Путер за тело во цврста форма. Мене ми се подобри од лосионите за нега. Помека е кожата, повеќе хидрираат и мирисот мислам трае подолго (или може така ми се погодиле, немам од исти мирис пробано и лосион и плочка, па може трајноста зависи и од самиот мирис)
За трајноста на производот во однос на тоа за колку време се троши мислиш, или трајноста на мирисот? Зависи од самите плочки какви се. Некои се покремасти, се топат побрзо, и тоа баш баш брзо се трошат, некои може да потраат, зависи колку ги користиш. Ја не ги штедев. Мачкам цело тело. Можеш и ко solid парфеми да ги нанесуваш, бар тие појаките. Моментално Coconut drench ја имам. Супер е, мириса слатко на кокос, не е премногу кремаста, ниту цврста и сува, некадe на средина би рекла. Кој го знае мирисот на Coconut Passion на VS, ќе го препознае и во плочкава, слично мирисаат. Не проектира нешо баш многу, но има мирисна трага на облека, се осеќа. Ја неколку плочки имав пробано, ко најубави би ги издвоила оваа со кокосот и Turmeric latte, оваа јакичка беше и трајна на мирис. Имав една лимитирана со ружи, премрсна, ко масло беше, а проектираше лудница, цела соба угушена од мирисот беше. Појак мирис од плочкиве неам осетено ја. Sleep и Each Peach ми беа онака мех, едвај чекав да ги потрошам.
Sleep, ми се чини за таа плочка мислам конкретно, сега што е као последна шанса, што ќе ја укинувале. Е зошто мех? Јас па очекував да чујам дека е пријатен мирис што смирува. Многу е вештачки, лаванда само? Има неколку со слични имиња и поим неам искрено кое-какво беше, едно мирисаше поблаго, друго поостро (само лаванда)...
Не не, мирисот си е океј, но ја го преферирам лосионот Слипи, понежен е. Не е чиста лаванда, нешто ванилесто има, и дека е плочка, покремаст е мирисот. Но сепак, лосионот ми е поубав. Тој би го купила некад пак. Deep sleep ја неам мириснато. Излеа оваа мириса поостро по описот.
Плочките се супер за масажа, ко лимфна дренажа на понежен начин е целиот ритуал за мене. Мирисот во комбинација со истоимениот спреј или парфем (ако се погоди од таква линија да има и тоа и тоа), многу подолго се задржува на кожа. Тоа сум го приметила. Ама ги купувам најмногу поради тоа што самиот мирис многу ме опушта после туширање, пред спиење особено. Имам и една во ноќното шкафче и мачкам раце пред спиење. И кожата многу убаво ми реагира на вакви продукти. Мојата кожа си сака масленца, буквално блеска во периодите кога користам плочка наместо класичен лосион или путер за тело. Брзо ми се трошат кога ги користам за по цело тело, за 2 месеци можеби, ама не со секојдневна употреба. Во последно време нанесувам од плочката на цели раце, врат и деколте. Доста подолго трае, ни до пола не ми е потрошена овој пат. Многу сакам вакви работи за мали ритуалчиња после туш, мене ми делува многу терапевтски, а ефектот на кожата ми е башка.
Стигна одма следниот ден откако нарачав. Јас имам нов фаворит што ќе го замени Аромако. Аромако некако чуден мирис ми има, овој цветно, нежно пријатно мириса. 3-4 дена што го користев сум задоволна, немаат мирис алиштата после носење кој со аромако суптилно ама го имаше и ме нервираше. Малку е покремаст, не е толку цврст како Аромако. Дефинитивно да го дотрошам Аромако, се префрлам на Daisy Daikon, надежно дека нема да го повлечат Coco Loco не го пробав сеуште, имам еден куп затрошени и гелови и масла, ќе го почувам, до кога не знам Маслото за коса ми изгледа ветувачки, ќе го пробам денес него. Убав мирис има, се надевам ќе се задржи и на коса. Гелот Salam ми мириса на Цефалексин сирупот розев што беше Убаво на јагоди/малини. Valkyrie регенераторот мириса на Rose Jam.
Никад неам користено вакви стикови/сапунчиња или нз како да ги наречам, во замена за дезодоранс, ама ме заинтересира со ова што го опиша. Ја нишо друго неам у план од Лаш повеќе да земам, можеби да отидам на штанд само за ова. Викаш нежно мириса, као на чисто, на бањато? И бољи ефект имаат за разлика од класичните дезодоранси? За Аромако ве иам читано, го фалите, ама имав читано и дека кај некои иритации правел, па шо знам, не ме влечеше ич. На пинаколада мириса, ако го знаеш путерот што го имаа Pineapple tart, исти се. Маслово океј беше, ја го земав од љубопитство, не дека ми треба масло, приметив дека брзо се потроши, доста малечко е.
Ново е ова? Јас се презаситив од Аромако, може да го пробам. Ама Аромако ми беше закон и во лето особено, се надевам дека овој исто ќе се покаже. Ама Лаш некако ми претераа со цените...мислам генерално цените на козметика се превисоки, чест на исклучоци, ама за Лаш не би дала толку пари, преценети ми се.
@Mrs. right Баш на чисто, свежо. Ептен убаво ми мириса, не знам со што да споредам најблиску. Не е благ, шеќераст мирис, туку баш пријатен, нежен. Аромако некако нафталинесто ми мириса, а на почеток и мене иритација ми направи ко да ми се излупи кожата под пазуви, па после се смири само по себе и немав иритации после. Дејзи е покремаста структура кога поминувам со цело парче по кожа остава трага па, ја вртивам во кожата. Веројатно ќе пробам можеби друг начин за ставање, ама и вака не ми е проблем. Аромако ми е баш како сапунче по цврстина. И на алиштата приметив (ова испаѓа ко да неќам да перам алишта )ама стварно ме нервираше од Аромакото чуден некој мирис ми имаа и ставав и средство од Бекман кога ги перев, а со ова нема ама баш никаков мирис после Едит: Јас откако преминав на Аромако дезодоранс класичен немам купено. Плус доста долго трае едно парче. Дејзи баш ќе видам колку ќе трае. @Annath Јас до сега го немав приметено. Баш околу попустите правев нарачка и Аромако нарачав, ова @koritsaki кога го спомна приметив дека го има и кај нас. За цените остај...
Баш заради тој мирис на нафталин престанав да го користам Аромако и се префрлив на Балеа и Алверде део кремата ама сега ме убеди инаку со Аромако се осеќав како стара баба со нафталин
Ме изнасмеавте со нафталинот. Јас несреќно почнав со Аромако, првото купено Аромако парче заврши кај мајка ми затоа што мене не ми одговараше. Ми направи иритација. Ама му дадов шанса пак, немам поим зошто после првото никакво искуство, ама ете, сакав промена. И вториот пат ми беше совршен, хаха. Мене ми мириса баш на сапун. Не знам колку пати го купив пак од тогаш, ама веќе навистина ми здосади па го ставив на пауза. Многу долго трае, значи цела вечност ми треба додека го потрошам и тоа баш ми се допаѓа. Купувам и не мислам на купување антиперспирант во наредни ху месеци. Ова новово Дејзи ( не знам дали им е ново, прв пат го гледам) би го пробала дефинитивно. Е само маната на Аромако барем за мене, е тоа што не можам да го разнесувам со мене кога патувам. Премногу ми се топи. Дајте типс&трикс како правите вие при патување.
На почеток не знам нормално ми мирисаше на чисто, за подоцна баш на нафталин да ми удира Не јас со описиве на мириси сум троа скарана.. @Mishela Јас со ноже сечам парче во фолија проѕирна го мотам и имам едно кутивче од Џамбо или од бонбони не знам од што е мало метално минијатурно во него го транспортирам. Другарка ми пак, има исечено во амбалажа од кармин и така го носи Немам нерви јас да сецкам и пакувам до толку Исто вакво:
@Antolinaa или некој друг од форумот, го проба ли новиот стик? Се мислам утре да одам да го купам. Штити ли од непријатна миризба? Туку се мислам и шампон да си земам, се мислам дали да го земам пак Wasabi шампонот, откако почнав црна да се фарбам веќе не ми е сува косата, повторно ми е сплескана и без волумен косава Исто така за super milk спрејот се мислам пак да го земам.
Јас го обожавам Super milk спрејчето за коса. Толку убаво мириса, па и трајноста ме воодушеви, цел ден ми мириса косата.
Да да , исто многу ми се допаѓаше. Гледам има едно спрејче на sticky dates, ама на другово мирисот повеќе ми се допаѓа. И мене ми коментираа дека ми мириса косата. Ова сетче го меркам https://www.lush.com.mk/super-milk-haircare-gift
Сетчево со шампонот и регенераторот ако имаш сува коса ќе ти одговара. Ме заинтересираа тогаш поради мирисот, ама немам сува коса. А спрејот ми е пробан во комбинација и со Аmerican cream парфемот. Совршена спојка на мириси.
Е да, значи воопшто да не ги земам. Уште толку ќе ми се сплеска косата доволен е спрејот. Тебе траен ѕmти е American cream ? Мене воопшто не ми траеше некако и повторно не го земав
Искрено не, штета зошто е преубав мирис. Го чувствував на мене, меѓутоа воопшто не проектираше, повеќе спрејот за коса ширеше мирис отколку парфемот.
Јас го земав овој шампон, косава нешто ми се масти многу во последно време а и сакам да ја пораснам па реков повторно да го земам, пред многу години го користев и не се сеќавам баш како беше. Super milk го земав пак. Туку го пробав спрејот Super milk и парфемот Chelsea morning. Слични се и двата, но мислам парфемот е многу потежок и за топлово време што доаѓа дефинитивно не е. Спрејот за тело ми се допадна многу и многу е траен. И мириса баш како спрејпт за коса Ќе го земам во наредна прилика.
Не трае ич. Не е јак нешо мнг. Брзо и ми здосади. Супер милк ко поубаво мириса. Ич не ми е траен, и нишо не праи на косава.. Мирисот не знам дали си го осетила, потсеќа на Стики но спрејот и лосионот пример се далеку поубави. Во однос на количината, трае бесконечно долго, барем кај мене е така. Го имам малото од 100г. Ме терате да сакам Супер милк да го пробам