Måns Zelmerlöw

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Sunshine.Sunshine, 20 јули 2015.

  1. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.563
    Пол:
    Женски
    Måns Petter Albert Sahlén Zelmerlöw e шведски поп пејач и телевизиски презентер.
    Има учествувано во Идол во 2005 година и завршил на петто место. Победил на шведското Let's Dance, првата сезона. Од 2011 до 2013 бил водител на "Allsång på Skansen", шоу кое се одржува секое лето во Стокхолм, во кое публиката пее заедно со музички ѕвезди.

    Три пати учествувал во Мелодифестивален, шведската селекција за песна на Евровизија.
    Првиот пат со песната "Cara Mia" во 2007 година, која долго се задржала на првото место на топ листите во Шведска. Со оваа песна освоил трето место. Вториот пат учествувал со "Hope & Glory" во 2009 год, но овој пат завршил на 4 место. Оваа песна исто така достигнала прво место на топ листите.
    Во 2015 за трет пат учествувал во Мелодифестивален каде победил со песната "Heroes". Со оваа песна победува на Евровизијата во 2015, со 365 поени, третиот највисок резултат во историјата.

    Монс е роден на 13 јуни 1986 во Лунд, Шведска.
    Има издадено 6 албуми: Stand by for...(2007), MZW (2009), Christmas with Friends (2010), Kära vinter (2011), Barcelona Sessions (2013), Perfectly Damaged (2015).

    Турнејата (The Heroes Tour) започнува на 22 септември во Даблин, Ирска.




    Јас го открив на Евровизијата. Од сите албуми омилени ми се последните два, Barcelona Sessions и Perfectly Damaged.
    Не можам да издвојам омилена песна, сите ми се преубави.

     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.222
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушнав за овој пејач на Евровизија. Убаво пее и убаво изгледа. Другите песни не му ги знам. Победничката песна Heroes одлична.
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    Јас само евровизиската песна му ја знам. А и од тогаш знам за него. Добар пеач.
     
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.248
    Пол:
    Машки
    Како и повеќето така и јас прв пат дознав за него на Евровизија. Песната му беше супер, победничка. Сценскиот настап исто. А и многу убаво беше облечен, баш по мој вкус. Едноставно, а елегантно. A не како нашиов, кога го видов со јакна сред мај месец...:drunk: :headbang:
    Инаку многу ми се свиѓаат кожните панталони што ги носеше, барам и јас такви некои слични. (y)^_^