно. Make it make sense.
Оффф... А бе, добро е шо уопште има кај нас. Англичаните одамна нѐ имаат исфрлено од листа на држави со кои соработуваат т.е. нема шипинг кај нас од 99% од нивни онлајн-шопинг сајтови (јас конкретно за козметика и книги имам примери. Еднаш ја вратија МК на листа ама сега пак ја нема, виделе со кој си имаат работа). Не знам, стварно многу чудно. Не знаев дека е кај нас само тоа - дека само дел од производите се онлајн ставени на продажба мислев дека е секаде исто... Баш ме изненадува тоа, не знам зошто така? И, како бе така со попустите? Па шо им прават толку на производите што нема да им се продадат? Ги донираат ли некаде, не ми е јасно? Па дај коа глеаш дека нешто не ти се продава - подари го, дај го гратис на купувач, на посетител на штанд... Не можам да разберам, стварно. ЕДИТ: Во меѓувреме проверив и дојдов до податок дека кај нас LUSH е франшиза: не е corporate LUSH, туку локална лиценца. Ја тоа го сфаќам као, пример, ќе ми текне да соработувам со ЛАШ и ќе платам лиценца и то... Ама, не сфаќам како може така? Си го рушат рејтингот. Мое мислење.
Реално живееме во Тунгузија, многу им е гајле на corporate Lush за нашиве што и како прават. Инаку кај нас повеќето работи се правени во фабриката во Хрватска, не се ни од Англија увезени да плаќаме кузнае колку за царини и не знам што таму.
Само што, не е ова случај само со нас: повеќето држави од Европа, особено од Балкан, функционираат така - со лиценца. Е, сега, зошто тоа од ЛАШ го дозволуваат, дали или не прават мониторинг, дали им е гајле или не за сликата што ја оставаат и дали и колку се контрадикторни во она што го промовираат и, на крај, дали се селективни и зошто е сето тоа така - веројатно знаат и се свесни. Така шо, ете... Не можеме да се споредуваме со ЛАШ Америка, Јапонија, Франција... Таму постојат сите нешта кои ЛАШ ги промовира: попусти, листа на производи на веб, подароци зашо така им текнало на вработените и слично. Кај нас - не се обврзани да го имаат тоа. А, какви што сме, како нација - добро е, пак ќе речам, што воопшто имаме пристап до производиве ))))))))
Да не излезе дека ги хејтам само Лаш, од новиве спрејови нормална количина дојде, 220 грама со шишето. Sufganiyah пилингот е ПРЕУБАВ, место да прават безвезе мириси (благи цитрусни веќе имаат 100, нека сменат малку), ми треба парфем или спреј што мириса вака. Turmeric latte е класика, ако препорачувам нешто од Лаш, тоа е парфемов. Сакав и плочката да биде на попуст да можам да ги комбинирам. Не знам дали вреди уште нешто да купам додека имам желба и пари, вие што си зедовте?
Lord of Misrule спреј + гел за туширање, и Sleepy Bear shower jelly. BTW, Turmeric Latte... стои дека е на попуст, со верзија 30 милилитри 1015 денари или 1095 како беше. Кликаш на производот - го имаш само во 100мл варијанта. Аман бе... Па по колку имаат на залиха, по 3?
Јас чекам попустот и на штанд да го стават за да си одберам нешто од таму, не знам како мириса се. Ставаат по 2-3 на залиха па чекаат да се купат па ако се купат ќе стават пак (ако има). И лани беше така. Ама чим од 30мл не се вратило, ништо. Гледам додале вчера нови залихи. П.С. Некој ги чита коментариве, свеќата ја намалиле
Мноооооогу производи има и сите со „чудни“ имиња, па не можам, и да сакам, да запомнам што ми се свиѓало а што не. А што беше со свеќата? Тоа шо имаше пример дека е поскапа кај нас него во Англија?