Сите на плоштад !!!! Пренос на Сител од Скопје пречек https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/photos/a.847034711996705/5335091733190958/ https://www.instagram.com/p/Cbh3mdzMstn/
Ауу грми во Разград "Гоцевата раса" и "Едно име имаме" Ајдеее напред Македонија Алее Алеее... Мора да ги победиме убедливо Бугарите.
Прва изјава на Чурлинов по потписот за Барнли https://sportski.mk/прва-изјава-на-чурлинов-по-потписот-за/
Министерството за надворешни работи го осуди „говорот на омраза“ во Скопје https://www.gol.mk/fudbal/ministerstvoto-za-nadvoreshni-raboti-go-osudi-govorot-na-omraza-vo-skopje
Бедна игра на Македонија. Без жар, желба, волја и борба за боите што ги носат. Доволно поразителен факт е дека Бугарија нема победено гостинска утакмица 4 ГОДИНИ. Срамно и жално. Треба комплетно менување на играчи и дефинитивно селектор. Благоја Милевски не ја заслужува оваа позиција, сфаќам дека треба да му се даде време и јас сум прва за тоа ама неговиот мајндсет не ни одговара. КАКО МОЖЕ АКО ГУБИМЕ ОД БУГАРИЈА ДА СМЕ НА ВИСТИНСКИ ПАТ?! Македонските навивачи како и секогаш докажавме дека сме најдобри. Гласните жици си ги оставив таму ама вредеше.
Овие пак каде се да испраќаат протестни ноти и осуди за сите провокации, негирања и навреди од Бугарија што ги добиваме, колку неспортски и да е баш заслужено беше исвиркувањето на химната. За нашиве навистина некако без мотив и елан беа, разочарувачки.
Гледам сега ги објавиле датумите на натпреварите со Украина и Англија. Со оглед на тоа што натпреварот со Украина го играме овде, дали ќе има билети во продажба знае некој? Отворив на ФФМ сајтот има само за натреварот со Англија (не ми врши работа ) Ако знае некој нека ме извести, thanks
За губење и јас знаев дека ќе изгубиме, ама некаде длабоко во душава се надевав дека ќе победиме, ќе направиме нешто како што направивме со Италија, со Германија... ама овој пат ништо, како на гости да се отидени, да го видат Манчестер само и да се вратат. Толку бев разочарана на макс. Толку лесни голови, па и на сето тоа и пенал... Немам коментар стварно, мислам дека редно време е Милевски да си даде оставка, оти синоќа гледавме се, само фудбал не.