Јас решив деновиве да идам да го земам, тоа значи дека ќе те инфлуенснам и тебе да го купиш. @koritsaki Скроз исто мириса како спрејот за тело? Мене Стики и гелот и лосионот ми мирисаат на кафе со вкус на карамела. И спрејот за коса така исто мириса? На штанд пробав спреј за коса со мирис на карамела, не ми текнува дали беше Стики, ама веројатно бил. Цел ден се задржа мирисот.
Слично, не го доловиле 100% исто. За жал на мојава коса ја не го осеќам Дур ја исушам мириса, потоа веќе не.. Се надевам Супер Милк потраен би ми бил.
Мене ми мирисаше скроз, да. Треба да поминат 10 мин од прилика па да го забележиш подобро како мириса. Тој ми е нареден за купување, а сакам и некој летен , Avocado co wash на пример Сакав и новиот дезодоранс да го земам ама скроз изумив.
@Antolinaa у што го чуваш Дејзи? Го иам и јас, сакав да го пробам. Океј е, само неколку пати сум ставила, изгледа дека штити, мирисот не му е лош. Но како ова ќе трае долго се прашувам.. Иам чувство дека брзо ќе се стопи. Чудно ми е нанесувањето и чувањето. Го лупнав у една зип ќесичка поголема од него, неам идеја како да се чува..
Не вредат за парите би рекла, и нема да ми текне повеќе. Мирисаат, тоа да, зависи кој мирис е, Пампкин спајс е многу интензивна, цела просторија ја умирисува, но не ми се свиѓа нешто баш. Сноу Фејри е послаба, и таа не ми се свиѓа. Ги имам, ги палев ради реда некако. Овие лимитирани им беа, за тие другите не знам.
Јас го земав Супер милк прајмерот за коса, помалото шишенце и искрено не сум нешто којзнае колку импресионирана. Убаво мириса, помага за расчешлување ама реално истата работа ја врши било кој спреј за расчешлување од ДМ. Ако ви е за сјај на косата, не верувам дека е доволно само тоа без маска или масло за коса. Мирисот искрено не осеќам дека нешто претерано се задржува како што опишуваат, мириса интензивно додека прскаш ама после не баш, барем не толку интензивно како на почетокот. Никогаш не сум очекувала од спреј за коса да има долготраен мирис, ама па за оваа цена очекував искрено. Башка пакувањата се прилично мали, на нас со долги и густи коси не ни се исплати баш. Евентуално за патување со авион би послужиле можеби. Леплив е, ако претерате со прскање знае ептен да ја слепи косата и да изгледа мрсна. Ако ви е за мирисот (како мене што ми беше) мислам повеќе се исплати спрејот за тело да се купи, тој верувам повеќе би траел. @koritsaki Да не го купи во меѓувреме спрејот за тело? Да споделиш импресии.
Не се уште имаат и едно сетче гледам со лосион за тело + гел за туширање + мирис и се мислам дали тоа да го земам
Дојдов Daisy Daikon да го пофалам. Искрено, се мислев дали да го земам, решив да ризикувам. И се исплатеше ризикот. Исто штити како Аромако, само што е доста помек, и не знам во лето како би го чувала освен во фрижидер бидејќи прилично се растопува кога ќе го ставам на кожа. Флеки на алишта не забележав да остава, штити од непријатна миризба. Е не спречува потење, ама јас не го ни барам тоа, битно е да нема мирис.
@Mrs. right Го чувам во кутијата од Roots, таа ми се најде при рака тогаш и ја немам сменето. @koritsaki Засега е добар. Немаат фатено баш жештини но, постојано сум по терен и во движење 10+ часа и како што кажав и претходно, штити од мирис, се потиш ама не смрткаш наоколу На алишта најбитно не ми остава флеки, а со Аромако на црните маици најмногу имав флеки и ме нервираа. Моментално го имам шампонов, за опаѓањето го зедов, па имам ефект, а имам и бебешки влакна дали од него или од другиве работи што ги мачкам не знам. Некој друг цврст шампон дали сте пробале? Или било што за сјај да препорачате? Гледам Монталбано и Годива пишува се за сјај..
За кој шампон против опаѓање се работи? Јас наголемо се спремам за пролетно опаѓање, обично овој период ми почнува, па го гледав New. Да не мислиш на него? Освен Jumping Juniper, не се сеќавам дали сум користела некој друг од цврстите шампони, не сум од помош... Ама и јас планирам да купам наскоро, па би било супер ако некоја има предлози, да ѕирнеме нешто по препорака.
New го земав пред месец, убава ми ја прави косата ама скалпот ми е ужас , ми се лупи од страна кожата, ме чеша... го ставив на пауза па деновиве пак ќе го пробам. Не знам што дали имаат нешто сменето во составот или мене ми реагира скалпот, пред 8-9 години го имав земено ама проблеми не ми правеше. Ако повторно ми направи нешто вакво нема да го користам повеќе.
Оффф... Јас со мојот проблематичен скалп, ич да не се надевам на шампонов. Штета. Значи едно кутивче Roots да земам и да не се мислам повеќе.
Јас New го користам веќе втор по ред, мене ми е одличен, косата ми е премека, не ми ја мрси, немам проблеми со скалпот а во принцип имам многу сензитивен скалп. Го користев во комбинација и со Wasabi, сега со банана шампонот на lush и roots третманот, косата ми е живната ептен.
Ќе морам да се демантирам, во врска со долготрајноста. Дефинитивно трае мирисот, јас малку пребрзо му пресудив. Не ме слушајте мене, слободно купете си го спрејчево ако ви е мерак. Сега, не мириса толку интензивно како на почеток кога прскаш, ама доволно за да се осети мирисот.
пред околу три години се сменија состојките на скоро сите шампони (главно од SLS на SCS) па и на други производи. ако забележавте и скрабито веќе не е исто, од поефтини состојки е сега. можно е ако имаш проблеми со себум да ти ја храни таа габата што предизвикува првут и дерматит и чешање. еден другар има дерматит и баш гледаше што од лаш би било добро за него, излезе ама баш ништо, сите негативно му влијаат, а долго време користи од лаш ствари. и тоа не е само за дерматит, туку и за сите што имате фунгални акни. барајте друго чаре.
Мислам дека можеш да вратиш пет празни амбалажи и да добиеш сапун бесплатно. Јас немам враќано, само така имам слушнато. Некој ако има искуство, баш нека сподели.