Кај мене функционира вториот начин. Инаку тие производи што можат да се купат со поените или со бенефит ваучерот како се подигнуваат?
Да се разбереме Лајонес и Кешбек се една иста фирма. Порано не успеаа да се пробијат како Лајонес на пазарот во Мкд поради економската стапка, но ќарија доста побогата класа која баш убаво знае да ја разработи пирамидата. Но, и како таква фирма сепак не се искачи едно скалило погоре па се преобразија во Кешбек менувајќи се освен пирамидата. Како таква фирма, маркетинг трикот со картичките им беше успешен па почна да расте нагоре, веќе секој втор ја имаше таа картичка. Што е целата работа со пирамидата уствари? Секој маркетер вложува по 99 евра за да купи пакет кој вклучува акаунт, картички и уште нешто и со тоа се искачува ниво погоре, колку повеќе зачлени толку повеќе неговиот процент расте. После тоа некоја фирма решава да биде спонзор односно прометот направен во таа фирма некој мал процент се враќа на вашата картичка на кешбек, меѓутоа тие многу итро го спроведоа тоа, мислејќи малку да го залажат народот дека баш купувањето на пакети преку Кешбек и враќањето пари на картичката ќе им порасне мрежата. Да им успеа со фирмите веќе не знам колку фирми им се спонзори и партнери, но не и со секој народ. Потоа се намали таа фама па за да не паднат многу ниско, почнаа да ги продаваат картичките без членство, а ако сакаш членство со пакет мора да се купи. Во 2018 година имав прилика да присуствувам на Семинар на Лајонес во Прага. Тој семинар се плаќаше 200 евра за влез. Каде одат тие 200 евра? Секако на богата класа која вложува многу во тој бизнис. Тоа беше преполна сала со илјадници луѓе во целиот свет. Јас секако не платив за влезот затоа што го добив билетот меѓуредови кажано од некој што си го платил а не дошол. Семинарот траеше три дена, се делеа награди, пари, коли и секако имаше предавање како да си го изградиш успехот со мотивација. И бум тоа е целата пирамида нивна, они мислат дека со мотивација ќе прават пари. Секој вид на мотивација е нивен залак за правење пари преку Лајонес. И секој нареден семинар си го плаќаат со по 200, 300 евра и такаа се пуни буџетот на фирмата. Ќе го донесат Малума, Пит Бул, Бред Пит и тоа е тоа. Е сега дека многу ќе соберете користејќи ја картичката не баш. Над 200 денари можеш да ги подигнеш, а испод таа сума се е бескорисно. Тоа се ваши чисти 200 денари, ама дека ќе правите бизнис и минимална плата со лајонес е то, мало морген. И тоа со бонусите е разработен облак, колку повеќе да се заинтересираат луѓето а уствари маркетерите од свој џеб го плаќаат тоа, а мал дел враќаат од вас преку картичката. Но, благодарение на Лајонес многу фирми се мотивираа да создадат картички за собирање на поени за да привлечат што поголема клиентела. П.С. Сега се ребрендирани во Лајконет.
Со Шопинг поените или бенефит ваучерот имате само попусти кои се на промоција/акција од трговските партнери. Самите трговски партнери ја прават оваа промоција/акција. На пример за искористување на вашите шопинг поени, идете на мобилната апликација и кликнете на benefit-lounge. Ќе ви се прикажат производи/хотели каде има промоција со SP. Ако клинкнете на производи, ќе ви се прикаже цела листа. Кликнете на прозводот што ви се допаѓа и потоа кликнете на "SP Искористи", ако сакате да ја искористите промоцијата. Кога ќе го направите ова ќе ви се прикаже QR- code. Овој QR-code го покажувате на каса. Во случајот како на сликата подоле наместо да платите 693 денари ќе платите 525 денари, а ќе ви се одбијат 0.3 SP од вашата сметка. 1 SP се вреднува околу 5 Евра.
Ако имате до сега било какви уплати направено за било што во Lyconet, имате можност да ги претворите во MSP. 50% лични акции и 50% клауд акции. Компанијата излегува на берза 2023 година. Клинете на подоле заинтересиран и пресметај,..ќе ви даде колку имате можност да имате до сега,......
Дали на следново ако стиснеме е безбедно, бидејќи тоа го бара кога се стиска копчето заинтересиран сум ? Со согласувам моите лични податоци, посебно моето име, презиме, титула, пол, датум на раѓање, email адреса, адреса на живеење... можат да бидат препратени од страна на мојот сегашен договорен партнер до Lyconet Global AG.
Кликаш заинтресиран, после кликни на пресметај,... Ќе ти покаже колку може да претвориш во лични акции и клауд акции,... Потоа останува на тебе дали ќе ја прифатиш оваа програма или не,... Ако нејќеш, си останува се по старо,... ако сакаш да ја прифатиш, тогаш кликаш на сите ставки, односно ја прифаќаш MSP програмата и новиот договор.
Не истекува статус на маркетер,.....може да има различни програми, договори, кариера,...све тоа зависи од самиот маркетер колку е активен и кој услови ги има прифатено.
Нема никакви трошоци,...Вашите досегашни уплати ќе се претворат во MSP кои потоа идат во вистински акции пред берза. Кога ќе излезат на берза може цената и да иде нагоре повеќе кратно. Има и некој дополнителни работи кој треба да ги знаете, но тоа треба да ви го објасни uplinot ако е активен,...Исто така прочитајте си ги документите што ги кликате. М ваучерот кој до сега го имате ќе ви се претвори во Бенефит ваучер (BV) кој може да го трошите во benefit store преку Lyconet profilot. Имате повеќе од 10% да плаќате со BV. Во МК има веќе повеќе од 800 зделки (зелен картон, осигурување, акумулатори,гуми...), а во цел свет може и десетина илјади. Може да ги видите преку аликацијата. Оваа понуда ќе важи до 30.03.2021 год.!!! После тоа нема да ја имате оваа опција, ќе си остане по старо како што имате до сега.
толку нногу работи изменија што повеќе не можам да ги следам и разберам. Тој Мваучер додека да го потрошам ќе треба да потрошам илјадници евра. А тоа со акции одма ми е алармантно бидејќи ќе значи дека може и да се изгубат парите. Од Австрискиот облак за кој уплатив 90 000 назад ми се вратија околу 30 000 така да.... ај да не зборувам на памет ќе треба да седнам викендов и убаво се' да видам како е било. Но генерално премногу ветувања имаше поготово од тие најуспешните да не ги спомнувам
На која берза ќе се тргува со акции од Лајонес? Дали е сигурно ова повеќекратно зголемување на цената и на кој основ ќе биде тоа? Дивиденда или?
М ваучерот ви се враќа преку SP кои ги правите со вашите лични купувања и преку SP на вашите потрошувачи. Односот е отприлика за 100 евра шопинг, ви се враќаат 2 евра од Мваучерот. Ако немате мрежа од едуцирани потрошувачи, тогаш да, од лични купувања ќе треба доста да потрошите во системот на Myworld додека ви се поврати М ваучерот. По вашето пишување, вие треба да имате околу 1300 евра М-Ваучер. М ваучерот ќе ви се претвори во Бенефит ваучер. Бенефит ваучерот може да го трошите на промоции на производи кои се во Benefit store. Тука ви се значи локалните партнери (преку cashback апликацијата), сајтот https://www.travelworld.com/ (које во функција во цел свет) и https://www.marketplace.myworld.com/ (кој во поголемиот дел во европа е во функција, но во МК сеуште не е). Ако ја прифатите програмата MSP тогаш ќе добиете 650 лични акции и 650 клауд акции. Вашиот Австриски облак ќе го изгубите. Со прифаќање на програмата MSP овие парцијални облаци по држави, региони се претвараат во еден светски облак. Значи ќе добиете практично наместо Австриски, светски облак. Овие 650 клауд акции ќе ви даваат SP од светскиот обрт. Многу гледам дека не разбираат дека клаудите даваат SP кои ви влегуваат во Кариера, а потоа од кариерата се прават исплати. Различна кариера има и различен коефициент за множење евра/SP. 90% од Маркетерите си играат лотарија, ниту читаат документи ниту имаат било каква мрежа. Компанијата се труди да стане голем глобален играч. Моментално функционира во 54 држани и континуирано расте и со трговски партнери и со потрошувачи. Точно е дека има континуирано промени, но ако не се прилагодувате на светските промени ќе ве снема. Како Nokia и Blackberry што ги снема што не го прифатија touch screen (иако како мобилни компании први добија понуда за touch screen) за разлика од Apple која беше меѓу првите што го имплементира.
Незнам на која светска берза ќе биде IPO. Јас реков може и цената на акциите повеќе кратно да се зголеми. Тоа е мое верување, секој со свој памет. Компанијата континуирано расте,... Личните акции ќе бидат како секоја друга акции,..ќе се тргува преку брокерски куќи, може да ги продадете, девиденти,.. и т.н. Еве ви линк, тука може да го погледнете планот како е: https://l.mwscdn.io/large/download/...0a6nbIY4-mP71qLoV5yn2BK_RR6Wj9TOLCV6F9ipOrnl5 На 24.04.2021 ќе има онлине настан (https://lyconet-online-sensation.com/) каде сопственикот лично ги кажува што, како и до каде е сега корпорацијата. За да присустувате мора да имате карта (code). Тој код го имаат само активни маркетери.
Имаат усвоено дивидендна политика? Можат акциите да одат и надолу? Зошто не е јавно објавено на која берза ќе се тргува?
Планот е средината на 2023 год. корпорацијата да се излезе на светска берза. Првата постапка е (Initial Public Offering). Значи компанијата од приватна иде во "Public". Отворена ќе биде за јавни инвеститори да можат да купат акции од компанијата. Колкава ќе биде иницијалната цена на една акција, зависи од регулаторните тела кои ќе ја проценат вредноста на компанијата. Проценката не ја прави компанијата. Значи тиа маркетери што имаат MSP автомаски ќе им се претворат во акции кога ќе биде овој момент. MSP може да добијат сите маркетери кои имаат било каква уплата направено од почетокот на формирање на компанијата 2002 година до Фебруари 2021 год со прифаќање на MSP програмата,... Од Фебруари 2021 год. важат други правила за новите кои сакаат да имаат MSP,... Колкава ќе биде вредноста на акцијата и колку би била девидентата зависи и профитот што го прави компанијата. Од вкупниот профит 25% ќе се делат на маркетерите кои имаат акции. Оваа понуда за старите маркетери да си ги конверитраат старите уплати од клауди, балансна, ESP,.. и т.н во MSP, колку што имам инфо ќе биде до 30.03.2021 год. Ако не прифатат се си е по старо за нив. Не треба ништо да уплаќаат, треба само да ја прифатат оваа програма и нормално да си прочитаат што кликаат. За новите што сакаат е малку различно,...Кај нив неможе да добијат одма MSP за акции, има други услови!!