Кои регулаторни тела ќе ја проценат цената на акциите? Дали и за други компании е вака или другите компании сами си ја вреднуваат акцијата?
Имав до пред некое време некоја голема сума сега не можам да се снајдам на сајтот да ја најдам.... Не знам зошто секогаш ми било комплицирано да разберам што сакаат да кажат лол. Еве што имам сега а поим немам што значи
Имаш до сега 2440 евра уплатено. 50% (1220 евра) ти се претворени во MSP за лични акции и (1220 евра) 50% MSP за клауд акции. Тоа е првата слика. 2023 Август иде на берза и ќе можеш ако сакаш да ги продадеш. Што не ти е мој совет. Втората слика ти е што имаш на сметка. Сметка за купување 1450 ден може да ги потрошиш на е-ваучер, Веро, Тинкес, Гранап, Електроелмент,..За макпетрол- верна ти фалат уште 550 ден. Бенефот ваучерот 44000 ден може да го трошиш во benefit store. Дел плаќаш во кеш, дел со него (обично 10-20%).
Истиот процес е за сите компании кои идат public. Така било и за Амазон, Фацебоок, Тесла,...тоа е процесот. Еве видео за основен процес како иде, јас не навлегувам по длабоко. За планот што,ако и кога инфо добиваме на https://lyconet-online-sensation.com.
Сите компании што одат на берза се обвинети како пирамиди и казнети со милиони евра? https://m.facebook.com/771145199758...but-many-italians-have-alre/1404994843040356/
На интернет колку имате точни информации толку имате и неточни информации. Зависи кои информации сакате да ги видите,... Секој со свој памет си гледа,.. Ако ја имате апликацијата на вашиот телефон, може да идете на мапата на било кој град во светот и клинете на пребарај. Ќе ви се појават трговските партнери кои се на cashback. Пробајте дали функционира и враќа пари, и онака иста цена на производ ќе платите. Ако не функционира не ја користете и готово. Еве моментално како изгледа мапата на само еден дел во Италија. Ако имате некој во Италија нека провери дали ова функционира или не. Секој со свој избор,...
Мислам дека прашањето ми беше јасно: кои регулаторни тела ќе ја одредат цената на Лајонес акцијата? Немам време да гледам видеа, а мислам дека можеш кратко и јасно да ми одговориш: тоа, тоа и тоа тело. Една реченица.
а ако не ги продадам што можам да добијам? Искрено ако не уплаќам нови средства што ќе добијам со овој статус досега?
Дека е класична пирамидална добро осмислена шема е, затоа луѓе не си ги фрлајте тешко заработените пари во ова срање. Еве човек кој што бил во ова долги години, достигнал највисоко кариерно ниво 8 на кое ниво се и Зоран Витанов и другарчето му Аргтим Нагавци, каде што го објаснува неговото патешествие низ "бизнисов".
Имам чувство како да нон стоп измислуваат нови начини само да се уплаќаат нови средства а исплата нема нигде. Чаробни круг
Не треба ништо да уплаќаш, го имаш условот над 1000 лични MSP Потроши си ги бенефит ваучерот во систем и уживај. Што може да добиеш ќе каже времето,...
Ти текна конечно, а? Не добив одговор на прашањето: кои точно регулаторни тела ќе ја одредат цената на акциите?
Кои се сите детали на IPO, како се прави проценка на вредноста на компанијата, акциите, кои се тие "регулаторни тела" SEC, ESMA, банки,... кои даваат pass на целиот процес, незнам и не ме интересираат тие детали. Ако има некој експерт од таа област на форумов,нека го објасни целиот процес. Мене тоа не ми е важно, ниту сакам да се замарам со тоа
Прочитајте си ги убаво документите првин што ви се во моите downloads, mSP Factsheet 02/2021, зашто вие ја имате прифатено оваа програма. Гледајте го настанот на 24. Април од компанијата, https://lyconet-online-sensation.com/ и потоа ако сакате да го продадете акоундот ќе се договориме. P.S. Ако немате карта пишете ми ќе ви обезбедам јас.
Не ми треба карта, не планирам да одам на настан... Што треба да проверам за да можеме да се договориме за акаунтот? Ok, прочитав и ништо не разбрав...
Имав познаници во пирамидава, константно ме ѓавеа да им се придружам на тимот демек бизнис ќе сум градела. Ги прашав, а што работите или продавате нешто, само ми викаа ќе си бидеш свој газда. Кога спомнаа дека требало да сум вложела 200 евра, па за кариерните нивоа, стварно бев збунета. Ова ми се случи на 17 години, ептен мала бев, но не бев глупа. Дознав за што се работи и потхитно ги откачив. Од тогаш се едуцирав за пирамиди, понзи шеми и сé што спаѓа во таа категорија. Ова што мене ме нашле на 17 години, докажува какви луѓе бркаат. За жал има многу млади што се влезени во пирамидава, не се полнолетни и ги даваат парите на нивните родители. Во 2019, во Италија, Лајонес е банирана и требала да плати доста скапо за измамите. Во другите европски земји, владата ги предупредува граѓаните да не инвестираат во овакви измами, кај нас не е баш така. Од почетокот на пандемијата приметив доста реклами за Лајонес на Инстаграм. Низ државата во различни градови, различни тимови, одат и бараат уште луѓе да им се придружат. Исто така приметив дека се водат и по друго име, Lynconet, очигледно со намера да избегнат тужби. Највисоко "кариерно ниво" кај нас има постигнато Зоран Витанов, човекот си има и своја книга издадено, се вика "Воскресни жив". Ја немам прочитано, а и немам намера да му давам пари, али цитатите му се откачени. Али луѓево се поклонуваат на човекот, сонуваат да бидат како него. Спојлер: Мимови
некој поупатен да ми објасни... вкупно имам 900 ден што можам да ги користам? Порано беа само ваучери ова сега ново е?