Девојки,може ли да ми препорачате некој производ од lush што ви е ultimate фаворит? За тело,коса,лице небитно ❤️
Овие два за зима За пролет и лето Скрабовите за тело Turmeric Latte плочката за масажа и парфемот. Кремов за туширање, но го нема limited e на пролет го вадат
Леле фала ти многу ❤️ Споделувам мислење.Инаку ако ова е coconut massage bar ја барав и ја немаше пред некој ден.
Turmeric latte е плочката, сум ја пробала и таа Коконат, убава е и таа, благичка. Плочкиве баш за сеа се совршени За преку лето избегавај ги, само нешто полесно тогаш. Мене на кокос ми мирисаше, јако и благо ептен.
Отвориле нов штанд во Дајмонд. А ние па ќе ги жалиме да не немаат промет, попуст нема за лек, уште продаваат стара роба што секаде во светот Лаш ја намалува на 50%. Спрејот за коса јас го користам и на кожа, тој за тело не е баш најблиску до прајмерот. Тој со светки е, ама не трае воопшто.
Точно за попустот,многу го сакам брендот и го користам ама порано беа многу повеќе насочени кон клиентите и со попуст и со тестери,па и квалитет.
Крајно ме изиритира настанов со отварањето на штанд во дајмонд. Од една страна као кратат трошоци на се и свашта, не користат социјални мрежи и немаат маркетинг, а од друга страна селски фешти со небитни фаци за брендов кои добиваат поклони. А лојални клиенти попуст да добијат, никако
Како така небитни фаци, јаки инфлуенсерки се. Жими таквоето не користеле медиуми и маркетинг, приказна за мали деца. Па и менаџерот држи говори мислиш не знам кој е. И, да, знам дека висиш на форумов. Се надевам ќе ти останат производиве и следната година да си ги продаваш чим толку ти се мили. Не ми треба Елена живот со стил ниту другата твоја другарка ниту таа од Портрет кои добиваат свашта за да ми кажат да си купувам ствари од Лаш. Не се создаваат така верни фанови и муштерии. Довербата тешко се гради, ама многу лесно се губи.
Леле мене ова со фирмици што пратат кој-што-каде пишува ми е троа језивко. Мене ме има блокната веб-сајт за витамини зашто си кажав какво (одвратно!) искуство имав со нив. Не ми се верува дека и овие читаат. Па бар да преземеа нешто, ако веќе така...
Да не знае некој дали ги имаат уште Zing таблетите за плакнење на уста? На страната ги нема, ама некогаш не ги ставаат сите продукти што ги имаат на штанд.