До топлото ќе да е. Многу често се расипуваат летно време производи, затоа и во скоро сите земји (освен кај нас) ставаат freshness sale. Исто ми се има паднато и серија што беше многу водлеста и не мирисаше на стариот Супер Милк. Не знам дали е до серијата или сега сите такви ги прават. Едит: Да не ги ругам само, знам дека некогаш намалени се на штанд маските за лице и некои други ствари што се со краток рок. Нека каже некоја дали сега има ставено нешто ако мине покрај штанд.
Буквално и моето ептен водесто а не беше такво по густо беше и исто едеен спреј The comforter продавачката ми го нудеше не знам дали е до мене буквално мириса на мочка од мачка бљак.
Епа утната е серијата. Не знам дали ќе ти го вратат, јас веќе не купувам од кај нас зашто ретко враќаат производи, а имам добиено реакција од неколку ствари. Во било кој Лаш во светот да отидеш заменуваат се' ако не си задоволна. Океј ова со Комфортер не е до Лаш баш, некои луѓе сите мириси со рибизла и касис ги доживуваат како мочка. Ај одете женски до штанд и кажете импресии од новите производи, ги донесоа есенските, и спрејовите и сапунчиња и другите глупости.
Е како не Најубавиот овошен од Лаш Не заслужил вакви зборови Голема штета што некои не можат да го видат и осетат убавото.. Одамна неам видено, имаат нови парфеми и спрејови? И оние последните нови не отидов да ги пробав, ве читав дека ништо посебно не се, Banoffee Pie и уште некој имаше.
И Million Dollars. Сега имаат еден со цимет, сличен на тој грдиот од лани, и парфемот од Мумин колекцијата, сличен на Milky Bath, и не знам уште што од таа линија. Не го донесоа спрејот од таа колекција мислам, тој мирисал на овошно вино од малини или јагоди. Есенската колекција е тука, ама буквално ништо не ми изгледа примамливо. Треба да има и ново скраби со тиква, ајде која ќе помине прва на штанд нека пише некоја рецензија.
Може им е стар тестерот не знам обочно ми се допаѓаат спрејчињата ама овој ептен чудно ми маваше на таков некој мирис. А супер милкот за коса се надевам дека ќе вратат нормалната серија зошто овој ни мирисот не трае ни ништо а омилена комбинација ми беше спрејчето плус од латафа еклер
Порано беа поинтересни. Сеа тапа.. Или се повторуваат или грди се, или не траат, не знам шо е работава Може и тоа да е или расипан нешто. Мојот спреј не е нов, а уште си е ко првиот ден, баш пријатен, свеж, и траен е ко за овошен. Ама приметувам на пролет да речеме е потраен, сеа на топлово не баш, не само тој, туку генерално сите спрејови и парфеми у лето не се баш трајни. Супер милк спрејот сум го немала, некои го фалеа некои не. Стики дејтс прајмерот за коса ич не ми траеше, ми остана недотрошен. Шо се вака Лаш со непостојан квалитет не разбирам, неозбилни станаа, високи цени имаат бе, не се ич пари..
Па спрејот искрено само ради миризбата го зимав не дека ми правеше нешто на косата посебно, а стики дејтс и јас го имав за коса и не ми се допадна пола саат трае мирисот. Според мене многу се преценуваат лаш не ско им се толку цените барем нека им бидат по квалитетни продуктите. Порано купував сапуни ама сега и тие не ми се допаѓаат а и прескапи за два сапуни минстиот пат 1000 и нешто ме фати. Некако цената и квалитетот не ми одговараат малце си се прецениле.
Не да се преценети... Среќа ми помина Лаш лудилото од порано. Ретко што вреди да го имаш, неколку продукти ако се такви. За тие пари треба да се предобри. Сапуни више никако Освен Хани мене ниту еден букв не ми се остаи впечаток. За сапуни може само коа собирам празни пакувања и идам да ми даат, али се прекршиле навистина, едно сапунче, а промет си им напраил толкав Иам да трошам уше од продуктиве, спрејовите останаа, еден лосион и регенераторот што го користам, па вајда уше за 2 сапуна ќе има За 5 празни пакувања бар некој лосион или нешто за лице можеле да дадат, ко свежите маски што треба по правило да ги даваат, не сапуни и тоа не било кој, лимитираните не можело, гурманските мириси исто не..
Јас се откажав. Плус кога бараш тестери некогаш како питач те гледаат, не давале од ова, не давале од она било ограничено издание... Не знам сега кој работи и на штанд и какви се, може се подобриле. Целосно имам потрошено само гелови за туширање, некои од малите лосиони и скраби, тие сапуните меки никакви ми се стопија. А ниту еден спреј немам потрошено до крај, се форсирам да ги прскам некогаш. Треба да се направи некој купи-продај-размени thread за производи што ги имаме а не ги користиме. Да сакам да земам нешто подобро ќе дадам пари на некој/а од овде, наместо они дупли профит да прават.
Јас прв пат кога купував, девојката сама ми даде тестери без да побарам. И тоа три. Вториот пат, друга беше и јас сама ѝ побарав тестер и ме погледна ко да сум ѝ убила фамилија и ми даде полупразни. А да напоменам дека имав направено сметка, не е дека ништо немав купено и само тестер барав. Епа со таков однос, сами нека си купуваат. Од принцип не им купувам, поготово не за тие цени. Btw @Medea. Супер Милк спрејот не само што ништо не прави на косата, него и страшно ја мрси и ја слепува. Барем мојата. Тоа не вреди ни 200 денари, а не па 1100. Имаш каде каде подобри спрејови и општо производи од нивните.
Па јас само за миризбата го користев не дека нешто ми ја подобри косата, ама не ми ја сплескуваше ваљда пошо мене ми е виткана што знам, ама ако ставев повеќе од што треба ко жива небањата бев