Го има сетот достапен, намален бил? Гелот од сетот Лтгтр не ми се свиѓаше, течен, водлест, глупи светки низ него, глупа формула. Кремот за туширање е нешто најпосебно, можеби повкусно мириса и од спрејот
Не сум во Мк, овде кај мене го има во некои продавници на Лаш низ Перт ама за достава е недостапен Мада ако веќе се решам, ќе тргнам да го најдам Сетот е $72 Аус долари Let The Good Times Roll | Gift | LUSH
Лосионот е исто така многу вкусен, гелот не ми беше убав иако мириса исто ко спрејот. Тука сме со цените, ние највисок стандард ќе да иаме
Скролав низ сајтот, видов дека плочките за масажа Sex Bomb и Lord of Misrule нема да ги има повеќе. А таман ги „спарив“ со соодветните мириси и баш ми се убави, ообено Sex Bomb, милион пати имам кажано дека ептен ми се свиѓаат сите работи од линијава. Баш се разочарав вака викендашки. Лосионот за тело ми е навистина убав, ама не ми е тоа тоа. Плочкава ми беше врв. Штета, ептен се изнервирав.
@koritsaki Дали го проба новиот дезодоранс? Јас последно ја земав Delight and Decadence плочката од попустите и ми се допаѓа. Побрзо се топи за разлика од другите, има дрвенаст мирис и некои нежни светки низ неа. @Mishela И јас пред некој ден видов и ќе правам порачам, да имам залиха од Sex Bomb А, како ги комбинираш? Се мислев за гелот и него да го нарачам, ама имам 100 гелови започнати непотрошени што од Лаш што од TBS. Зависно расположение по тој посегнувам.
Самите си го прават ова. И зошто? Се со цел да воведат некои нови грди производи што пак ќе бидат ограничена серија или некоја непотребна колаборација и ќе бидат со поефтини состојки направени а поскапи од регуларните. Глупости. Забележете го квалитетот на поновиве ствари, од гелови до парфеми и спрејови.
Не мислам на класично комбинирање со некои други производи, можеби погрешно се изразив во моментот кога пишував. Ги користам плочката и спрејот - прво масажа, па после да се „заклучи“ мирисот со спреј, хаха. Затоа викам - таман ги спарив, ќе ги нема повеќе. Ги имам плочката и спрејот Лорд оф мисрул (стално го читам зборов како мрсул, леле ) и Секс бомб, па ги користам по расположение. Други некои убави плочки има? Sleepy не е лоша, ама не ми е тоа, тоа. Turmeric latte ми е убава, можеби треба да ја купам пак...дури не ја прибрале и неа. Па и барем да ги поднамалеа нешто вака ко за пред збогување, 20%, 30%, чувај боже 40-50%. А не да ги купуваме по редовна цена. Или антиквитет се сега, limited изданија дури има количини, па да се искористи.
Ова им е исто тактика, луѓево да трчаат да изнакупат демек зашто нема веќе да има, па после пак да ги донесат, и да бидат погрди, секако. Кај нас не ставаат се што треба во попустите во јануари, па не очекувај ни сега да бидат плочките, ептен ако се пред истек на рокот па да ги намалат.
Затоа и воопшто нема да купам, онака од револт. Стварно ми е жал за плочкава, омилен продукт ми беше. Ептен, ептен погодени ми се и нотите, ја обожавам линијава.
Знам, и јас ги сакам некои од плочките. Ама кога ќе ги дотрошам овие што ги имам, толку е. Мислам дека завршив со Лаш. Од парфеми што не траат, до гелови и сапуни што печат и скрабиња што предизвикуваат рани (тоа што беше со мирис на Cherryish новото гребе премногу). Веќе имам спрејови и парфеми од нив што ќе ми потраат (некои како Лорд оф Мрсул пет години ќе ги користам, еден-два спреја се доста), а и секако само 1-2 ми се во постојана ротација, така да, доста беше.
Оваа последно што ја затрошив стварно ми е убава, ама веќе ја нема стандард Пред неа, ја користев JUNK на капини најмногу ми мирисаше, а од време на време на Интеса лакот за коса - Бог да чува описов ми е.. Sleep пред неа, најмногу осеќав лаванда и камилица и ок ми беше. А, за Lord of Mirsrule си кажав уште прв пат кога нарачав дека ми е ептен погодена. Therapy лавандесто ми мирисаше, не памтам ич за неа.. Turmeric latte ја немам пробано Ептен ми одговараат на кожава плочкиве, сега на мисла сум дали залиха на Sex Bomb да правам или да ја пробам Каrma и сакав новиот дезодоранс да го пробам, и уште нешто за да стигнам до 1500 за бесплатна достава.
Karma плочката е многу убава, ја пробав на дланката додека разгледував на штандот еднаш. Ептен ми се допадна, си реков дека ќе ја земам некој следен пат. Ги запишав овие, фала. Нека се најдат за инспирација. Јас немам желба да си направам залиха, премногу сум им лута, хаха.
Карма е одлична. Пред некоја недела на штанд видов нова gorgeus. Таа е нешто измеѓу karma и sleep. Ме бендиса, ама online ја нема, а некако не ми се оди до моловиве за да ја земам.
Gorgeous ја купив јас, има, многу нежен и смирувачки мирис и доста е хидратантна. Само што треба малку повеќе време да се растопи низ тело за разлика од другите плочки, поцврста е. Следна на листа ми е Coconut drench.
Ја надополниле листата со Last Chance производи... Sleep ќе ја повлекуваат од плочките гледам и Karma спрејот..
Ќе остане ли нешто од асортиманот неелиминирано, се прашувам. Ја гледам листата и нема што не шутнале, no comment. Што им се дешава?
Sleep плочката??? Леле, таа плочка колку ми делуваше релаксирачки навечер, мирисот ми ја смируваше анксиозноста, буквално. Стварно се разочарав. Ќе ми остане лосионот како втора опција ако не го тргнат и него, ама не е како плочката, нема толку интензивен и постојан мирис.
Повеќето од овие производи требаше да се на акција во јануари а не беа, намерно им е оваа тактика за од паника да купувате дека веќе ќе ги нема. Па ги ставиле тука и лимитед што се спрејовите, a секако тие ќе ги нема, логично е. Селски финти продаваат.
Колку време траат тие плочки за масажа? Што им е поентата, имаат нешто улога или само онака, као за мирис?