Имaт некoјa стрaницa дa рaзгледaм штo и зa штo мaркa е oвa, штo нуди, кoлку е квaлитетнo дa се купи нештo?
Девојки колку сте задоволни од сувиот шампон против опаѓање на косата и за раст (NEW)? Се мислам да го земам ама косата од половина надолу ми е бланширана па да не ми ја направи ептен сува. И дали може да се комбинира со некој регенератор?
^ Океј е. Јас го почнав веднаш по I Love Juicy и да ти кажам ако морам да бирам, би го одбрала течниот. Тврдиов ми се потроши отприлика за три месеци. Наменет за мрсна коса меѓутоа забележав дека врвчињата ги правеше малку суви. И не остава никаков мирис на косата по миење (за мене ова е - бидејќи сакам да мирисам убаво по бања). Туку сакав да ве прашам дали сте имале некакво искуство со враќање на црните кутивчиња? Си пишува на официјалниот вебсајт дека даваат попуст ...па си мислам дека имам неколку празни кутивчиња низ дома, да ги вратам. а?
Треба да собереш 5 кутивчиња и ќе ти дадат подароче. За попуст не знам и не прашав, мене ми ја дадоа на подарок Mask of magnaminty.
Enzymion ја имам користено. Добра е, држи мат ама мене лично не ми држеше многу долго. Зависи од кожа до кожа нели. И како подлога ја користев, така повеќе ми се допаѓаше искрено. Побарај тестер пробај така прво ако сакаш да земеш некоја крема
Јас го користам и многу сум задоволна. Се двоумев многу време пред да го земам и ми беше чудно како едно мало сапунче може да ти ја измие косата, но се излажав. Шампонот е преубав, прави пена 3x повеќе отколку течен шампон и ја чисти косата. Јас имав малку проблем и со првут, веќе немам а за ефективноста во однос на мастењето на косата кај мене лично од секојдневно миење сега са намали на 2-3 пати неделно. Но ако косата ти е фарбана може да ти ја исуши. На нивната страна www.lush.com.mk ги имаат сите производи со детален опис. Инаку имаат, но не сум ја користела.
Дали го има некој користено чистачот за лице на Lush - Angels on bare skin, да сподели импресии? https://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/206_159/id/1858/----Angels-on-bare-skin
Јас го користев во зима (цел ден се цитираме, ќе ти станам досадна ), кога кожата ми беше терсене еден период. Го користев и за тело како пилинг, многу ми се допаѓа како ја негува кожата во целост. Не ја суши, меѓутоа не е ниту премногу нежен за да остави такво непријатно чувство на кожата ко да не си правела ништо. Ми се допаѓа како смирува црвенила, најверојатно поради невенот и камилицата во составот. Го препорачуваат за сува кожа (другарка која има егзема го користи редовно), меѓутоа јас мислам дека им одговара на сите типови на кожа. П.С. Многу е фин и Let The Good Times Roll, со пуканки е и многу е интересно дури правиш пилинг.
Дали некоја има употребувано антипреспиранти на Lush? Заинтересирана сум за овој погоре на сликата би требало и да бе се троши брзо. Досега на Балеа користев ама незнам составот мислам не им е баш природен иако штитат од непријатна миризба. На Алверде не штитат воопшто , поготово на топливе денови не сум задоволна. Почнав да си правам список што да земам од Lush кога ќе дојдам во Мк , шампонот во тврда состојба ќе го земам со сигурност , сакам некој антипреспирант и евентуално чистачот за лице со јаглен за масна кожа.
Да, јас ја користев. За мрсна кожа е одлична, ми се допадна многу. Но, за другите типови на кожа не би знаела да кажам. Има мед во составот, но не сум сигурна колку би била добра за некој со сува кожа. Сепак мислам дека предност имаат комбинираната и мрсната кожа. За сува и нормална кожа може да се најде подобра маска/чистач.
@Beauchamp јас пак со прашање во врска со кремите за лице вчера ми ја дадоа оваа крема на тестер , баш бев земав еден пилинг за лице и побарав тестер да ми дадат од крема некоја. Ми стави да ја пpобам Vanishing кремата https://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/157/id/502/---Vanishing-Cream Ми кажа дека содржи помалку масла од другиве креми на Лаш и дека помага во врска до акните. Од др страна ми рече ако не ми се погоди ќе ми даде по лајт крема - дали мислеше на Enzymion ти таа што си ја користела. Мислам од сите креми овие 2 се за масна кожа. Ти оваа Vanishing ја имаш пробано? Сега ја тестирам баш на прв поглед ми се гледа лесно впивлива и мат го прави лицево. Ќе видам деновиве колку ќе ја држи мат кожата , ипак е најскапа од сите 1500 ден и сакам ептен да сум сигурна незнам што да правам
Vanishing ја немам користено јас, али другарка моја ја користеше. И беше мнооогу задоволна. И помогна колку што ми текнува во врска со акни и мозолчиња(она има доста проблем со нив), не и помогна премногу да кажам , али имаше ефект тоа секако. И мислам дека ми кажуваше дека не светнува од неа, ама она нема толку мрсно лице како јас на пример Сакам и јас таа да ја пробам, баш си ја ставив на листа за пробување уште одамна, ама цело време ја заборавам Не можам баш да ги споредам двете зошто јас лично само едната ја имам користено, Enzymion која ми беше супер, и држеше мат одредени саати и ми беше многу добра како подлога за шминка исто така. А, оваа Vanishing чим викаш дека држи мат, мора да се проба Ајде пиши баш како ќе бидеш задоволна. И јас сум заинтересирана за нивните креми, и онака сум во потрага по идеална крема за мрсна кожа после толку неуспешни обиди со милиони креми