Елмас, Трајковски и Несторовски се за потфрлање? Точно дека Пандев е важен, ама имаме и други квалитетни фудбалери.
Сите се класа под него. Тоа што е Лазаров за ракомет, тоа е Пандев за фудбал. После нивно пензионирање ќе не полнат. Реално никогаш немавме да видиме ЕП да не беа тие фалц квалификации со многу полесни противници.
Порано Македонија беше претпоследна или последна во квалификациите за европските и светските првенства. И тоа со Пандев. Да, Пандев ни е клучен играч, ама имаме и други фудбалери од кои се очекува да станат класа. Точно е дека не треба да се радуваме пред време, но јас гледам дека нашите фудбалери сите противници ги сфаќаат сериозно. Не постои лесен противник.
Класа под него? Против Лихтенштајн имаме дадено 5 гола, ниеден не е на Пандев. Против Германија, голот на Елмас беше важен. Грдо е да збореш дека немаме квалитетни фудбалери сега. Од кога игра Пандев во репрезентацијата на Македонија? Од оваа година?
Дајте бе не ќењајте, туку уживајте во овој успех периодот, и да не ги поминеме квалификациите ќе ми биде мерак што сме ја победиле Германија и што сме се пласирале на ЕП прв пат. Ќе си замине Пандев ќе дојде некој друг. Само да се мрчело.
Кажувам факт. Пандев е паметот и организаторот на игра. Без него ќе падне цела репрезентација. Инаку, им посакувам успех на ЕП, но нема да навивам за Македонија.
Голем број од овие што играат, беа дел од репрезентацијата која се пласира на младинското ЕП прв пат во историјата, и тоа без Пандев. Така да не беа дел од нив Пандев немаше да види ЕП. Се спои младост и искуство. Така сега излегува на површина искуството на Пандев, подоцна ќе дојде нивниот талент и младост.. Порано имавме играчи кои играа во треторазредни лиги што се вели, за разлика од сега кога поголемиот дел играат во квалитетни лиги. После пензионирањето на Пандев очекувам Елмас да биде прва виолина, дури има и капацитет да го надмине.
Повеќе би рекла дека мозокот на играта се Адеми и Барди, никогаш поквалитетен среден ред не сме имале.
И, многу полесна група. Секоја репрезентација има лош ден. Во ракомет ја победивме Данска, а следен пат не прегазија. За недела-две да играме повторно против Германија ќе не наполнат. Тоа ти гарантирам.
Сепак, Данска и Германија се врвни репрезентации, и не смеат да си дозволат да загубат од нас.Не може секој наш успех да се релативизира.
Kaput Deutschland за сега. Кога ќе видам кој игра за Германија.. Сето германци еден до еден.. Ај ќе се воздржам оти и кај нас нее баш сјајно многу ... Сега за сега времето работи за нас. Ерменија нее некоја јака репрезентација, на наше ниво е. Со романците позитив ќе биде нерешено следен пат и да фатат лоша форма на следните натпревари. Германија ќе видиме со кој состав ќе дојди во Скопје и како ќе ги играат другите натпревари, сепак Германија е Германија и важи секогаш за фаворит без разлика од исходите. Лихтенштајн - но комент.