Дали некој го има користено тврдиот шампон за волумен? Или некој друг од Lush да ми препорачате, ама стварно волумен да дава. Го имам jumping juniper ваљда така се викаше за мрсна коса, ама волумен така и така дава ништо посебно.
Пробај го Big, не е во тврда форма течен е и со гранули морска сол, прави пилинг воедно мислам дека е еден од најдобрите кои сум ги пробала за волумен. Јас цел живот мака мачам со масна коса и брзо ми спласнува пошто ми е долга и права и со тенко влакно, многу убаво ја чисти во коренот, ја прај ептен лепршава, особено кога ја виткам убаво ми испаѓат локните.. И мирисот е доста јак и долготраен, мене не ми е нешто омилен мириса цитрусно и свежо ама како на некое средство за чистење вц освен ако не ти е проблем тоа, лани цело лето го користев и кога бев на одмор, откако ќе излезев од вода дали од море или базен косата сеуште ми мирисаше на шампон наместо на алги или хлор само проблемот е што за жал не е препорачлив да се користи за секојдневно миење бидејќи гранулите сол можат да го иритираат скалпот и да предизвикат чешање и лупење, најдобро е 2 пати неделно максимум. Го имав претходно користено и jumping juniper по препорака на многу тука на форумот дека е најдобар за масна коса - немаше врска, ем што не чистеше воопшто и косата ми беше масна и залепена, дури и ми мирисаше гадно..
Seanik е цврстиот шампон за волумен , јас го користев порано и бев задоволна е сега се надевам дека не смениле нешто во составот, зошто ете New ми прави проблем..
ми траеше прилилно долго повеќе од месец, не го дозирав онака колку ќе ми се фатеше на рака ама не повеќе од 1 супена лажица на миење (2 пати шампонирам иначе) не треба воопшто многу за да запени и прави огромна пена, тогаш кога го користев косата ми беше скоро до задникот и таа количина ми беше доволна.. Би го земала пак на лето.
Мене ниту Seanik не ми се допадна многу, Jumping juniper е ужасен. Big ми е онака ок, ама не е за секојдневна употреба…
Не ми се свиѓа дезодорансот нов.. Мирисот нешо не ме бендисува, и начинот на нанесување, не знам На Аутан стикот мирисот ме потсеќа.. Класичните дезодоранси си се незаменливи. На црна маичка видов траги остава, па и не ми се ни размачкува добро.
@Mishela за New шампонот зборував јас. Немам мака со првут, сува коса или брзо мастење. @Mrs. right Јас баш на црните и белите го тестирав и немам флеки. Да не не ти е растопен доволно па, ти прави флеки? Поминувам со калапчето и оставам да се растопи помеѓу пазуви неколку секунди. Малце е зезнат за аплицирање ама се навикнав.
Дали некоја го пробала, да сподели како мириса? Спреј со исто име не сум сретнала, а барам мирис на кокос.
Е не се фер, јас се понадевав дека баш како Bounty чоколатцето ќе биде. Апел до Лаш ако нѐ читаат, направете спреј и лосион со мирис ванила + кокос комбинација. Без цитрусни ноти.
Од кој регенератор сте задоволни? Моментално го користам Candy Rain, но сакам да пробам некој друг за посува и виткана коса најсоодветен? Исто и од кој шампон сте најзадоволни?