Нее, глупости губење време. Па и уште требаше да убедуваш луѓе да се зачленат демек синџир. Јас никого не зачленив не ме бива за убедување.
Ајде ти не знам можеби си се зачленила во самите почетоци кога немало доволно информации за што точно се работи, ама мене ми е стварно чудно и не можам да сфатам како денес имаат се повеќе членови кои заглавуваат со Лајонес или по ново Лајконет кога со едно пребарување на нет можат доволно да се информираат дека треба да се држат што понастрана од шемава.
Зар некој што знае да пребара на нет, влегува во вакви ,,шеми,,? Нивото на неписменост е во страшна експанзија, а гладот за брзи лесни пари промоторот успешно им го храни. И секако, никаков закон против ова не постои и никој не е надлежен, нели
Мене не ми е јасно како се маѓепсани до толку па уште уплаќаат суми за некои облаци у превод летаат у облаци дека ќе земат јаки пари од ова.
Во почетокот кога започнува со промовирање имам членска картичка. ( Многу јака работа ) Па собиранки со презентации по хотели во конференциски сали. Катастрофа на што сум губела време кога ќе ми текне.
На времето ние не уплаќавме пари, само требаше да носиме луѓе да се зачленат. Нешто како синџир демек ти колку повеќе пазариш со картичката јас добивам пари. Колку повеќе ќе зачлениш толку пари си добиваш од нивното пазарење. А сега знам дека уплаќаат одредени суми па уште ги носат на патување надвор од мк, сега како работат незнам.
Би требало да знаат бидејќи имаат доста млади членови, но изгледа желбата за брзи и лесни пари е поголема од тоа да се информираат во што точно влегуваат и колку може скапо да ги чини.
И ако можи некој поупатен да кажи и со инвестициите во облаците шо напраја? А ти Биљо да кажиш нешто повеќе за ова кај да се гледа?
Абе ништо, неписмена работа https://24.mk/details/25-minuti-piramidalna-shtedilnica-pod-istraga-se-ushte-operira-vo-makedonija Дури и моите прениски очекувања биле сепак превисоки. Не знам, може па и продолжение ќе има. Битно, не знаеме имиња, а насловот на емисијата сакам речам, незнам кажам. Па ако некој биде крив, ваљда чистачката ќе биде
„АДВОКАТ“ го прозва Зоран Витанов за пирамидална шема и врбување луѓе, овој му одговори: Еве, „адвокат“ сте, ПОКРЕНЕТЕ ПОСТАПКА! ФБ статусот на Зоран Витанов кој наиде на реакција од профилот наречен „Адвокат“ на социјалната мрежа Фејсбук По ваквиот статус на Витанов, „Адвокатот“ го прозва и му забележа за следново: На ова Витанов му одговори кратко во коментар:
Многу мислат дека Лајонес е во сопственост на Зоран Витанов и дека тој е креаторот на Понзи шемата. Сопственик и креатор на Лајонес е фирма од Австрија. Само ја шират мрежата во Македонија преку луѓе. Зоран Витанов не е сам во Македонија. Ги има уште неколкумина кои се дел од истиот тим како него, а не се експонираат јавно.
Дали сте упатени како оди со повлекување на пари инвестирани во Лајонес? Моја блиска роднина има уплакано за тие облаци уште во почетоците, но долго време веќе не е во тоа, па сега ја интересира како би можело да ги повлече тие што и следувале......
Постои уште ова? Со години ја немам користено картичката, не знам дали останува во функција после толку време.
Дали некој има земено бокс за гледање реклами преку лајонес? Ние земавме и ме е лошо мислам ситна заработка ама подобро од ништо.